Забзун

село Голо Брдо, Албанија

Забзун (албански: Zabzun) — село во општината Либражд на Елбасанската област, источна Албанија.

Забзун
Zabzun
село
Забзун is located in Албанија
Забзун
Забзун
Координати: 41°20′16″N 20°24′28″E / 41.33778° СГШ; 20.40778° ИГД / 41.33778; 20.40778
Земја Албанија
ОбластЕлбасан
ОпштинаЛибражд
Општ. един.Стеблево
Надм. вис.&100000000000010320000001.032 м
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.LB

Географија

уреди

Селото се наоѓа во македонската област Голо Брдо. Лежи југозападно од Борово и на поголемо растојание на запад од Стеблево.

Историја

уреди

Албанизацијата на Забзун и Борово почнала порано. Жителите се албанизирани торбеши (Македонци-муслимани).

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Забзун (Zabzoun) е село со 60 домаќинства сочинети од 114 „Албанци-муслимани“.[1]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Забзун живееле 400 „Албанци-муслимани“.[2]

Во 1913 г. како последица од Балканските војни Забзун влегол во состав на новосоздадена Албанија.

Во извештај на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во август 1930 г. Забзун се води како село со 15 куќи на „Албанци“.[3]

Според податок на Миленко Филиповиќ издаден во 1940 г. селото броело 180-200 куќи, броејќи го и заселокот Ланга.[4]

Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Стеблево.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 178-179.
  2. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 262. ISBN 954430424X.
  3. Доверлив извештај бр. 54 на Сребрен Поп Петров
  4. Филиповић, Миленко (1940). Голо Брдо: белешке о насељима, о преклу становништва народном животу и обичају. Скопље. стр. 36.