Историја на Габон
Најраното население кое живеело на територијата на денешен Габон се Пигмејците. Но, тие многу бргу биле потчинети од страна на племето Банту, во времето на нивните миграции. Така, неколку групи од племето Банту се населиле во Габон. Португалските трговци на бреговите од земјата пристигнале некаде околу 15 век. Брегот потоа станал центар за трговија со робови, главно наменети за потребите на Франција, Холандија и Англија. Во 1885 година Габон бил заземен од страна на Франција. Во 1910 година земјата станала дел од Француската Екваторска Африка, која постоела до 1959 година. Својата независност земјата ја добила на 17 август 1960 година.
Дел од темата Габон |
Портал:Габон |
По добивањето на независност, во земјата биле формирани две политички партии: демократи и социјалисти. Во првите слободни избори, што се одржале под парламентарен систем, ниту една страна не била во состојба да освои мнозинство; водачите потоа се согласиле да формираат заедничка влада.
На 11 мај 2021 година, делегација на Комонвелтот отпатувала во Габон, додека Али Бонго го посетил Лондон за да се состане со генералниот секретар на организацијата, која обединува 54 земји од англиското говорно подрачје.