Економија на Бугарија
Бугарија е поранешна земја во транзиција и сегашна членка на Европската Унија.
Економска историја
уредиСо пропаѓањето на комунистичкиот режим, пропаднал целиот економски систем на земјата.[1] Во почетокот на 1990-те години, услужните дејности имале удел од 25 %, исто колку и земјоделството, а индустријата учествувала во вкупното стопанство со 60%. Триесет години подоцна, услужните дејности зафаќале околу 60% од вкупната економија, 10% отпаѓало на земјоделство, а околу 30% на индустријата.[2] Индустрискиот раст е 7% (2005).[3] При приватизацијата и преструктуирањето на претпријатијата имало големи отпуштања на работниците, а како резултат на тоа се зголемила невработеноста, која во одредени периоди достигнала и до 19%.
Основни економски показатели
уредиЕкономскиот пораст за 2007 година изнесувал 6,2%.[4] Бруто-домашниот производ во 2007 изнесувал 28,9 билиони евра,[5] односно БДП по глава на жител изнесувал 3 753,5 евро.[5] Странските инвестиции во 2007 достигнале 5,5 милијарди евра.[6] Според Евростат, минималната плата во Бугарија изнесува 135 евра, што е најмалку во ЕУ.[7]
Општи информации
уреди- Национална валута - Бугарски лев (BGN)
- БДП (Паритет на куповна способност) - 93,78 милијарди $ (2008)
- БДП (Девизен курс) - 49,43 милијарди $ (2008)
- БДП (ИЧР/По глава на жител) - 12 900 $ (2008)
- БДП пораст - 6% (2008)
- БДП по сектори (2008)
- -Земјоделство 4,6%
- -Индустрија 28,7%
- -Услуги 66,7%
- Раст на индустриско производство - 3,9% (2008)
- Невработеност - 6,3% (2008)
- Сиромаштија - 5% (2008)
- Инфлација - 2,3% (2007)
- Инвестиции (% од БДП) - 38,3% (2008)
- Буџет (2008) фискална година = календарска година
Биланс на меѓународните плаќања
уреди1994 | 1995 | 1996 | 1997 | 1998 | 1999 | 2000 | 2001 | 2002 | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 | |
Извоз на стоки | 40,5% | 40,8% | 49,4% | 47,7% | 32,9% | 30,9% | 38,3% | 37,6% | 34,4% | 35,5% | 40,9% | 44,1% | 47,6% | 46,8% |
Увоз на стоки | -40,7% | -39,9% | -47,5% | -44% | -35,9% | -39,3% | -47,6% | -49,2% | -45% | -48,4% | -56% | -64,2% | -69,6% | -72% |
Трговско салдо | -0,2% | 0,9% | 1,9% | 3,7% | -3% | -8,4% | -9,3% | -11,6% | -10,7% | -12,9% | -15,2% | -20,1% | -22% | -25,3% |
Услуги, нето | 0,1% | 1,2% | 1,2% | 1,6% | 2,9% | 2,4% | 4% | 1,9% | 2,9% | 2,6% | 3,4% | 3,1% | 3,7% | 3,9% |
Доход, нето | -2% | -3,3% | -4% | -3,4% | -2,2% | -1,4% | -2,6% | 0,2% | 2,2% | 1,7% | 1,2% | 1,2% | -2,1% | -1,6% |
Тековни трансфери, нето | 1,7% | 1% | 1,1% | 2,3% | 1,8% | 2,3% | 2,3% | 3,7% | 3,5% | 3,5% | 4,6% | 4,6% | 2,7% | 1,2% |
Тековна сметка, нето | -0,3% | -0,2% | 0,2% | 4,1% | -0,5% | -5% | -5,6% | -5,9% | -2% | -5,1% | -6% | -11,3% | -17,8% | -21,8% |
Грешки и пропусти | 0,7% | 1,1% | -1,1% | 2,5% | -2,3% | 0,2% | 0,3% | 3,8% | -4,6% | -4,5% | -1,9% | 1,1% | -3,4% | -5,2% |
Надворешна трговија
уредиДо 1989 година, Бугарија најмногу тргувала со поранешниот Советски Сојуз (80%) и со другите членки на Источниот блок, а многу малку со Европската унија (2%). Денес, 50% од трговијата се одвива со Европската унија, 2,5% со САД, а останатиот дел со другите земји.
Сообраќај
уредиПоради својата географска положба, Бугарија е крстопат од речни (по Дунав), морски (Црно Море) и копнени патишта, со што има големи можности во развојот на меѓународниот товарен и патнички сообраќај, како и во другите услужни дејности.
Инфраструктура
уредиТуризам
уредиНајголемите позитивни движења Бугарија ги бележи во развојот на туристичкото стопанство, кое станува една од најзначајните стопански гранки и двигател на целокупниот стопански развој на земјата. Бугарија има можности за развој на сите видови туризам, но најразвиени се морскиот (летен) и зимскиот туризам.
Наводи
уреди- ↑ „НСИ“. Архивирано од изворникот на 2007-10-07. Посетено на 2021-04-09.
- ↑ „НСИ“. Архивирано од изворникот на 2008-04-21. Посетено на 2021-04-09.
- ↑ „Facts about Bulgaria“. Архивирано од изворникот на 2005-07-07. Посетено на 2021-04-09.
- ↑ „"Ръстът на БВП опроверга страховете", News.dir.bg, 17 март 2008 (бугарски)“. Архивирано од изворникот на 2011-08-24. Посетено на 2021-04-09.
- ↑ 5,0 5,1 „"Ръстът на БВП през 2007 година е 6.2 на сто спрямо 2006 година", BgNewsroom - 17 март 2008 (бугарски)“. Архивирано од изворникот на 2011-08-24. Посетено на 2021-04-09.
- ↑ „Дневник“, "България заема водачко място по инвестиции", 16 октомври 2007 (бугарски).[мртва врска]
- ↑ Минималните плати во ЕУ различни за секоја земја
- ↑ Aleksandar Stojkov, Current Account Deficits and Economic Growth: Evidence from the South Eastern European Economies. Iustinianus Primus Faculty of Law, Skopje, 2009, стр. 259.