Бланкенбург (Харц)

(Пренасочено од Бланкенбург на Харц)

Бланкенбург (Харц) (германски: Blankenburg (Harz)) — град и здравствен центар во округот Харц, во Саксонија-Анхалт, Германија, во северното подножје на планините Харц, 12 километри југозападно од Халберштат.

Бланкенбург (Харц)
Бланкенбург гледан од Ајхенберг, западно од градот
Бланкенбург гледан од Ајхенберг, западно од градот
Бланкенбург гледан од Ајхенберг, западно од градот
Грб на Бланкенбург (Харц)
Бланкенбург (Харц) во рамките на Германија
Бланкенбург (Харц)
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Харц
Градски единици 6
Градоначалник Ханс-Михаел Нол (ДХС)
Основни податоци
Површина 149 км2
Надм. височина 288 м
Население 19.161 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 129 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HZ
Пошт. бр. 38889
Повик. бр. 03944
Портал www.blankenburg.de
Местоположба на град Бланкенбург (Харц) во рамките на округот Харц
Карта
Карта
Координати 51°47′43″N 10°57′44″E / 51.79528° СГШ; 10.96222° ИГД / 51.79528; 10.96222

Во голем дел е повторно изграден по пожарот во 1836, и поседува дворец, со различни збирки, музеј на антиквитети, старата градска куќа и црквите. Постојат бањи во борови шуми и болница за нервни болести. Градинарството е специјалност. Во близина е карпа или срт на карпа нарекуван Teufelsmauer (Ѕид на ѓаволот), од каде се може да се види рамнината, како и длабоките клисури на Харц.

Географија

уреди

Градот Бланкенбург (Харц) се наоѓа во северното подножје на планините Харц на надморска височина од 234 метри. Се наоѓа, западно од Кведлинбург, јужно од Халберштат и источно од Вернигероде. Потокот познат како Голдбах тече низ округот Езиг северозападно од градскиот центар.

Општинска поделба

уреди

Општината ги вклучува следниве села:

Исто така, постојат и неколку неофицијални имиња за околии во градот:

  • Герен
  • Хелзунген
  • Михаелштајн
  • Езиг
  • Регенштајн
  • Зоненбрајте

Соседни градови

уреди

Во стрелките на часовникот од север:

Историја

уреди
 
Бланкенбург со неговиот замок во позадина
 
Бланкенбург, поглед од карпите Гросфатерфелзен на север

Првите траги на населби потекнуваат од палеолитот, но првото документирано спомнување на Бланкенбург е во 1123. Саксонскиот војвода, Лотар од Суплинбург го испратил Попо, внукот на бискупот, Рајнхард од Бланкенбург, како гроф на замокот, кој застанал на голите камења на местото на денешниот замок. Имрето на градот доаѓа од овој замок.

Грофот Попо I од Бланкенбург многу веројатно потекнува од франкиската благородно семејство Регинбодонен. Неговите наследници биле исто така сместени во блискиот Замок Регенштајн. Ова било феуд на Бискупијата Халберштат како Грофовија Бланкенбург, исто така нарекувано Hartingau. Во 1180/82 Фридрих I Барбароса) го уништил Бланкенбург, поради тоа што ветил „единствена верност“ на велфскиот, Хенрик Лав. Во 1386, Бланкенбург доживеал повторно тешко уништување.

По смртта на последниот гроф Регенштајн, Џон Ернест, грофовијата во 1599 како договорен феудален имот (erledigtes Lehen) се вратило назад на војводството Брауншвајг-Линебург. Во текот на Триесетгодишната војна, Бланкенбург бил под голем притисок на Валенштајн и бил окупиран во 1625. Деветте ѓулиња вградени во ѕидините на градското собрание спомнуваат за овие тешки времиња.

 
Замок Бланкенбург
 
Бланкенбург околу 1900

Војводите од Брауншвајг-Линебург го претвориле местото во втора резиденција во XVII век и уживале во празниците под војводата Лудвиг Рудолф (1690–1731), вториот син на Антони Улрих од Волфенбител. Рудолф го дал Бланкенбург во 1707, како paragium. Истовремено, Грофовијата Бланкенбург го добило статусот на царско кнежевство (Reichsfürstentum), кое се управувало независно до 1731, но тогаш, бидејќи Лудвиг Рудолф станал војвода, било обединето кон Брауншвајг, каде и останало. Сегашниот Мал замок со неговите скалести градини и барокната градина потекнуваат од тој период. Од 1807 до 1813, Бланкенбург припаднал кон Кралство Вестфалија.

Во Седумгодишната војна, апсолутната неутралност на градот ја искостил како безбедно прибежиште судот од Брауншвајг. Луј XVIII, исто така, останал во Бланкенбург под името Гроф од Лил од 24 август 1796 до 10 февруари 1798, по неговото бегство од Дилинген.

Во почетните денови на нацистичката ера, оние кои се противеа на нацистичкиот режим беа прогонувани и убивани. Во познатата кампања од брауншвајгскиот СС командант, Јекелн, во септември 1933, 140 комунисти и социјалдемократи биле нападните заедно во кафеаната, Zur Erholung. Таму и на Blankenburger Hof тие биле тешко тепани, некои умреле како последица на тоа. Во текот на Втората светска војна, подкампот на концентрациониот логор Бухенвалд Бланкенбург-Есиг бил основан од д-р Даш („Harzer Werke“) и кратко потоа, подкамп на концентрациониот логор Мителбау-Дора. Тука, околу 500 затвореници морале да вршат принудна работа во манастирската фабрика и Ода. Покрај тоа, имало и работен логор воден од Гестапо за „половина-Евреите“, кои биле принудена на тешка работа. Друг камп бил окупиран во февруари 1945 од затворениците на подкампот на Аушвиц Фирстенгрубе.

Како дел од поделбата на Германија во окупациони зони во 1945, округот Бланкенбург бил всушност доделен на британската зона според Потсдамската конференција и Лондонскиот протокол. Но, бидејќи поголемиот источен дел на округот бил поврзан со остатокот на британската зона само со пат и железница, границата била приспособена и Бланкенбург бил припоен кон Советска зона. Така, најголемиот дел од округот завршил во Источна Германија и станал дел од покраината Саксонија-Анхалт. Главниот дел од поранешната Слободна држава Брауншвајг бил кон британската зона и станал дел од Долна Саксонија.

Тунелите на објектот Регенштајн-Бланкенбург биле користени од 1974 од страна на Националната народна армија (NVA) во ГДР како најголемо депо на муниција. Во 1992, Сојузната војска „Bundeswehr“ го презема 8 километри долгиот тунел и ја основала, „најголемата подземна аптека во светот“: како за рутински мисии на војската, така и за катастрофи низ целиот свет и во случај на сериозни воени „операции“.[2]

Еврејскиот живот во Бланкенбург

уреди

На крајот на XII век, игуманијата на Кведлинбург ветила имот за Евреите од Бланкенбург. Ова истовремено било ветени и за Бланкенбург и за Кведлинбург.[3] Дали имало синагога во Бланкенбург во средниот век, не е јасно.

Во денешно време, повеќе не постои синагога во Бланкенбург. Во саботите, неколку еврејски семејства се сретнуваат во близина на Chrons zum Sabbat, вклучувајќи го и семејството на стопанственикот Александар Мајер, Мориц Вестфелд и Конрад Хесе, како и Ана Ев и Лидија Ринарсевски. Во пресрет на Kristallnacht на 9 ноември 1938, Евреите биле депортирани од Бланкенбург во различни кампови. На пописот од 17 мај 1939, сè уште имало дванаесет еврејски граѓани, вклучувајќи и пет мажи.

Политика

уреди
 
Градско собрание

На 25 мај 2009, титулата Ort der Vielfalt („Место на различноста“) му беше доделена на градот од сојузната влада.

Градски совет

уреди

Со локалните избори на 11 април 2010, градскиот совет е составен од следниве:

  • ДХС: 10 места
  • Левица: 5 места
  • Изборна група Про Бланкенбург: 3 места
  • СДП: 3 места
  • СлДП: 2 места
  • Изборна група за економија за заштита на животната средина Деренбург ВУЛ: 2 места
  • Изборна група Тименроде ВГТ: 2 места
  • Граѓанска акција Винроде БАВ: 2 места
  • Интересна група Про Хајмбург ИГПХ: 1 место
  • Заедно за децата и младите / ИГ Култура Деренбург: 1 место
  • Доброволна противпожарна бригада Деренбург: 1 место
  • Слободна изборна заедница Харц: 1 место
  • Независниот Франк Шаде: 1 место
  • Изборна заедница Катенштет: 1 место
  • Сојуз '90/Зелени: 1 место

Економија и инфраструктура

уреди

Најважните стопански гранки за Бланкенбург (Харц) се туризмот и објектите за спа, како и здравствената индустрија. Исто така, постојат и неколку мали и средни бизниси. Најголемиот индустриски објект во градот е Harzer Werke Motorentechnik со околу 60 вработени, којшто потекнува од мала леарница, основана во 1870.

Сообраќај

уреди
 
Малиот замок и градината
 
Барокната градина во Малиот замок

Железничка станица Бланкенбург (Харц) — терминална и има добар сообраќајни врски. Постојат поврзувања до до Елбингероде (Железница Рибеланд) (единствено со добри возови) и до Халберштат. Харц-Елба Express ја управува линијата до Халберштат од 15 декември 2005. Во XX век, постоела линија до Тале и Кведлинбург.

Бланкенбург (Харц) се наоѓа веднаш до Б 6н, новоизграден одвоен автопат, а е поврзан со двете раскрсници: Бланкенбург Исток и Бланкенбург Центар. Исто така, Б 27 сојузниот регионален пат поминува југозападно и Б 81 од север кон југ низ Бланкенбург (Харц).

Образовни институции

уреди
  • Основни училишта: Основно училиште Ам Регенштајн, Училиште Мартин Лутер
  • Средни училишта: Училиште Август Бебел, Училиште Хајнрих Хајне
  • Граматичко училиште: Гимназија Ам Ти
  • Јамаха музичко училиште, Шикер

Слободни и спортски објекти

уреди
  • Спортски форум
  • Отворен базен „Am Thie“

Култура и места на интерес

уреди
 
Барокната градина со замокот Бланкенбург во позадина
  • Над градот, јужно на ридот Бланкенштајн (334 м) — Замокот Бланкенбург.
  • Малиот замок (Kleine Schloss) со неговата барокна градина припаѓа на мрежата на Градини на соништата Саксонија-Анхалт.
  • Градската куќа произлегува од ренесансниот период (внатрешноста била постара, но подоцна е изменета).
  • На градската куќа е средновековната парохиска црква Свети Вартоломеј. Во кулата и олтарот на црквата постојат доцноромански делови, од околу 1200 година. Статуите добродетелите во олтарот на црквата, веројатно околу 1300, припаѓаат на другите наследници на добродетелните статуи во Наумбург.
  • Градот Бланкенбург (Харц) има сликовити вили од крајот на XX век.
  • Исто така, можете да ги видите историските градини (барокни градини, паркот во замокот, животински парк, фазан-градина).
  • На крајот на градот се наоѓа поранешниот замок Регенштајн.
  • Тојфелсмауер (Ѕидот на ѓаволот) — бизарна формација на варовнички карпи и геолошки споменик на природата.
  • Цигенкопф
  • Остатоци од замокот Луизенбург.
  • Песочните пештери (Sandhöhlen) во Херс.

Театар

уреди
 
Малиот замок во барокната градина

Во Големиот замок е театарот, кој е повторно обновен.

Музеи

уреди
  • Градскиот музеј на Бланкенбург (Харц) во Малиот замок, поранешниот војводски Lustschloss
  • Уникатно во Германија е хостел-музејот. Содржи голема збирка на предмети, како и библиотеки на ракотворби.
  • Тука е и Опатија Михаелштајн со нејзината тревна градина и инструменталниот музеј.

Згради

уреди

Историски споменици

уреди
  • Меморијален гроб за затворениците од концентрациониот логор и присилната работна сила од различни националности на гробиштата Alten Friedhof на Lühner-Tor-Platz
  • Споменик камен во знак на сеќавање на затворениците од концентрациониот логор во близина на денешното училиште Дистервег во округот Езиг
  • Спомен-плоча во Мауерштрасе 14 во спомен на казната на 63 антифашистите во септември 1933

Постојани настани

уреди
  • Викиншки фестивал (Велигден)
  • Земјен и фестивал за камиони
  • Турнир во ножеви (во јули)
  • Опатиски фестивал
  • Историски викенд (железницата и плоштадите; барокната градина во замокот и парковите)
  • Концерти во Опатијата Михаелштајн (цела година)
  • Божиќен пазар Штернтал

Познати личности

уреди

Меѓународни односи

уреди

Наводи

уреди
  1. „Население по општини на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2023. (германски)
  2. Свен Фос во Емисија на МДР Ехт (Echt), 9 март 2010
  3. Vgl. Еберхард Брехт, Манфред Кумер: Евреи во Кведлинбург. Халберштат 1996, стр. 7.