Црква „Св. Троица“ - Брушани

црква во Брушани, Кавадаречко

Св. Троицаправославна црква во кавадаречкото село Брушани, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Кавадаречкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА.

Света Троица
македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Кавадаречко
Парохија Маренска
Местоположба

Карта

Координати 41°24′0″N 21°57′13″E / 41.40000° СГШ; 21.95361° ИГД / 41.40000; 21.95361
Место Брушани
Општина Кавадарци
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свето Тројство
Завршено 1878
Живопис 1879
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабен
Стил преродбенички

Црквата е изградена во 1878 г. и живописана следната година според натписот на јужниот ѕид од внатрешната страна на храмот. Зографите не се наведени. Во архитектонски поглед, ова е трикорабна црква со многу големи димензии. Внатре на јужниот ѕид е композицијата „Второ пришествие Христово“ („Страшниот суд“). Во храмот има резбан крст, дело на добар копаничар. На железното клепало има натпис „1880 се приложи од вко за душа Мице мајсторја калва Лазо Хованче“.[1]

Селото Брушани (стариот дел) било поплавено со создавањето на Тиквешкото Езеро во 1964–68 г., а со него и црквата. Од неа останале само дел од ѕидовите, крстот и камбанаријата.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Маренска парохија“. Повардарска епархија. 3 јуни 2008. Посетено на 26 ноември 2021.
  2. „Нашите потопени цркви“. Религија.мк. 12 октомври 2018. Посетено на 26 ноември 2021.