Димче Тошев ( 1914 Војница, Велешко1945 во Скопје) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ. [1]

Димче Тошев
Роден 1914 година
Војница, Велес, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал февруари, 1945 година
Скопје, Македонија
Болест добиена од тешките измачувања во бугарскиот затвор
Националност Македонец

Животопис

уреди

По Првата светска војна, во потрага за подобар живот се преселил во Велес. Во априлската војна 1941 година паднал во заробеништво. Откако бил ослободен се населил во Скопје. Веднаш по окупацијата на Македонија, станал симпатизер на Народноослободителното движење. Во март 1944 година стапил во Кумановскиот партизански одред. Како примерен и храбар борец, бил поставен за командир. Пред прочуената Мајска офанзива, заминал за Кожуф за да воспостави врска со тамошните партизански единици.[1]

Во околината на Велес бил откриен и фатен од бугарскиот фашистички окупатор. По ѕверското измачување бил осуден на смрт. Меѓутоа, казната не била извршена бидејќи со група политички затвореници, бил ослободен од партизаните. По ослободувањето на Скопје, бил назначен на одговорна должност во Скопското воено подрачје. Како последица на ѕверското мачење од бугарскиот фашистички окупатор во затворот и тешкиот живот за време на борбите како партизан, тешко оболел. Починал во февруари 1945 година.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 147. На |first= му недостасува |last= (help)