Црква „Св. Атанасиј“ - Богданци
Свети Атанасиј — главна црква во Богданци и седиште на Богданската парохија.[1] Црквата е сместена во центарот на градот.
Свети Атанасиј
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Гевгелиско |
Парохија | Богданска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°12′14.4″N 22°34′34.9″E / 41.204000° СГШ; 22.576361° ИГД |
Место | Богданци |
Општина | Богданци |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Атанасиј Александриски |
Изградба | XIX век |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна |
Историја
уредиПрвичната црква била изградена во првата половина на XIX век, која низ историјата била неколкупати обновувана, главно, со парични прилози на месното христијанско православно население.[2]
Пожар
уредиЦрквата била оштетена во пожар, кој ја зафатил утрото на 26 декември 2014 година. Во пожарот била зафатена внатрешноста на самата црква и кровот, додека иконите биле споасени благодарение на свештениците и месното население. При гаснењето на пожарот учествувале противпожарни возила од Гевгелија, месното население, но и ученици од гимназијата во непосредна близина на храмот.[3]
На 20 јануари 2015 година бил осветен камен-темелник на новата црква, која се гради на местото на опожарената. Новата црква се гради по проект на архитектот Благој Здравев од Штип, којшто веќе подготвениот проект го донирал на епархијата за побрза изградба на новата црква, а градежните дејства ги извршува претпријатието ГЕ-ГЕ Професионал од Богданци. Црквата се гради со средства од Повардарската епархија, како и со доброволни прилози на верниците.[4]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата е трикорабна, а нејзините сводови се покриени со рамни дрвени тавани, при што средишниот кораб ги надвишува страничните. Покривната конструкција е изградена на две води. Внатрешноста на црквата е делумно живописана, што е најзабележително во горните делови од средишниот кораб, чии фрески потекнуваат од XIX век. Иконостасот е со стари царски двери, изработени во резба со мотиви од растителен и животински свет, како и стари икони кои потекнуваат од XIX век. Во 1983/84 година била изградена нова камбанарија со градски часовник во нејзиниот горен дел, а во 1986/87 била изградена и крштилница, осветена со благослов на тогашниот поглавар на МПЦ г.г. Гаврил.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 „Цркви во Богданци“. Повардарска епархија.
- ↑ „Изгоре црквата „Св. Атанасиј Велики" во Богданци“. Нова Македонија. Скопје. 26 декември 2014. Посетено на 26 декември 2014.
- ↑ Освет на камен-темелник на нова црква
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Атанасиј“ - Богданци на Ризницата ?