Албанско-грчка граница

Албанско-грчка граница (грчки: Σύνορα Αλβανίας-Ελλάδας; албански: Kufiri Greko-Shqiptar) — државна граница помеѓу Албанија и Грција. Нејзината должина изнесува 282 километри, од кои 254 км на копно и 27 км по вода.

Карта

Географски особености

уреди

Границата почнува од тромеѓата во средината на Преспанското Езеро, каде се среќаваат Македонија, Грција и Албанија. Потоа оди во начелно југозападен правец до Неправиште, каде потоа свртува на југоисток до Косовица и повторно продоложува во на југозападен правец и завршува во Крфскиот Теснец, крај истоимениот остров во Грција.[1]

Гранични премини

уреди
 
Граничниот премин Какавија-Арништа

Патни премини

уреди
 

Албански пункт

Област  

Грчки пункт

Округ Албански патишта Грчки патишта Состојба
Какавија Ѓирокастро Арништа (Ктисмата) Јанина   Државен пат 4

  Европски пат Е853

  Државен пат ЕО22

  Европски пат Е853

отворен
Капештица Горица Смрдеш (Кристалопиги) Лерин   Државен пат 3

  Европски пат Е86

  Автопат 29

  Европски пат Е86

отворен
Кониспол Валона Сајада Теспротија Државен пат 97   Државен пат ЕО18 отворен
Лесковик Горица Мелисопетра Јанина Државен пат 80   Државен пат ЕО35 отворен
Сопик Ѓирокастро Дримадес Јанина Локални патишта отворен

Населени места

уреди

Следува список на пограничните места од југ кон север.

АЛБАНИЈА

 

ГРЦИЈА

 

Област Општина Гран.

премин

Гран.

премин

Општина Округ
Ј о н с к о М о р е
Валонска Кониспол
 
 
Филат (Филатес) Теспротиски
Фојник
Ѓирокастровска Дропул
 
 
 
 
Погон (Погони) Јанински
Премет
 
 
Коница
Горичка Колоња
 
 
Нестрам (Несторио) Костурски
Девол
 
 
Костур (Касторија)
Пустец Преспа Лерински
М а к е д о н и ј а

Историја

уреди
 
Американска карта на границата од 1971 г.

Прва балканска војна

уреди

Согласно Лондонскиот договор од 1913 година, со кој завршила Првата балканска војна (1912 - 1913), решавањето на статусот на новата држава Албанија и определувањето на нејзините граници биле одложени за подоцнежна одлука на Големите сили соочени со притисок од победниците во војната, Грција, Србија и Црна Гора.[2] Во декември 1913 година, завршила работата на Комисијата за јужноалбанската граница, но конечното определување и поставување на границата било одложено со започнувањето на Првата светска војна во 1914 г.[3]

Конференцијата на амбасадорите на 9 ноември 1921 година, под јурисдикција на Париската мировна конференција, ја потврдила, со одредени измени, границата предложена со Лондонската амбасадорска конференција (1912 - 1913). Меѓународната гранична комисија составена од Франција, Обединетото Кралство и Италија ја започнала демаркацијата во 1922 година, а ја завршила 3 години подоцна во 1925 г. Конечниот чин на разграничување го потпишале Велика Британија, Франција, Италија, Грција и Југославија во Париз на 30 јули 1926 г. Следниот опис-предлог за границата бил претставен од страна на Меѓународната гранична комисија во 1925 година, признаен од Грција и Албанија. Нејзини потпишувачи биле Митхад Фрашери од албанска и Христос Аврамидис од грчка страна.[3]

Втора светска војна и Грчка граѓанска војна

уреди

Со италијанската окупација на Албанија, на 28 октомври 1940 г. започнала Грчко-италијанската војна со обид на целосна окупација на сојузничка Грција од страна на италијанските фашистички сили, почнувајќи од албанско-грчката граница. Меѓутоа, со вмешаноста на нацистичка Германија и операцијата Марита, земјата целосно била окупирана од Силите на Оската.[4] За време на Граѓанската војна во Грција (1946 - 1949), на 24-29 август 1949 г. на пограничната планина Грамошта се случила решителната Битка на Грамошта, каде со помош од американски и британски сили и напалм-бомби е поразена Демократската армија на Грција (ДАГ).[5]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Albania-Greece Boundary“. International Boundary Study (англиски). The Geographer, Office of the Geographer, Directorate for Functional Research, Bureau Intelligence and Research, United States Department of State (113): 1. 1971. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  2. „Albania-Greece Boundary“. International Boundary Study (англиски). The Geographer, Office of the Geographer, Directorate for Functional Research, Bureau Intelligence and Research, United States Department of State (113): 2. 1971. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  3. 3,0 3,1 „Albania-Greece Boundary“. International Boundary Study (англиски). The Geographer, Office of the Geographer, Directorate for Functional Research, Bureau Intelligence and Research, United States Department of State (113): 3. 1971. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  4. Saltmarshe, Douglas (2017-07-12). Albania – Background. Routledge. стр. 50–62.
  5. Ζενακος, Αυγουστινος. „ΓΡΑΜΜΟΣ-ΒΙΤΣΙ ΑΥΓΟΥΣΤΟΣ 1949“. Ειδήσεις - νέα - Το Βήμα Online (грчки). Посетено на 2021-08-28. Занемарен непознатиот параметар |ημερομηνία= (help)

Надворешни врски

уреди