Среда
Среда е третиот или четвртиот ден во седмицата во зависност од културата и традицијата којашто го имплементирала во своето броење. Во Македонија тој е третиот ден во седмицата, помеѓу вторник и четврток. Среда во еврејската Библија се смета за денот кога се создадени Сонцето и Месечината.
Среда како тема во уметноста и во популарната култураУреди
Среда се јавува како честа тема во уметноста и во популарната култура, како:
- „Чиста среда“ - поема на Томас Стернс Елиот од 1930 година.[1] [2]