Габон (француски: Gabon), офиц. Габонска Република (République Gabonaise) — држава во Централна Африка. Државата се граничи со Екваторска Гвинеја на северозапад, со Камерун на север и со Република Конго на исток и југ. На запад Габон излегува на Гвинејскиот Залив, односно Атлантскиот Океан. Вкупната површина на Габон е 267.745 км2 со вкупно население од 1.475.000. Главен град на Габон е Либрвил.

Габонска Република
République Gabonaise
Знаме Грб
Гесло"Union, Travail, Justice"
(француски за "Единство, Работа, Правда")
ХимнаLa Concorde

Местоположба на Габон
Главен градЛибрвил
0°23′N 9°27′E / 0.383° СГШ; 9.450° ИГД / 0.383; 9.450
Најголем град главниот град
Службен јазик француски
Зборувани јазици: фанг, мјене
Демоним Габонец
Уредување Унитарна Претседателска Република Под Воена Диктатура
 •  Преоден Претседател Брис Олигуи Нгуема
 •  Премиер Рејмонд Ндонг Сима
Независност
 •  од Франција 17 август 1960 
 •  Воена Диктаура 30 Август 2023 
Површина
 •  Вкупна 267,745 км2 (76-та)
 •  Вода (%) 3.76%
Население
 •  проценка за 2023 г. 2,397,368[1] (146-та)
 •  Густина 7.9 жит/км2 (216-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2023 г.
 •  Вкупен $41.922 милијарди[2] (132-ра)
 •  По жител $19,165[2] (83-та)
БДП (номинален) проценка за 2023 г.
 •  Вкупно $19.319 милијарди[2] (117-та)
 •  По жител $8,831[2] (75-та)
Џиниев коеф. (2017)38.0
среден
ИЧР (2021)0.706[3]In
висок · 112-та
Валута Франк (XAF)
Часовен појас CAT (UTC+1)
 •  (ЛСВ) н/п (UTC+1)
Се вози на десно
НДД .ga
Повик. бр. 241

Уште од независноста на Габон од Франција на 17 август 1960 година, Габон бил владеен од три претседатели. На почетокот на 1990-те во Габон се вовел повеќепартискиот систем и со новиот устав се дозволиле подемократски услови и институции. Поради помалиот број на жители и богатството од природни ресурси, Габон е една од најпросперитетните држави во регионот. Странските инвестиции се доста присутни и Габон е со највиок индекс за човековиот развој во потсахарска Африка[4]

Потекло на поимот

уреди

Името на државата потекнува од времето на доаѓањето на европските морепловци. Односно, кога Португалците пристигнале на територијата на Габон тие ја именувале територијата како Gabão, што на португалски јазик значи „наметка“. Овој опис всушност се однесува за формата на коритото на реката Комо.

Историја

уреди

Најраното население кое живеело на територијата на денешен Габон се Пигмејците. Но, тие многу бргу биле потчинети од страна на племето Банту, во времето на нивните миграции. Така, неколку групи од племето Банту се населиле во Габон. Португалските трговци на бреговите од земјата пристигнале некаде околу 15 век. Брегот потоа станал центар за трговија со робови, главно наменети за потребите на Франција, Холандија и Англија. Во 1885 година Габон бил заземен од страна на Франција. Во 1910 година земјата станала дел од Француската Еквадорска Африка, која постоела до 1959 година. Својата независност земјата ја добила на 17 август 1960 година.

По добивањето на независност, во земјата биле формирани две политички партии: демократи и социјалисти. Во првите слободни избори, што се одржале под парламентарен систем, ниту една страна не била во состојба да освои мнозинство; водачите потоа се согласиле да формираат заедничка влада.

Географија и клима

уреди
 
Карта на Габон.

Габон се наоѓа на атлантскиот брег на Централна Африка. Поради близината со екваторот, Габон има екваторска клима со врнежи кои се застапени на 85% од територијата на државата. Во Габон има три географски региони, односно: крајбрежен регион, планински регион и саваната.

Најдолга река во Габон е Огове, со должина од 1.200 км. Во држата има голем број на пештери кои некои сè уште не се истражени во целост. Габон е позната по тоа што вложува напори за зачувување на природната еко средина. Во 2002, претседателот Омар Бонго Ондимба предложил карта со екорегиони во државата кои заземаат околу 11% од вкупната површина на земјата. Габон е богата со природни ресурси како петролеум, магнезиум, железо, злато, ураниум и шуми.

Габон на север граничи со Камерун, на северозапад со Екваторска Гвинеја и на југ и исток со Република Конго. На запад државата има излез на Гвинејскиот Залив. Вкупната површина на Габон е 267.745 и со вкупно население од 1.475.000 жители. Главен град е Либрвил.

Политички систем

уреди
 
Омар Бонго Ондимба

Политиките на Габон се во рамките на република, каде претседателот е шеф на државата, додека премиерот е шеф на владата. Извршната власт е во рацете на владата, додека законодавната власт е во рацете на владата и на дводомниот парламент. Од воведувањето на повеќепартискиот систем во државата доминантна политичка партија е конзервативната Габонска Демократка Партија.

Во март 1991 година во Габон бил усвоен нов устав кој се засновал на западноевропските устави и повеќепартиски избори биле одржувани од 1990 година. Претседателот Ел Хаџ Омар Бонго Ондимба бил на власт од 1967 до неговата смрт во 2009 година.

Административна поделба

уреди
 
Покраини на Габон

Габон, административно, е поделен на девет покраини, кои пак се поделени на 37 департмани. Покраините на Габон (со административните центри во заграда) се:

  1. Естуар (Либрвил)
  2. Горно Огове (Франсвил)
  3. Средно Огове (Ламбарене)
  4. Нгунје (Муила)
  5. Њанга (Чибанга)
  6. Огове-Ивиндо (Макоку)
  7. Огове-Лоло (Куламуту)
  8. Приморско Огове (Порт Жантил)
  9. Воле-Нтем (Ојем)

Стопанство

уреди
 
Либрвил, главен центар во државата.

Габон е попросперитетна држава одошто околните држави во регионот со поголем БНП по глава на жител од просекот на суп-сахарска Африка. Овој поголем развој е поради производството на петролеум во приморскиот регион. Според критиките, приходите не биле инвестирани во проширување на проиводството во различни сектори и така Габон зависи од природните ресурси. Исто така, Габон е извозник на магнезиум, железо и дрво. Ураниумските наоѓалишта биле затворени во 2001, но сепак денес има напори за повторно отворање на истите. Извозот на поголеми количини на железо се очекува да започне во 2012 година.

Поради девалвација на франкот, Габон бил принуден да плаќа долгови. Во таа ситуација Франција и Меѓународниот монетарен фонд му помогнале на Габон за излез од ситуацијата. Трговски партнери на Габон се САД, Кина и Русија, додека увозот е воглаво од Франција.

Население, јазик и религија

уреди
 
Демографски развој на Габон.

Населението на Габон брои околу 1.475.000 жители. Скоро сите Габонци се Банту-црнци, иако сметајќи ги етничките групи во Габон живеат најмалку 40 етникуми со различни јазици и култури. Најголема етничка заедница е Фанг, иако со скорешните пописи се согледува дека етничката група Банџаби е подоминантна. Други етнички групи кои живеат во Габон се Мјене, Бакота, Ешира, Бапуну и Оканде. Етничките граници помеѓу групите не се јасно диференцирани, за разлика од остатокот на Африка. Службен јазик во државата е францускиот јазик и може да се рече дека јазикот е сила која ги обедува етничките групи во државата. Се проценува дека околу 80% од населението на земјата зборуваат француски и 30% од населението на Либрвил францускиот го зборуваат како мајчин јазик. Државно гледано, 32% од населението зборува фанг јазик како мајчин јазик.[5] Повеќе од 10.000 Французи живеат во Габон кои се главни странски доминанти елементи во габонското оштество.

Поради историски причини, бројот на населението паднало во периодот од 1990 до 1940 година. Габон е држава со најмала густина на население во Африка и недостатокот на работна сила е главен проблем за нормален развој на државата. Голем дел од населенето се христијани, каде се проценува дека христијани се 55 до 77 % од населението. Процентот на писменост во Габон е 63.2%.

Верници во Габон[6]
Христијани
  
76,50 %
Муслимани
  
11,20 %
Без Религија
  
5,60 %
Народна Религија
  
6,00 %
Други
  
0,70 %

Култура

уреди
 
Габонска маска.

Габонската музика е послабо позната во светот поради присуството на поголемите околни држави. Сепак, Габон има богат фолклор и доста познати светски пејачи како Патиенс Дабани и Ани Флор Бачиелилис. Покрај нив, познати се и гитаристите Жорж Ојенѕе, Ла Роз Мбаду и Силвен Авара, но и пејачот Оливер Нгома. Американската и британската музика се доста популарни во Габон. Од фолклорот, познати се инструментите обала, нгомби, балафон и традиционалните тапани.

Сè до појавата на писменоста, Габон имал орална традиција. Покрај фолклорот, Габон има и развиоена и богата митологија. Познат белег на Габон се маските нголтанг.

Наводи

уреди
  1. Department of Economic and Social Affairs Population Division (2009). "World Population Prospects, Table A.1" (.PDF). 2008 revision. United Nations.  (консултирано на 2009-03-12)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Gabon“. International Monetary Fund. Посетено на 2009-10-01.
  3. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  4. „Human Development Indices: A statistical update 2008 - HDI rankings“. Human Development Reports. United Nations Development Programme. 2008. Посетено на 2009-01-25.[мртва врска]
  5. „Le Gabon“. Архивирано од изворникот на 2010-05-29. Посетено на 2010-03-04.
  6. Попис 2002, книга 10, 335 стр.

Додатни информации

уреди
  • Ghazvinian, John (2008). Untapped: The Scramble for Africa's Oil. Orlando: Harcourt. ISBN 0151011389.
  • Petringa, Maria (2006). Brazza, A Life for Africa. Bloomington, IN: AuthorHouse. ISBN 1425911986.
  • Rich, Jeremy (2007). A Workman Is Worthy of His Meat: Food and Colonialism in the Gabon Estuary. Lincoln: University of Nebraska Press. ISBN 0803207417.
  • Shaxson, Nicholas (2007). Poisoned Wells: The Dirty Politics of African Oil. New York: Palgrave Macmillan. ISBN 1403971943.
  • Warne, Sophie (2003). Bradt Travel Guide: Gabon and São Tomé and Príncipe. Guilford, CT: Chalfont St. Peter. ISBN 1841620734.
  • Yates, Douglas A. (1996). The Rentier State in Africa: Oil Rent Dependency and Neo-colonialism in the Republic of Gabon. Trenton, NJ: Africa World Press. ISBN 0865435200.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди
Влада
Туризам
Општо
Вести