Таганрог
Таганрог ( руски: Таганро́г ) — град во Русија , во регионот на Ростов . Таганрог е град во јужниот дел на Русија. Се наоѓа на брегот на Азовското Море во заливот што ја прави устата на реката Дон , околу 80 километри од Ростов на Дон. Според пописот од 2010 година, во градот имало 257.692 жители.
Таганрог | |||
---|---|---|---|
Држава | Русија | ||
Федерален субјект | Ростовска Област | ||
Основан во | 1698 | ||
Надм. вис. | 30 м | ||
Час. појас | московско време [1] (UTC+3) | ||
Поштенски бр.[2] | 347900–347960 |
Историја
уредиТаганрог бил првата база на руската морнарица. Твридината Таганрог била официјално основана од Петар Велики на 22 септември 1698 година. Статус на град добил во 1775 година.[3]
Таганрог е познат како место каде што е роден и ја поминал младоста Антон Павлович Чехов. Чехов го споменал својот роден град во многу приказни.
Денес Таганрог е економски, културен и туристички центар на јужна Русија.
Население
уредиСпоред прелиминарните податоци од пописот, во градот во 2010 година живееле 257.692 жители, 24.255 (8,60%) помалку отколку во 2002 година.
Збратимени градови
уреди- Баденвајлер
- Лиденшајд
- Червен Брјаг
- Одеса
- Пинск
- Антрацит
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Об исчислении времени“. Официальный интернет-портал правовой информации. 3 јуни 2011. Посетено на 19 January 2019.
- ↑ Почта России. Информационно-вычислительный центр ОАСУ РПО. (Russian Post). Поиск объектов почтовой связи (Postal Objects Search) (на руски)
- ↑ Энциклопедия Города России. Moscow: Большая Российская Энциклопедия. 2003. стр. 454–455. ISBN 5-7107-7399-9.
Надворешни врски
уреди„Таганрог“ на Ризницата ? |