Грбот на Габон е официјалниот грб на државата. Грбот бил создаден од швајцарскиот хералдичар Луи Милеман и е во официјална употреба уште од 15 јули 1963.

Грб на Габон.

Елементи

уреди

Грбот е составен од два пантера во црна боја кои го држат штитот. Пантерите ја симболизираат истрајноста и храброста на нацијата. Штитот е во златна боја, со зелена лента во горниот дел од штитот. На златната позадина има приказ на црн брод кој плови во сино море и тоа го симболизира прогресот на Габон кон подобра иднина. Жолтите дискови на зелената боја ги претставуваат природните богатства на државата. Штитот и пантерите се наоѓаат на дрво кое ја симболизира дрваната индустрија во земјата. Над штито има бела лента со натпис „Да одиме напред обединети“ (Let us go forward united), а под штитот има сина лента со натпис „Единство, работа, правда“ („Union, travail, justice“) на француски јазик.

Поврзано

уреди