Освалд Шпенглер
Освалд Шпенглер (29 мај 1880 - 8 мај 1936) бил германски историчар и филозоф, а имал посебен интерес и кон математиката, науката и уметноста.
Животопис
уредиТворештво
уредиШпенглер бил критичар на либералната парламентарна демократија. Тој е најпознат по своето дело „Залезот на Западот“ (Der Untergang des Abendlandes)[1], објавено во 1918 и 1922 година, во кое што тој предложил нова теорија според која животниот век на цивилизациите е ограничен и на крајот тие се распаѓаат.[2] Во 1920 година, Шпенглер го објавил делото Прусизам и социјализам (Preußentum und Sozialismus), каде што ја разгледува националистичката верзија на социјализмот и авторитаризмот. Шпенглер го предвидел неминовното пропаѓање на европската култура, која ќе биде заменета со нова ера на цезаризам, аналогно на замената на грчката култура со римската. Притоа, новата ера ја опишал како „варварска, дисциплинирана, практична, протестантска, пруска“.[3] Според Шпенглер, „стариот пруски дух и социјалистичкото убедување, кои денес меѓусебно се мразат со братска омраза, претставуваат едно исто“,[4] а германските либерали се „невидливата англиска војска која по Битката кај Јена ја оставил Наполеон на германската почва“.[5] Според него, западните нации стремат кон три форми на постоење: слобода, еднаквост, заедништво кои во политичка форма се јавуваат како либерален парламентаризам, социјалдемократија и авторитарен социјализам.[6] Од друга страна, германскиот, или поточно, прускиот инстинкт е изразен во ставот дека власта ѝ припаѓа на целината при што секој си има свое место: или командува или се потчинува.[7] Според него, иако во Германија има многу контрасти, сепак „либерализмот е презрен на германската почва“.[8] За разлика од структурата на англиското општество, кое почива на поделбата на богатите и сиромашните, пруското општество те темели врз командата и послушноста. Тоа значи дека значењето на класните разлики фундаментално се разликува меѓу двете земји.[9] Според Шпенглер, во Прусија постоела „вистинска држава во најамбициозната смисла на зборот... без приватни лица. Секој кој живеел во системот што работел со прецизност на часовник, на некој начин бил запченик во него. Водењето на јавните работи не можело да биде во рацете на приватните лица, како во парламентаризмот.[10]
Шпенглер творел во периодот меѓу двете светски војни и ја поддржувал германската хегемонија во Европа. Некои нацисти, како што е Гебелс, истакнувале дека Шпенглер е нивниот ителектуален претходник, меѓутоа по доаѓањето на Адолф Хитлер на власт, Шпенглер бил прогонуван поради неговото одбивање да ги подржи нацистичките идеи за расна супериорност и поради неговото критичко дело Време за одлука.[11] И Фридрих фон Хајек го сметал Шпенглер за непосреден претходник на националсоцијализмот.[3]
Наводи
уреди- ↑ Освалд Шпенглер, Залезот на Западот, том први, Кродо - Скопје, 2007.
- ↑ Крајот на историјата и последниот човек
- ↑ 3,0 3,1 F. A. Hayek, The Road to Serfdom: Text and Documents (The Definitive Edition). Chicago: The University of Chicago Press, 2007, стр. 189.
- ↑ Oswald Spengler, Preußentum und Sozialismus. Munich: Beck, 1920, стр. 4.
- ↑ Oswald Spengler, Preußentum und Sozialismus. Munich: Beck, 1920, стр. 7.
- ↑ Oswald Spengler, Preußentum und Sozialismus. Munich: Beck, 1920, стр. 14.
- ↑ Oswald Spengler, Preußentum und Sozialismus. Munich: Beck, 1920, стр. 15.
- ↑ Oswald Spengler, Preußentum und Sozialismus. Munich: Beck, 1920, стр. 34.
- ↑ Oswald Spengler, Preußentum und Sozialismus. Munich: Beck, 1920, стр. 43-44.
- ↑ Oswald Spengler, Preußentum und Sozialismus. Munich: Beck, 1920, стр. 60.
- ↑ Jahre der Entscheidung, 1933 - The Hour of Decision (tr. by C.F. Atkinson) at the Internet Archive