Општина Богданци
Општина Богданци — општина во југоисточна Македонија. Центар на општината е градот Богданци. Според пописот од 2002 година, општината имала население од 8.707 жители.
Општина Богданци | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
Држава | Македонија | ||
Регион | Североисточен | ||
Година кога е основана | 1913 (во рамки на Кралство Србија), 1996 | ||
Седиште | Богданци | ||
Населени места | |||
Управа | |||
• Градоначалник | Блаже Шапов | ||
Површина | |||
• Вкупна | 114,54 км2 (44,22 ми2) | ||
Население (2021)[1] | |||
• Вкупно | 7.339 | ||
• Густина | 64/км2 (170/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
Повикувачки број | +034 | ||
Регистарски таблички | GE | ||
Мреж. место | bogdanci.gov.mk |
Географија
уредиТериторијата на општина Богданци зафаќа простор на крајниот јужен дел на Република Македонија, и тоа од левата страна на реката Вардар. Морфолошки општината во основа е рамничарска, со мошне добар бонитет на земјиштето, така што се вбројува во најдобрите аграрни простори, особено за производство на рано градинарство. Таа се граничи со општините Стар Дојран, Валандово и Гевгелија, а на поширок простор и со државната гранична линија со Грција.
Територијата на општината зафаќа простор од 114 км2 и според површината се вбројува во помалите општини во Македонија, но со оглед на тоа дека е добро населена – просечната густина на населеноста изнесува 78 жители на еден км2 – таа има најголема просечна густина на населеност од сите општини во јужниот дел од земјата.
Во составот на општината се вбројуваат само четири населени места, од кои Богданци е централно место и седиште на општината. Другите населби се: Стојаково, Селемли и Ѓавато. Во однос на орографските услови сите населби се рамничарски, и тоа на мала надморска височина, помала од 100 метри.
Вкупната аграрна површина во општината зафаќа 10.652 ха. Од неа на обработливо земјиште се паѓаат 4.110 ха или 38,6%. Во општината има поволни услови за полјоделство, а особено за раноградинарство.
Историја
уредиОпштина Богданци во сегашните граници е формирана со новата територијалната поделба од 1996 година. Пред оваа поделба општина Богданци од 1965 година и припаѓала на општина Гевгелија. Инаку општина Богданци пред присоединувањето кон општина Гевгелија постоела како општина од 1955 година. Во тогашната општина освен Богданци, како седиште на општината влегувале и населените места: Стојаково, Богородица, Ѓавато, Селемли, Нов и Стар Дојран, Фурка, Црничани, Николиќ, Ѓопчели, Куртамзали, Органџали, Дуритли и Џумбоз.[2]
Денес општина Богданци се состои од четири населени места: Богданци, Стојаково, Селемли и Ѓавато. На нејзината територија се наоѓале и некогашните села Болован, Паљурци и Побрегово.
Демографија
уредиВрз основа на резултатите добиени од пописот во 2021 година, во општината живееле 7.339 жители, 2.611 домаќинства и 3.048 станови.[3]
Етничка припадност
уреди- Вкупно резидентно население во Општина Богданци според изјаснувањето за етничката припадност
2002 | 2021 | |||
НАРОД | број | % | број | % |
ВКУПНО | 8.707 | 100 | 7.339 | 100 |
Македонци | 8.093 | 92.95 | 6.665 | 90.08 |
Срби | 525 | 6.03 | 275 | 3.72 |
останати | 89 | 1.02 | 104 | 1.41 |
лица без податоци† | / | / | 295 | 3.99 |
Вероисповед
уреди- Вкупно резидентно население во Општина Богданци според изјаснувањето за религиската припадност
Вероисповед | Вкупно |
православни | 5.477 |
муслимани | 52 |
католици | 152 |
христијани | 1.321 |
протестанти | 6 |
евангелисти | 2 |
евангелисти-методисти | 0 |
Јеховини сведоци | 2 |
останати | 5 |
евангелиски протестантски христијани | 16 |
агностици | 10 |
будисти | 1 |
лица без податоци† | 295 |
Вкупно | 7.339 |
Мајчин јазик
уреди- Вкупно резидентно население во Општина Богданци според мајчиниот јазик
Јазик | Вкупно |
македонски | 6.767 |
албански | 1 |
турски | 45 |
ромски | 5 |
влашки | 1 |
српски | 211 |
бошњачки | 2 |
останати | 11 |
знаковен јазик | 0 |
непознато | 1 |
лица без податоци† | 295 |
Вкупно | 7.339 |
† Овие лица учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање (бојкотирање) не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик. Кампањата за бојкот на пописот во 2021 година била најмногу водена кај Македонците, поради што најмногу лица за кои нема податоци се токму етничките Македонци.
Населени места
уредиВКУПНО | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Други | Лица за кои податоците се преземени од административни извори | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Општина Богданци | 7.339 | 6.665 | 1 | 38 | 12 | 4 | 275 | 1 | 48 | 295 |
Богданци | 5.244 | 4.909 | 1 | 29 | 12 | 3 | 58 | 1 | 36 | 195 |
Ѓавато | 389 | 350 | - | 8 | - | - | 14 | - | 8 | 9 |
Селемли | 255 | 43 | - | - | - | - | 191 | - | 1 | 20 |
Стојаково | 1.451 | 1.363 | - | 1 | - | 1 | 12 | - | 3 | 71 |
Стопанство
уредиОпштествени установи
уреди- Училишта
- Верски објекти
- Црква „Св. Атанасие“ - православна црква
- Црква „Св. Кирил и Методиј“ - католичка црква
- Црква Успение на Пресвета Богородица - Ѓавато
Самоуправа и политика
уредиГрадоначалник на општина Богданци е Блаже Шапов од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2021 година за мандат од четири години.[4] Советот на општина Богданци е составен од 11 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:
Во рамките на општината, односно нејзината администрација, делуваат следниве одделенија[5]:
- Одделение за управување со човекови ресурси,
- Одделение за финанскиски прашања,
- Одделение за локален економски развој,
- Одделение за општи и правни прашања,
- Одделение за урбанизам, комунални дејности, заштита на животната средина и јавни дејности,
- Одделение за внатрешна ревизија, и
- Одделение за инспекциски работи.
Културни и природни знаменитости
уредиРедовни настани
уредиЛичности
уредиИстакнати личности по потекло од Општина Богданци се:
- Атанас Вангелов (р. 1946) - македонски писател
- Ѓорѓи Колозов (1948 - 2003) - македонски глумец
- Дељо Калчев (1877 - 1917) - македонски револуционер
- Кирил Петрушев (1885 - 1980) - македонски и југословенски политичар, член на АСНОМ, министер на НРМ
- Ратко Јанев - научник со светски углед во областа на атомската физика, член на МАНУ, професор, предавач и консултант на повеќе светски познати универзитети и институти
- Коста Бојаџиевски (1930 - 2006) - еден од основоположниците на издавачката дејност во Македонија.
- Стефан Мандалов (1875 - 1903), македонски револуционер, војвода на ВМОРО;
- Стојан Мандалов (1897 - 1933), македонски револуционер, војвода на ВМРО;
- Димитар Ќорнаков (р. 1927) - историчар на уметноста;[6]
Култура и спорт
уреди- Фолкор
- З.КУД “Бранд Петрушев„ - Богданци.
- Спорт
- ФК Вардарски (Богданци), во сезона 1992/93 настапува во 1 МФЛ (Прва македонска фудбалска лига), но завршува како последнопласиран тим и испаѓа од лигата. Во Вардарски својата кариера ја има почнато, младинскиот репрезентативец на Македонија, Цветан Чурлинов.
- РК Младост (Богданци),до 2007 член на најјаката ракометна лига на Македонија (супер лига) и тим кој секогаш беше при врвот на мак ракомет и трета екипа во Македонија, тим кој беше препознатлив по ангажманот на играчи од Русија, Белорусија и др. Повеќепати има настапувано во Европските ракометни купови каде има забележано и доста значителни успеси 1/4 финале во ЕХФ КУП.
РК Младост Богданци сега е член на Првата машка лига (втора по ранг) Во РК Младост својта кариера ја има почнато Мите Стоилов кој долги години градеше интернационална карира надвор од Македонија а исто така 15 години беше е сениорски репрезентативец на Македонија.
- ЖРК Млаз (Богданци), порано има настапувано во женската ракометна супер лига каде исто така беше при самиот врв, моментално клубот е во мирување. Има настапувано и во Европските ракометни купови.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
- ↑ „Општина Богданци: Историја“. Архивирано од изворникот на 2013-09-02. Посетено на 2013-09-04.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеДЗС
. - ↑ „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017.
- ↑ „Општина Богданци: Администрација“. Архивирано од изворникот на 2013-08-30. Посетено на 2013-09-04.
- ↑ „II Р Е Г Л Е Д НА ПЕЧАТЕНИ КНИГИ, СТРУЧНО-НАУЧНИ ТРУДОВИ, СЦЕНАРИЈА И РЕПОРТАЖИ ОД ПРОФ. Д-Р ДИМИТАР ЌОРНАКОВ, ИСТОРИЧАР НА УМЕТНОСТА од 1956 до 2009 год“ (PDF). Каламус. Посетено на 2012-05-13.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Општина Богданци“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место Архивирано на 2 септември 2013 г.
- Општина Богданци во „АБВ - деловен именик“ Архивирано на 6 март 2016 г.
- Информации за Општина Богданци
- Општина Богданци на Google Maps.