Надја Али (урду: نادیہ علی, англиски: Nadia Ali) е пакистанско-американска пејачка и текстописец. Моментално има изградено соло кариера, иако претходно стекна голема слава во денс групата iiO со својот деби сингл Rapture. Втората најпозната песна е Is it love?. Откако се оддели од групата во 2005 година, стана познат и добар вокалист на електронската денс музика. Има соработувано со многубројни диџеи, од кои најпознат е Армин ван Бурен.

Надја Али 2010

Личен живот

уреди

Родена е на 3 август 1980 година во Либија, од пакистански родители. Родителите и таа заедно се преселија кога Надја имаше 5 години во САД, поточно во Њујорк. Започна да пее на 17 години, во канцелариите на Версаче, посебно на Божиќни забави. Колегите од Версаче му ја претставија на продуцентот Маркус Мозер, со кого подоцна ја основаа групата iiO. Со оваа група најпознати песни ѝ се Rapture и Is this love?. Во 2005 се оддели од Маркус и започна соло кариера. Настапувајќи сама, направи многу песни од кои најпознати се: At the end, Runaway, Smooth, Pressure, Kiss, Try, Fantasy, Crash and burn, Feel so good, Must be the love итн.