Бела Вода (Велешка)

река во Македонија

Бела Вода (или Белка) — река на планината Клепа, која е јужно од Велес. Истата поминува низ селото Војница и се влева во реката Бабуна. Зафаќа сливно подрачје од 72,17 км2. Припаѓа на сливното подрачје на реката Вардар и егејскиот морски слив. Протекува во правец југ-север.[1]

Наводи

уреди
  1. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 10. ISBN 978-9989-2117-6-8.