Сабота е шестиот ден од седмицата, помеѓу петок и недела, и е неработен ден во Македонија, освен во исклучоци кои може да ги прави Владата на Република Македонија. Како неработен ден, сабота се поврзува со недела како викенд денови. Во некои религии и култури тој е седмиот, последниот ден во седмицата.

Сабота како тема во уметноста и во популарната култураУреди

  • „Сабота, 13 јули“ - кус расказ на македонскиот писател Драган Георгиевски од 2013 година.[1]
  • „Сабота в село“ (италијански: Il sabato del villaggio) - песна на италијанскиот поет Џакомо Леопарди од 1829 година.[2]
  • „Сабота“ — песна на македонскиот поет Живко Николовски.[3]
  • „Саботна ноќ“ (англиски: Saturday night) - песна на британската панк-рок група Адиктс (The Adicts).[4]
  • „Саботно сонце“ (англиски: Saturday Sun) - песна на британскиот поп-рок музичар Ник Дрејк (Nick Drake).[5]
  • „Саботна книга“ (англиски: Book Of Saturday) - песна на британската рок-група King Crimson од 1973 година.[6]
  • „10.15 саботна ноќ“ (англиски: 10.15 Saturday Night) - песна на британската рок-група Кјур (The Cure).[7]
  • „Саботната ноќ е мртва“ (англиски: Saturday Nite Is Dead) - песна на британскиот рок-пејач Греам Паркер (Graham Parker) од 1979 година.[8]

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Драган Георгиевски, Метаморфузија, Темплум, Скопје, 2013.
  2. Đ. Leopardi, Pesme i proza. Beograd: Rad, 1964, стр. 36-37.
  3. Живко Николовски, Низа ситно нанижана. Скопје: Детска радост, 1985, стр. 12.
  4. YouTube, the adicts saturday night subtitulado (пристапено на 29.12.2016)
  5. YouTube, Saturday Sun (пристапено на 25.3.2019)
  6. King Crimson – Larks' Tongues In Aspic (пристапено на 30.1.2023)
  7. YouTube, The Cure - 10.15 Saturday Night (пристапено на 26.9.2019)
  8. YouTube, Graham Parker & The Rumour - Squeezing Out Sparks (1979) (пристапено на 19.12.2017)