Влашка азбука
Влашка азбука (влашки: Alfabetu armãnescu/rãmãnescu) — варијанта на латинското писмо што се користи за пишување на влашки јазик. Тековната верзија на азбуката била предложена во 1997 година на Симпозиумот за стандардизација на влашкиот систем на пишување во Битола, Република Македонија и ревидирана во 1999 година. Потоа била усвоена од повеќето влашки писатели во Македонија, Србија, Албанија, Бугарија и Романија.[1]
Азбука
уредиАзбуката се состои од повеќе букви и диграфи.[2] Влашката азбука е стандардизирана од 1997 година.
Буква | Име[3] | Изговор (МФА) | Забелешки |
---|---|---|---|
A, a | a | /a/ | – |
Ã, ã | ã | /ə/, /ɨ/ (понекогаш) | За /ɨ/, може да се користи „â“ |
B, b | bã | /b/ | – |
C, c | cã | /k/, /tʃ/, /x/ | /k/ пред „a“, „o“, „u“ или согласка; (/x/ во некои наречја), /tʃ/ пред „e“ или „i“ |
D, d | dã | /d/ | – |
Dh, dh | dhã | /ð/ | Се користи само за означување на одредени акценти каде што е присутна оваа фонема, инаку се користи „d“. |
Dz, dz | dzã | /dz/ | – |
E, e | e | /ɛ/ | – |
F, f | fã | /f/ | – |
G, g | gã | /ɡ/, /dʒ/, /ɣ/ | /ɡ/ пред „a“, „o“, „u“ или согласка (/ɣ/ in some dialects), /dʒ/ пред „e“ или „i“ |
H, h | hã | /h/ | – |
I, i | i | /i/ | – |
J, j | jã | /ʒ/ | |
K, k | ca | /c/ | само пред „e“ или „i“ |
L, l | lã | /l/ | – |
Lj, lj | ljã | /ʎ/ | Се наоѓа во македонската латинска азбука] |
M, m | mã | /m/ | – |
N, n | nã | /n/ | – |
Nj, nj | njã | /ɲ/ | Се наоѓа во македонската латинска азбука |
O, o | o | /o/ | – |
P, p | pã | /p/ | – |
Q, q | kiu | /k/ | Се користи само во странски зборови – вообичаено се користи „c“ |
R, r | rã | /r/ | – |
Rr, rr | rrã | ? | Се користи само за означување на одредени акценти каде што е присутна оваа фонема, инаку се користи „r“. |
S, s | sã | /s/ | – |
Sh, sh | shã | /ʃ/ | – |
T, t | tã | /t/ | – |
Th, th | thã | /θ/ | Се користи само за означување на одредени акценти каде што е присутна оваа фонема, инаку се користи „t“. |
Ts, ts | tsã | /ts/ | – |
U, u | u | /u/, /ʷ/ | За /ʷ/, може да се користи „ù“ |
V, v | vã | /v/ | – |
W, w | dublã vã | /w/ | Се користи само во странски зборови |
X, x | csã/gzã | /ks/, /ɡz/ | |
Y, y | i greacã | /j/, /ɣ/ | /j/ пред „e“ или „i“, инаку /ɣ/ |
Z, z | zã | /z/ | – |
Дополнително, се користи и диграфот „gh“ ( /ɟ / пред „e“ и „i“).
Историја
уредиПред усвојувањето на сегашниот систем на пишување, влашкиот јазик користел широк спектар на писма, вклучувајќи грчки и кирилица.
Со стандардизацијата на романскиот, јазик тесно поврзан со влашкиот, и со отворањето на романските училишта на јужниот дел на Балканот, за пишување на влашки се користела романската азбука.
Во 1980-тите и 1990-тите, бил обновен притисокот за создавање на стандарден систем за пишување. Влашкиот почнал да се учи во училиштата во Македонија, Албанија и Романија. Членовите на различни влашки друштва ширум светот одржувале конференции на неколку години, сите со главна цел да промовираат стандардна влашка азбука.
Покрај стандардизираната азбука, сè уште постојат и други варијанти. Оние кои се засновани на латинската азбука често ги користат буквите â, ă, î, ș, ț (како и романскиот) и исто така ḑ, ľ, ń. Во Грција, влашкиот обично се пишува со грчко писмо.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Cunia, Tiberius (2000–2001). „On the Standardization of the Aromanian System of Writing: The Bituli-Macedonia Symposium of August 1997“. Society Farsarotu. Архивирано од изворникот на February 21, 2008. Посетено на 2008-03-01.
- ↑ „Aromanian (Armâneaşti)“. Omniglot. Посетено на 2022-04-01.
- ↑ „Alfabetul a limbâljei armâneascâ“. Bana Armâneascâ. том 1 no. 55. 2014. стр. 3–5 – преку Issuu.