Девизни резерви
Девизни резерви (англиски: Foreign exchange reserves, Official reserves) ја сочинуваат странската актива која се наоѓа под контрола на монетарната власт и се наоѓа на располагање за финансирање на нерамнотежата во платниот биланс, како и за интервенција за девизниот пазар (влијание на девизниот курс) и за останати потреби.
Девизните резерви на државата во поширока смисла се состојат од девизни резерви на централната банка и девизните резерви на банките. Тие, меѓу останатото, служат за обезбедување на меѓународна ликвидност на земјата, остварување на задачите на монетарната политика и за полесен пристап на меѓународниот пазар на капитал.
Во периодот 2000-2014 година, светските девизни резерви пораснале од околу 2.000 милијарди на речиси 12.000 милијарди долари. Во 2015 година, најголеми девизни резерви имала Кина (3.300 милијарди долари).[1]
Девизни резерви на централната банка
уредиДевизните резерви на централната банка можат да ги сочинуваат:
- девизите на централната банка на сметки во странство
- делотворните странски пари
- странските кусорочни хартии од вредност
- социјалните права на влечење и резервна позиција кај Меѓународниот монетарен фонд
- златото и другите благородни метали.
Девизни резерви на банките
уредиДевизните резерви на банките ги сочинуваат: делотворните странски пари во трезорите на банките, странски хартии од вредност и девизи на сметките кои банките ги поседуваат во странски кореспондентни банки.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Горан Петревски, „Колку повеќе, толку подобро“, Економија и бизнис, година 18, број 219, септември 2016, стр. 22-24.
Оваа статија од областа на економијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |