Спуст – натпреварувачка дисциплина во алпско скијање. Додека другите дисциплини во алпско скијање, слалом, велеслалом, супервелеслалом и алпска комбинација, ја истакнуваат техниката, според „Правилата на меѓународни натпревари“ на Меѓународната скијачка федерација (ФИС), спустот ги истакнува „шесте компоненти – техника, храброст, брзина, ризик, физичка подготвеност и процена“.[1] На меѓународните натпревари брзините од 130 км/ч се редовни. Натпреварувачите мора да заземат ефикасна аеродинамична позиција за да го минимизира отпорот на воздухот и да ја зголеми брзината.[2]

Словенецот Андреј Шпорн во типична позиција за спуст во натпреварот во спуст на Зимските олимписки игри 2010

Историја

уреди

Првичните правила за натпреварувањата во спуст биле поставени од сер Арнолд Лун за Британското државно првенство во скијање во 1921 година. Рекордната брзина од 160 км/ч (граница од 100 милји на час) ја поставил Јохан Клери во 2013 година на натпревар од Светскиот куп во Лауберхорн.[3]

Патека

уреди

Правилата на Меѓународната скијачка федерација ги опфаќаат одликите како ширина на патеката, безбедносни мерки, висинска разлика, должина на патеката, стил и поставување на капиите.[1]

  • Ширина – патеките типично се широки 30 м со проширувања за скокови
  • Безбедност – опасните места на патеката треба да бидат заштитени со огради и мрежи
  • Висинска разлика – висинската разлика на патеката треба да биде од 450 до 1100 м за мажи и 450 до 800 м за жени. Висинската разлика на трки со две возења може да биде помала
  • Врати – патеката е означена со врати, наизменично со сина и црвена боја. Вратите се состојат од по два пара стапови меѓу кои е растегнато платно во црвена или сина боја. Ширината на поедина врата е најмалку 8 м.

Опрема

уреди
 
Костим за спуст на австриската репрезентација

Опремата за спуст е различна од онаа за другите алпски дисциплини со помали брзини. Скиите се подолги 30% во однос на оние во слалом, за поголема стабилност при големи брзини. Штеките се закривени така што одат околу телото на скијачот кога тој зазема аеродинамична позиција. Како и во другите алпски дисциплини, натпреварувачите во спуст се облечени во прилепена облека за да го минимизира отпорот на воздухот, а кацигите се задолжителни.

Во обид да ја зголеми безбедноста, Меѓународната скијачка федерација во сезоната 2003-2004 го зголеми минималниот полупречник на кривините од 40 на 45 м, и ја определи минималната должина на скиите, 218 см за мажи и 210 см за жени.

Трки

уреди

За разлика од трките во слалом и велеслалом каде натпреварувачите возат две возења, во трките во спуст има само едно возење. Времињата на едно возење се движат од минута и пол до две и пол минути во натпреварите од Светскиот куп, и мора да бидат преку 1 минута за да ги задоволат минималните меѓународни стандарди.

Најуспешни победници на сите времиња во спуст се Австријанката Ане-Мари Мозер Прел[4] (36 победи, 7 наслови во Светскиот куп) и Австриецот Франц Кламер[5] (25 победи, 5 наслови во Светскиот куп). Американката Линдзи Вон моментално доминира во натпреварите во спуст за жени со 37 победи и 7 наслови во Светскиот куп.[6][7]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 50th International Ski Congress (July 2016), The International Ski Competition Rules (ICR) (PDF) (англиски), Cancun: Fédération Internationale de Ski (FIS), стр. 83, Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-06-29, Посетено на 2017-09-08.
  2. First Tracks!! Online Ski Magazine (October 11, 2011). Canadian Ski Racers Train in Wind Tunnel.
  3. http://www.snowkings.co.uk/skiracing/wc/races/downhillwengen/wengen-lauberhorn-downhill-ski-race.htm
  4. International Ski Federation (FIS). Biography: Annemarie Moser-Pröll. FIS Legends.
  5. International Ski Federation (FIS). Biography: Franz Klammer. FIS Legends.
  6. International Ski Federation (FIS). Biography: Lindsey Vonn. FIS Legends.
  7. The Australian (December 05, 2011). Lindsey Vonn wins 23rd World Cup downhill in Canada.

Надворешни врски

уреди