Стеблево — село во општината Либражд на Елбасанската област, источна Албанија. Населено е со етнички Македонци и во селото се зборува македонскиот јазик.[1] Денес највеќето се со исламска вероисповед (Торбеши).

Стеблево
Steblevë
село
Стеблево is located in Албанија
Стеблево
Стеблево
Координати: 41°20′14″N 20°28′12″E / 41.33722° СГШ; 20.47000° ИГД / 41.33722; 20.47000
Земја Албанија
ОбластЕлбасан
ОпштинаЛибражд
Општ. един.Стеблево
Надм. вис.&100000000000011480000001.148 м
Население (2001)
 • Вкупно120
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.3412
Рег. таб.LB

Географија

уреди

Селото се наоѓа во областа Голо Брдо, на западната падина на планината Радуч. Селото се состои од три маала: Суска Маала, Леска и Дишовци. Од најблискиот поголем град (Дебар) селото е оддалечено околу 40 км југозападно. Селото се наоѓа и во непосредна близина со границата на Република Македонија.

Историја

уреди

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Стеблео (Stébléo) има 150 домаќинства со 150 жители Македонци-христијани и 200 жители Македонци-муслимани (Торбеши)[2].[3] Во 1897 г. англискиот конзул Џон Елајџа Блант напишал дека во Стеблево живееле 336 православни Македонци. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Стеблево имало 380 Македонци-христијани и 400 Македонци-муслимани.[2][4]

По податоци на Бугарската егзархија, на крајот од XIX век во Стеблево имало 40 православни куќи сочинети од 224 жители. На почетокот на XX век во селото се наметнала бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Стеблево имало 396 Македонци-христијани под егзархијата и во селото работело бугарско училиште.[5]

Во 1910 г. во селото пробала да се вгнезди и српската пропаганда. На селскиот свештеник Миленко Христов му е понудена годишна плата од 40 лири, а на кметот Секула му се понудени 20 лири, но и двајцата одбиле, иако попот Миленко бил српски воспитаник. Просрпски настроен бил единствено Стефан Попангело, чиј син бил српски воспитаник и учителствувал во горнореканското село Врбен.[6]

Според статистиката на весникот „Дебарски глас“ во 1911 г. во Стеблево имало 53 македонски куќи под Бугарската егзархија, 1 куќа под Цариградската патријаршија (српската црква) и 220 торбешки куќи.[2][7] Според Георги Трајчев во 1911/12 г. во Стеблево имало 40 македонски христијански куќи со 224 жители, и во него работеле црква и училиште.[2][8]

По Првата балканска војна селото влегло во состав на Албанија. Поради албанските немири од септември 1913 г. во Македонија пребегале 50 куќи, кои заедно со други бегалци од Албанија се сместени во селата Бомово, Коњари и Селокуќи.[9]

Во извештајот на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во август 1930 г. Стеблено се води како село со 100 куќи, од кои дел се православни Македонци, а дел се Македонци-муслимани.[10]

Како последица од постојаното иселување на христијаните во Бугарија и Македонија, на почетокот на 1990-те во Стеблево останале само 3-4 христијански куќи, а остатокот (100 куќи) биле муслимански, броејќи вкупно 500 жители. Со падот на режимот на Енвер Хоџа и демократизацијата на Албанија е уништено традиционалното занимање на селаните — одгледувањето на компири; селото како и целата област доживеале економски колапс и многу од жителите се преселиле во големите албански градови.

Владите на Македонија и Албанија се во преговори за отворање на граничен премин „Стеблево-Лакајца“, на што настојува Македонското друштво „Илинден“ од Тирана и неговиот огранок од Голо Брдо.[11]

Сè до 2015 г. селото било седиште на Општина Стаблево која се состоела од седум села.

Демографија

уреди

Родови

уреди

Стеблево денес е воглавно торбешко село со мошне мало православно малцинство, иако во минатото православното население било значително побројно.

Како најстари православни родови во ова село се спомнувале: Рајковци, Стевовци и Ѓерановци кои биле и основачи на селото, и се доселиле од денес влашкото село Магарево. Тие биле од македонско словенско потекло, а во Стеблево се населиле од средината на XVIII век, т.е во периодот кога се доселувале Власите во селото Магарево.[12][13] Друг православен род во селото бил Мациновци или Кољовци кои се доселиле од местото Мартанеш.

Муслимански родови биле: од родот Мациновци биле двајца браќа од кои едниот го примил исламот. Потоа во селото е родот Петровци со околу (60 к.) тие додека биле православни биле многу богати и ја терале стоката на разни места во Албанија. Тие си ја промениле верата, но си го задржале старото име. Грујовци тие биле доселени од Подгорица во Црна Гора, а имале православни роднини во селото Пискупштина во Дримкол.[12]

Знаменитости

уреди
  • Селска џамија

Личности

уреди
Родени во Стеблево

Иселеништво

уреди

Огромен број од православното население на ова село се има иселено. Населението е иселено воглавно во Македонија, но има иселеници и во некои места во Албанија и во Грција. После поделбата на Македонија во 1913 година еден дел од православното население се има поместено од другата страна на границата каде го основале селото Лакаица. Покрај во Лакаица голем број на население се има иселено во Скопје, каде го имаат основано маалото Дебар Маало, исто поголем број население се има иселено и во градот Солун околу (10 к.), а во помала мера иселеници има и во Дебар и Битола.[12] Во постаро време од ова село како домазетовци се иселувале и во одредени дримколски села.[14]

Од муслиманите има иселеници во Елбасан, а исто така и во дримколските села Бороец и Лабуништа.[15]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Видоески, Божидар. Дијалектите на македонскиот јазик I. Скопје: МАНУ. 1998.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 172 - 173.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 261. ISBN 954430424X.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.152-153.
  6. Дебърски глас, година 2, брой 29, 30 януари 1911, стр. 2-3.
  7. Дебърски глас, година 2, брой 38, 3 април 1911, стр. 2.
  8. Трайчев, Георги. Български селища в днешна Албания, во: Отецъ Паисий, 15-31 юли 1929 година, стр. 213.
  9. Извештај на Трпе Поповски и Павел Христов до Тодор Павлов од 28 јануари 1914 г.
  10. Доверлив извештај бр. 54 на Сребрен Поп Петров
  11. „Македонско друштво "Илинден"-Тирана и Македонско друштво "Илинден"-Огранок Голо Брдо барат од владата на Албанија и Македонија да се отворри граничниот премин Стеблево – Лакајца“. Македонско друштво „Илинден“ - Тирана. 29 јуни 2020.
  12. 12,0 12,1 12,2 Филиповиќ, Миленко. Голо Брдо.
  13. Трифуноски, Јован (1998). Битолско-прилепска котлина. Белград: САНУ.
  14. Филиповиќ, Миленко. Дебарски Дримкол.
  15. Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област. Белград: САНУ.

Надворешни врски

уреди