Градиште (Брушани)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Градиште


Местоположба 41°24′03″N 21°57′18″E / 41.40083° СГШ; 21.95500° ИГД / 41.40083; 21.95500
Основни податоци
Место Брушани
Општина Кавадарци
Тип

 населба


Период римско време
Портал „Археологија“

Градиште — утврдена населба од римското време во атарот на селото Брушани, Македонија. Се наоѓа на 1,5 километри североисточно од селото, на извонредна местоположба. По целата површина на наоѓалиштето се среќаваат фрагменти од керамички садови, тегули и имбрекси, а има и доста градежен материјал. Исто така, се гледаат и темели од одбранбен бедем кој има полукружни зајакнувања на аглите. Во горниот дел на просторот се гледаат и темелите на внатрешниот бедем. Што се однесува до големината на градиштето, тоа зафаќа простор од околу 2,5 хектара.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 144. ISBN 9989-649-28-6.