Миреши
село во Голо Брдо, Албанија
Миреши (Миреш или Марише; албански: Mireshi) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци-муслимани.
Миреши Mireshi | |
---|---|
село | |
Координати: 41°29′15″N 20°29′37″E / 41.48750° СГШ; 20.49361° ИГД | |
Земја | Албанија |
Област | Дебар |
Општина | Булчица |
Општ. един. | Острени |
Надм. вис. | 500 м |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Рег. таб. | BZ |
Географија
уредиСелото се наоѓа во македонската област Голо Брдо, на 1 км источно од Трбач. Лежи на самата граница со Македонија. Крај селото тече реката Мирешница, по која оди државната граница, и во близина на селото истата се влева во Црн Дрим на неговиот излез од Дебарското Езеро.
Историја
уредиСпоред статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Миреши живееле 30 Македонци-муслимани.[1][2]
Според османистот Димитар Гаџанов, во 1916 г. Миреши/Марише имало 20 жители кои, според него, веќе почнале да се изјаснуваат како „Албанци“.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 262. ISBN 954430424X.
Надворешни врски
уредиОваа статија за место во Албанија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |