Ана Василиевна
(Пренасочено од Ана Московска)
Ана Василиевна или Ана Московска (1393 - август 1417) била московска кнегиња и византиска царица, прва сопруга на царот Јован VIII Палеолог.
Ана Василиевна | |
---|---|
Византиска царица | |
На престол | 1416–1417 |
Роден(а) | 1393 |
Починал(а) | 1417 |
Сопружник | Јован VIII Палеолог |
Династија | Палеолози |
Татко | Василиј I Московски |
Мајка | Софија Витовтовна |
Вероисповед | православие |
Ана била ќерка на големиот московски кнез Василиј I Московски и Софија Витовтовна. Во 1411 година Ана била омажена за Јован Палеолог, најголем син на царот Мануел II Палеолог. Во 1416 Јован бил прогласен за деспот, а малку потоа и за соцар на својот татко. Ана станала најмала царица, втора во хиерархијата по царицата Елена Драгаш, мајка на Јован VIII Палеолог.
Византискиот историчар Дука наведува дека Ана починала од чума во август 1417 година.
Ана Василиевна Роден(а): 1403 Починал(а): 1417
| ||
Претходник Елена Драгаш |
Византиска царица 1416–1417 со Елена Драгаш (1416–1417) |
Наследник Елена Драгаш |