Побрегово
поранешно село во Општина Богданци
Побрегово — историско село во Гевгелиско, денес во атарот на с. Стојаково, Општина Богданци.
Побрегово | |
Координати 41°09′50″N 22°35′16″E / 41.16389° СГШ; 22.58778° ИГД | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Богданци |
Население | нема жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 88 м |
Побрегово на општинската карта Атарот на Побрегово во рамките на општината | |
Побрегово на Ризницата |
Географија
уредиСелото се наоѓало во областа Трнова (во Бојмија), на неколку километри североисточно од градот Богданци во правец на Стојаково. Низ месноста тече повремениот водотек Побрешка Река.
Историја
уредиВо XIX век Побрегово било турско село во Гевгелиската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Побрегово имало 215 жители Турци.[2]
Според Димитар Гаџанов во 1916 г. во селото живееле 80 Турци и 14 Македонци.[3][4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.[5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди„Побрегово“ на Ризницата ? |
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 151.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 246.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.