Црква „Св. Атанасиј“ - Војница (селска)
- Оваа статија се однесува за главната селска црква во Војница, за истоимената манастирска црква во селото видете ја оваа статија.
Свети Атанасиј — главна селска црква во селото Војница.[1][2]
Свети Атанасиј
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Велешко |
Парохија | Изворска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°36′18″N 21°45′00″E / 41.60500° СГШ; 21.75000° ИГД |
Место | Војница |
Општина | Чашка |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Атанасиј Александриски |
Изградба | XIX век |
Архитектонски опис |
Црквата се наоѓа во самото село, а околу нејзе се наоѓаат и селските гробишта. Таа е во крајно запуштена состојба и постои опасност да се урне.
Црквата претставува заштитено културно наследство на Македонија од 1953 година поради архитектурата на објектот и специфичната изработка на икони и фрески, кои се од непознат автор.[3]
Историја
уредиЦрквата е изградена на почетокот на XIX век.[3]
Денешна состојба
уредиЦрквата се распаѓа, а со неа и иконите, фреските и црковните книги. Иако црквата е заштитен споменик на културата, ништо не е преземено за нејзина заштита. Жителите со страв влегуваат во црквата, бидејќи објектот е руиниран и постои можност за рушење на покривот. Изготвениот проект за нејзина санација чинел 10.000 евра, но сепак не бил реализиран поради недостиг на средства. Покривот на црквата прокиснува точно над иконостасот, а таваните се напукнати. За да се зачуваат дел од иконите и црковните книги, се чуваат на сигурно и тајно место.[3]
Архитектура
уредиФрескоживопис
уредиНајстарата фреска во црквата потекнува од 1821 година, но црквата била изградена претходно, но нема пишан документ за тоа.[3]
Галерија
уреди-
Предниот дел на црквата
-
Фреска над влезот во црквата
-
Внатрешноста на црквата
-
Влезот во црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Изворска парохија“. Повардарска епархија. Посетено на 14 август 2018.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Печков, Петар (25 мај 2006). „Цркви оставени само на божја милост“. Ти реков ми рече. Посетено на 14 август 2018.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Атанасиј“ - Војница (селска) на Ризницата ?