Армин ван Бурен

(Пренасочено од Армин Ван Бурен)

Армин ван Бурен (англиски: Armin van Buuren, роден во Лајден, Холандија на 25 декември 1976 година) — xоландски транс продуцент и диџеј. Во 2007, 2008, 2009 и 2010 година тој беше прогласен за број еден диџеј во едно Диџеј списание , на списокот на топ 100 најпопуларни диџеи на годината. Ова го прави прв диџеј кој досега добил 4 последователни титули.[1] Од 2001 година Армин ван Бурен емитува неделна радио емисија наречена A State of Trance и тврди дека има повеќе од 30 милиони слушатели неделно во повеќе од 40 земји, што ја прави најслушана радио емисија во светот. Неговиот студиски албум во 2008, Имеџн (Imagine), влезе во Холандската топ листа на прво место, и Армин беше прогласен за најдобар уметник во Денс музичката историја на Холандија.[2]

Армин ван Бурен
Армин ван Бурен во Њујорк, 2007
Животописни податоци
Родено имеАрмин ван Бурен
Роден(а)25 декември 1976(1976-12-25)(48 г.)
Лајден, Јужна Холандија, Холандија
Жанровитранс, прогресив транс
ЗанимањаПродуцент, Диџеј
ИнструментиСинтисајзер, минијатурни електронски тапани, еквилајзер
ИздавачиArmada Music (2003–present)
Мреж. местоarminvanbuuren.com

Армин ван Бурен отсекогаш имал свое студио и работел сам на почетокот на неговата кариера. Од излегувањето на својот трет студиски албум Имеџн (Imagine) од 2008 година тој работи со Бено Де Гоеиј од Ранк 1, на сите соло изданија и ремикси. Тој е добро познат по неговиот "Годишен Микс" кој вклучува спотови и спој од најпопуларните годишни транс траки. Секој негов годишен микс се состои од околу 85 одделни изданија, изменети во двочасовен микс издаден на двојно ЦД , како и емитуван на својата неделна радио емисија на крајот од секоја година. Според Армин ван Бурен, за секој годишен микс треба време од неколку месеци, вклучувајќи илјадници дигитални аудио уредувања и стотици аудио приклучоци.

Личен живот

уреди

Армин ван Бурен е роден во Лајден, Холандија на 25 декември 1976 година. Тој завршил средно училиште во 1995 година, и заминал за колеџ за да студира право. Додека студирал право, кај него се појавил интерес за правење музика, и тој почнал да работи како диџеј во еден локален клуб наречен Нексус. Како што неговата музичка кариера почнала да се развива, тој решил да го стави правниот факултет во мирување, иако подоцна го завршил.

На 18 септември 2009 година Армин се оженил со Ерика ван Тиел во Васенар, Холандија. Тие се сретнале за време на одмор на Крит и биле заедно 9 години пред да склучат брак.[3][4]

На 12 јануари 2011 година, Армин ја најави бременоста на неговата сопруга Ерика на Твитер. Тој се надева дека поради бебето, ова лето ќе биде остварена "неговата најдобра продукција досега".

Кариера

уреди

1995–1999: Рана кариера и успех

уреди

Од 1995 година, Армин ван Бурен има издадено голем број успешни траки за разни музички продукции. Неговиот прв голем успех беше Блу Фиар (Blue Fear) кој го оствари во Сајбер Рекордс (Cyber Records) на возраст од 19 години. "Комуникејшн" (Communication) беше издаден за истата музичка продукција, и имаше огромно влијание на Ибица, Шпанија, во текот на летото 1999 година. Откако потпиша соработка со АМ ПМ Рекордс, оваа трака влезе во британската топ список на 18-то место во 2000 година.

 
Армин ван Бурен во Lizard Lounge, Далас, Тексас, 9 Август 2008 година

Армин ван Бурен ја започна својата кариера како диџеј во клубот Нексус во Лајден, каде што научи да пушта сетови, долги по шест-седум часа (од сет).[5] За време на училишните празници тој пуштал музика повеќе од четири пати неделно. Во 1999 година, тој го запознал Дејв Луис кој го претставил како диџеј во Англија и САД.[5] Неговата кариера се забрзала, влегувјќи во Диџеј списанието Топ-100 во ноември 2001 година под број 27.[5] Тој има настапувано како диџеј во повеќе од 25 различни земји и често можел да се најде на главната сцена на големите летни фестивали. Армин ван Бурен пуштал рекордни дванаесет и пол часа сет за едно диско во Хаг, Холандија.[6][7] Во Обединетото Кралство, тој редовно одржувал концерт во клубовите Пешн (Passion) (како резидент диџеј во 2002), Гадскичн (Godskitchen), Гејткрашер (Gatecrasher), Слинки (Slinky), Министри оф Саунд (Ministry of Sound), Пич (Peach) и Голден (Golden).

Во почетокот на 1999 година, Армин ван Бурен основал негова музичка издавачка куќа Арминд заедно со Јунајтед Рекордингс. Првото официјално издавање на Gig – One беше добро примено од стрна на јавноста. Второто издавање на "Touch Me", под името Rising Star беше потпишано за Министри оф Саунд(Ministry of Sound) во Велика Британија, пред да биде издадена траката.

За време на неговото трето издавање на, Gimmick – "Free" потпишано за Р&С Рекордс, Армин ван Бурен многу брзо успеал да ја направи популарна својата музичка издавачка куќа. Според презимето Gaia тој го издаде "4 Elements" на Captivating Sounds, за под-музичката продукција Ворнер Брадрс. Здружувањето со Тиесто, доведе до два нови проекти: Major League – "Wonder Where You Are?" кој беше издаден за Блек Хол Рекордингс(Black Hole Recordings) и Alibi – "Eternity" издаден за Арминд. "Eternity" доби клупски и успех на топ листите и беше потпишан за музичката издавачка куќа на Пол ван Дајк, Вандит Рекордс(Vandit Records). Следеше уште една голема соработка. Заедно со Фери Корстен, Армин ван Бурен сними класичен риф насловен "Exhale" за албумот System F. Издаден како сингл, оваа трака стигна до златен статус за помалку од еден месец.

2000–2004: A State of Trance и 76

уреди

Во 2010 година Мехди Масрали прогласен за " Уметник на годината " од страна на Армин ван Бурен, започна сопствена серија на издадени компилации. Тој успеал да најде рамнотежа меѓу прогресив, техно и транс музичките стилови. Неговиот прв албум (компилација), A State of Trance (да не се меша со неговата неделна радио емисија A State of Trance), се продаде со повеќе од 10.000 примероци и содржи познат ремикс од Армин ван Бурен на Moogwai, "Viola". Неговиот втор албум, Basic Instinct содржи нова песна : "Perpetuous Dreamer" – "The Sound of Goodbye". Оваа трака влегла на холандските топ листи во јуни 2001 година под број 26. Подоцна истата година, и хит трака број 1 на топ списокот на Хот денс музика/Клуб плеј. Третиот албум, In Motion бил издаден на 6 август 2001 година. Овој албум содржеше вистински транс звук и беше многу популарен во САД. Четвртиот албум, Transparence, следел во 2002 година. Во 2003, тој работел со уметници како Диџеј Сет Алан Фаннин во текот на глобалната турнеја на денс револуцијата во Европа, продавајќи ги неговите албуми на околу 20.000 луѓе во Холандија.

Во март 2001 година, Армин ван Бурен започнал со емитување на своја радио емисија на радиото ID&T. Во ова неделно двочасовно шоу, со наслов A State of Trance, тој ги пуштал најновите популарни транс музички траки. Неговата емисија и уметниците од кои пушта траки ги популаризира тоа што ги објавува нив и нивните песни на неговата мрежно место Архивирано на 13 септември 2008 г.. Оваа радио-емисија/мрежно место комбинација се покажала популарна на меѓународно ниво. Кога радиото ИДи&Т го измени жанрот во 2004 година, Армин ван Бурен заминал од таму, но продолжил да ја емитува емиијта A State of Trance. Емисијата потоа се емитувала на Фреш ФМ(Fresh FM), холандска радио станица. Сега е неделна одлика на Слем ФМ (SLAM!FM), Ди.ФМ (DI.FM) онлајн радио станица, на ХМ Сателитски радио канал и Канал 80 во САД и Канада. Целосниот список на станици кои ја емитуваат емисијата A State of Trance може да се најдат на ASOT(A State of Trance) секцијата на мрежното место на Армин. Исто така во 2004 година, Армин ван Бурен направил ремикси во транс хитови на познати песни од 24тв серии. Во јуни 2005 година, 200-та епизода беше прославена во Амстердам, а потоа и емитувана на радио. Емитувњето од 250-тата (8 часовна) епизода беше прославена во клуб Аста во Хаг, Холандија, во која настапуваа Армин ван Бурен, Џонас Стеур, М.А.Ј.К., Џон Аскев, Ранк 1 и Мено де Јонг.

Во 2002, тој престојувал во Glow во Вашингтон ,[5] и настапувал во Сан Франциско, Хјустон, Бостон, Шарлот, Чикаго, Атланта, Остин, Денвер, Њујорк, Лос Анџелес, Сент Луис, Минеаполис и Сиетл. Тој, исто така, редовно се појавувал во Амнезија на островот Ибица, Балеарски Острови, Шпанија. Во октомври истата година, Армин ван Бурен беше изгласан број 5 во Диџеј списание, за топ 100 диџеи на годината. Следната година, тој скокна на 3 место, и се задржа на тоа место наредните 3 години. Неговата напорна работа го стави на 2 место, веднаш под Пол ван Дајк, а во анкета во 2006 и 2007, Армин достигна број 1, и ја предводеше Диџеј Maг Топ 100 од 2007 година. Тој беше изгласан за број 1 диџеј во 2008, 2009 и повторно во 2010 година.

Во јуни 2003 година Армин ван Бурен го издаде својот деби албум, 76, именуван по неговата година на раѓање (1976).

2005-претствување на албумите: Шиверс (Shivers), Имеџн (Imagine) и Мираж (Mirage)

уреди

На 8 август 2005 година, Армин ван Бурен го издаде својот втор студиски албум, Шиверс(Shivers).На албумот Армин ван Бурен работеше со уметници како што се пакистанско-американската пејачка Надја Али, англискиот пејач Џастин Суиса и американското транс дуо Габриел и Дрезден.

На 11 ноември 2006 година, тој имаше една изведба во живо наречена 'Armin only' во Ахој, Ротердам, по вторпат (после 12 ноември 2005) со 9-часасовен соло сет, каде што имаше повеќе од 11.000 обожаватели.

На 17 април 2008 Армин ван Бурен го издаде својот трет студиски албум, Имеџн (Imagine). Тој се одликува со соработка со пејачи како што се Шарон ден Адел и Жаклин Говаерт. Албумот дебитираше co број еден на топ листите во Холандија.

На 19 Април 2008 излезе 3-тото издание на 'Armin Only', во Утрехт, Холандија. На настанот присуствуваа 16.000 обожаватели и беше (делумно) пренесуван во живо на холандската национална телевизија. Во текот на втората половина на 2008 година, Армин ван Бурен го презентираше ова шоу во странство, со посети на Австралија, Романија, Полска, Белгија, како и на специјална новогодишна ноќ 2008 година во Together As One во Лос Анџелес, САД.

На 29 септември 2008 година, Армин ја освои наградата за "Најдобар транс Диџеј" на Ибица, заедно со другите номинирани, како Тиесто, Фери Корстен и Пол ван Дајк.

На 12 јануари 2008 година, Армин ван Бурен ја доби поп наградата “Buma Cultuur”, најпрестижната музичка награда во Холандија.

Тој има соработувано со неговиот брат, гитаристот Елер ван Бурен, во локации како Together As One во Лос Анџелес, САД, на новогодишната ноќ 2009 година, како и за албумот од 2008 година Имеџн(Imagine).

На 3 март 2010 година Армин ван Бурен беше награден со престижната награда Златна харфа,за неговата музичка работа и придонес за холандската музика, од страна на музичкото здружение BUMA/STEMRA во галата Buma Harpen во Хилверсум, Холандија во 2010 година.[8][9]

На 23 јуни 2010 година беше најавено дека четвртиот студиски албум на Армин ван Бурен, Мираж(Mirage) треба да биде објавен на 10 септември.[10] Првиот сингл "Full Focus", бил издаден преку и-Тунесполноќ, на 24 јуни.[11] Песната го достигнала шеcтото место во Холандија. Една од песните во албумот е и соработката со англиската пејачка Софи Елис-Бекстор наречен "Not Giving Up On Love", која ќе биде издадена како сингл од претстојниот албум на Бекстор наречен , Straight to the Heart.[12][13] Армин, исто така, напиша песна за англискиот пејач Сиал, , но поради издвањето на неговиот албум со најголемите, хитови, таа сорботка не се исполни, изјави Армин за еден холандско мрежно место NU.nl.[14]

На 12 септември 2010 година, Армин ван Бурен ја започна "A State of Sundays", нова неделна 24-часовна емисија на радиото Сириус ФМ (Sirius XM) .[15]

На 20 октомври 2010 година, Армин ван Бурен ја доби наградата за најпопуларен интернационален диџеј презентиран од страна на The Golden Gnomes..[16]

На 27 Октомври 2010 година, Армин ван Бурен беше најавен,4 година по ред, како број 1 диџеј, а со тоа ја продолжува титулата за 'Најпопуларен диџеј во светот'.[17]

Дискографија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Top 100 DJs – Results & History“. DJmag.com. Посетено на 23 June 2010.
  2. „Armin van Buuren – Imagine“. dutchcharts.nl. Посетено на 25 March 2010.
  3. „RTL Boulevard – Armin van Buuren getrouwd“ (холандски). Rtl.nl. Посетено на 23 June 2010.
  4. „Radio 538 | Headlines | Armin van Buuren gaat trouwen | Radio 538 = 102 FM“. Radio538.nl. Архивирано од изворникот на 2010-06-19. Посетено на 23 June 2010.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 „Armin van Buuren Profile“. InternetDJ.Com. 2003.
  6. „Armin Van Buuren Trance Deejay Netherlands DJ Global DJ“. Tranceelements.com. 25 December 1976. Посетено на 23 June 2010.
  7. „Armin Van Buuren Biography“. Starpulse.com. 25 December 1976. Архивирано од изворникот на 2010-06-18. Посетено на 23 June 2010.
  8. „Buma Gouden – en Zilveren Harpen, Buma Exportprijs en Beste Nederlandse Lied uitgereikt“ (холандски). Buma Cultuur. 3 March 2010. Архивирано од изворникот на 2010-04-20. Посетено на 25 March 2010.
  9. „Armin van Buuren awarded with Gouden Harp“. Armada Music. 4 March 2010. Посетено на 25 March 2010.
  10. „New single Full Focus available tonight at 00:00“. arminvanbuuren.com. 23 June 2010. Архивирано од изворникот на 2010-06-26. Посетено на 23 June 2010.
  11. „New single Full Focus out now! « Armin van Buuren“. arminvanbuuren.com. Архивирано од изворникот на 2010-12-03. Посетено на 10 July 2010.
  12. Levine, Nick (7 June 2010). „Music – News – Ellis-Bextor switches single plans“. Digital Spy. Посетено на 10 July 2010.
  13. Levine, Nick (24 June 2010). „Armin werkte 'harder dan ooit' aan nieuwe plaat“ (холандски). DePers.nl. Архивирано од изворникот на 2011-09-30. Посетено на 10 July 2010.
  14. van Luling, Dennis (30 June 2010). „Armin van Buuren verovert ook Zuid-Amerika“ (холандски). NU.nl. Посетено на 10 July 2010.
  15. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-08-17. Посетено на 2011-01-18.
  16. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-09-17. Посетено на 2011-01-18.
  17. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-10-30. Посетено на 2011-01-18.

Надворешни врски

уреди
Награди и достигнувања
Претходник
Erol Alkan
Mixmag Number 1 DJ
2007
Наследник
Tiësto
Претходник
n/a
Beatport Music Awards: Best Trance Artist
2008–2010
Наследник
n/a
Претходник
Paul van Dyk
DJ Magazine Number 1 DJ
2007–2010
Наследник
Incumbent