Бугарска народна банка

Бугарска народна банка или БНБ (бугарски: Българска народна банка) претставува централна, емисиона банка на Република Бугарија, одговорна за водење на монетарната политика и за регулација и супервизија на банкарскиот систем. Таа е создадена и функционира врз основа на Законот за Бугарската народна банка. Таа е од најстарите национални институции, создадена непосредно по создавањето на бугарската држава, на 25 јануари 1879 година, и многу брзо започнала да игра важна улога во економскиот преродба на земјата, претворајќи се во ’рбет на финансискиот систем.

Бугарска народна банка
Българска народна банка
Седиштето на БНБ во Софија
Седиштето на БНБ во Софија
СедиштеСофија
Основана25 јануари 1879
гувернерДимитар Радев
Централна банка наБугарија
Валуталев
BGN (ISO 4217)
Мрежно местоbnb.bg

Монетарна политика

уреди

Основна цел на Бугарската народна банка е да ја одржува ценовната стабилност преку осигурување на стабилноста на националната парична единица. Тоа значи дека БНБ води режим на стабилен девизен курс, односно применува стратегија на таргетирање на девизниот курс. БНБ е единствената емисионa институција во Бугарија и ја има клучната улога во водењето на бугарската економија. Бугарската народна банка ја регулира дејноста на другите банки за да ја одржи стабилноста на банкарскиот систем и да ги заштити депонентите. Од 1 јануари 2007 година (со приклучувањето на Бугарија кон Европската Унија), Бугарската народна банка учествува во Европскиот систем на централни банки.

Органи на управување

уреди

Највисокиот раководени орган на БНБ е нејзиниот Управен одбор, во состав: гувернер, тројца вице-гуверери, раководители на одделните департмани ("емисиона", "банка" и "фискални услуги", "банкарски надзор"), и уште тројца членови. Во Управниот одбор членуваат личности со високи професионални и морални квалитети. Гувернерот и тројцата вице-гивернери се избираат од Собранието, а другите тројца членови - од претседателот на Република Бугарија. Управниот одбор се состанува најмалку двапати месечно и дискутира и усвојува основни насоки за активностa на банката, ја одредува каматата, надоместоците и провизиите, кои се неопходни за работењето на банката, ги утврдува нормите на задолжителните минимални резерви кои банките треба да ги пласираат во БНБ, прифаќа решенија за издавање на банкноти и монети и за нивно повлекување од оптек, ги прифаќа извештаите на БНБ и нејзиниот годишен буџет итн.[1]

Валутен одбор

уреди

Во 1997 година во Бугарија бил воспоставен валутен одбор - режим на монетарната политика, кој обезбедува ценовна стабилност преку обезбедување законска и практична независност на централната банка. Паричните обврски на БНБ ги вклучуваат сите издадени банкноти и монети во оптек, како и сите сметки на банките и другите институции во народната банка, со исклучок на сметките на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Одлика на бугарскиот валутен одбор е дека тој обезбедува целосна покриеност на банкнотите, монетите и депозитите (депозит на владата и резервите на комерцијалните банки).

Основното правило на овој режим е ограничување на износот на емисијата на резервни пари до износот на девизни резерви со кои располага БНБ. Бугарската народна банка предвидува можност за финансирање на комерцијалните банки до износот на нето-девизните резерви, но само при ликвидносен ризик за целиот финансиски систем и на почитувањето на строгите барања за видот и квалитетот на испораката на колатерал. БНБ не може под каква и да било форма да дава кредити на државата освен на сметка на купување на специјални права на влечење од ММФ. Не е дозволено вклучување во резервите на хартии од вредност, издадени или гарантирани од државата. Тие можат да се користат само како залог при обезбедување на кредити во согласност со функцијата на кредитор во крајна инстанца.

Задачи и дејности

уреди

Бугарската народна банка ја одржува стабилноста на националната парична единица со помош на:

  • полно покритие на паричните задолжувања на банката со високоликвидни валутни активи,
  • неограничена размена помеѓу бугарскиот лев и резервната валута на територијата на Бугарија по фиксен девизен курс,
  • емисија на банкноти и монети.

Бугарската народна банка го регулира и го контролира банкарскиот систем со помош на:

  • строг и делотворен банкарски надзор,
  • функционирање како кредитор во крајна инстанца (предвидено со закон) ,
  • содејствување во нормалното функционирање и развој на Финансиските пазари.

Банката го осигурува функционирањето и развојот на ефективни платни системи. Таа ја исполнува улогата на фискален агент и депозитар на државата. Таа го има ексклузивното право да емитува монети и банкноти, кои законски служат како платежно средство. Банката се грижи и за зајакнувањето на банкарскиот и финансискиот систем преку учеството во комитетите и работните групи на Европската Централна Банка и Европската комисија. Бугарската народна банка ги анализира процесите во бугарската економија и прави макроекомски прогнози. Банката публикува периодични изданија, работни материјали, каталози и научни трудови во кои ги презентира резултатите од својата дејност во областа на банкарските работи и макроекономијата.

Банката ги извршува следниве дејности:

  • посветеност на интересите на општеството,
  • независност при формулирањето и спроведувањето на својата политика,
  • непристрасност при донесување решенија,
  • висока професионалност,
  • взаемно дејство и обем на информации со структурните сектори на банката,
  • хармонизација на законската уредба со задачите и дејностите во рамките на Европскиот систем на централни банки.[2]

Меѓународни финансиски институции

уреди

Бугарската народна банка придава големо значење на соработката со меѓународните финансиски институции, благодарение на што во изминатите години земјата постигна трајна макроекономска стабилизација. По приемот на Бугарија во Европската унија, карактерот на соработката со овие институции се промени и од традиционалното поддршка на структурните реформи и развојот на конкурентен приватен сектор во земјата, преку различни механизми на финансирање и програми за давање техничка помош се насочи кон целосно учество во нивното управување и донесување на одлуки за проблемите на меѓународниот финансиски систем. Во согласност со Законот за Бугарската народна банка, Народната банка делува како фискален агент и депозитар на државата во меѓународните финансиски институции.[3]

Учеството во Европската централна банка

уреди

Европскиот систем на централните банки е организација, основана со договорот за создавање на Европската Унија и уредена со Уставот на ЕСЦБ. Тој ги вклучува Европската централна банка и централните банки на сите држави-членки на Европската Унија. Од присоединувањето на Бугарија кон ЕУ, во јануари 2007 година, Бугарската народна банка е членка во Европскиот систем на централните банки, а гувернерот на Бугарската народна банка е член на генералниот совет на ЕЦБ. Банкарски експерти учествуваат во работата на комитетите и работните групи на ЕЦБ. Со членството во овој систем, се усложнуваат задачите кои стојат пред банката, и на тој начин се засилува нејзината улога во однос на осигурувањето на стабилна и предвилива економска политика. Делот на Бугарската народна банка во капиталот на ЕЦБ изнесува 50,833 мил. евра, а внесениот капитал - 3,561 мил. евра. БНБ е во следниве структури и органи на Европската унија[4] :

  • Европски совет за системски ризик (ЕССР) и Советодавниот технички комитет кон него - гувернерот на Народната банка учествува во состаноците на генералниот совет на ЕССР со право на глас;
  • Совет на ЕУ за економски и финансиски прашања (ЕКОФИН) - гувернерот на Народната банка учествува во неформалните седници на ЕКОФИН;
  • Економски и финансиски комитет (ИФК) и неговите потструктури -
  • ИФК заменици,
  • ИФК Поткомитетот за прашањата на ММФ,
  • ИФК Поткомитетот за евро-монетите,
  • ИФК Поткомитетот за европски пазари на државни обврзници и записи;
  • Комитет за финансиски услуги (КФУ);
  • Европски банкарски комитет (НДА);
  • Европски банкарски орган (ЕБО) и неговите потструктури;
  • Европски комитет за финансиски конгломерати;
  • Комитет за спречување на перењето пари и финансирањето на тероризмот;
  • Работни групи до Канцеларијата за борба против измами (ОЛАФ): Експертската група за фалсификување на еврото и Експертската група за невистински евро-монети;
  • Комитет за плаќањата;
  • Работна група за финансиски услуги;
  • Комитет за монетарна и финансиска статистика и статистика на платниот биланс;
  • Група на директори одговорни за односи со јавноста;
  • Група на шефовите за безбедност.

Музејската збирка на БНБ

уреди

Идејата да се создаде музејска збирка на Народната банка се појавила на крајот на 20-тите години на XX век. За првпат, иако делумно, таа идеја се остварила во 1969 година, кога за кратко време била претставена изложбата на банкноти и монети. По 1991 година започнале подготовките на постојана изложба, која се претставувала на пошироката јавност како нешто највредно од музејскиот фонд. Музејот на БНБ е официјално отворен на 25 јануари 1999 година во врска со прославата на 120-годишнината од основањето на банката. Постојаната изложба била структурирана во неколку секции. На површина од околу 300 квадратни метри, таа го негувала богатството на античките и средновековните монети, откриени на територијата на Бугарија од V век п.н.е. до денес; повеќегодишната работа на Министерството за финансии и на Народната банка во врска со издавањето на монети за потребите на паричниот промет во земјата; историјата на емисијата на банкноти, изведена од БНБ по 1885 година итн. Поставката содржи околу илјада антички монети и монетовидни споменици кои ги илустрираат интензивните ковачки циркулации на Балканскиот Полуостров во различни историски епохи. Посетителите имаат можност да го следат развојот на ковањето пари во антиката - времето на грчката колонизација на Црноморското крајбрежје и на активните трговски односи меѓу колонистите и локалните тракиски племиња. Значително место (над 1300 експонати) е посветено на издавањето пари во турбулентните векови на балканскиот век - гламурот на Византиското Царство и подемот на Втората бугарска држава.

За време на Првата бугарска држава, бугарските владетели не ковале сопствени пари. За потребите на размената се употребувале главно византиски монети, а по Битката кај Марко во 792 година Византија била принудена да плаќа данок на Бугарија во вид на златни и сребрени монети. Најраните бугарски монети, најверојатно потекнуваат од времето на цар Петар (1186-1197 година), но неоспорен прв примерок на бугарската кованица е од царувањето на Иван Асен II (1218-1241 година). Акцентот во изложбата паѓа врз паричните знаци на Кнежевството Бугарија (1879-1908 година), Царството Бугарија (1908-1946 година), Народна Република Бугарија (1846-1990 година) и Република Бугарија (по 1990 година ). Изложени се бугарските платежни средства, уметнички и работни проекти, како и примероци на банкноти и монети. Централната улога на Бугарската народна банка во специфичното производство на националните валути, во управувањето со паричниот промет, како и во уништувањето на искористени пари во оптек, прејудицирала единственост на оваа колекција, која можела да биде видена само во музејот на банката.[5]

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди