Граници на Албанија

Границите на Албанија (албански: Copotimimi i Shqipërisë) — термин кој се користи за територијата која ја опфаќа Албанија, по прогласувањето на својата независност на 28 ноември 1912 година. Разграничувањето на новоформираното Кнежевство Албанија под условите на Лондонската конференција од 1912 и 1913 година и амбасадорите на шестте големи сили од тоа време (Велика Британија, Франција, Германија, Австроунгарија, Русија и Италија) го оставиле албанското и неалбанското население на двете страни на границата. Претставниците на албанското национално движење го сметаат ова за поделба на териториите населени со Албанци, како и териториите содржани според предложениот Албански вилает[1][2][3].

Окупација на Албанија од Србија, Црна Гора и Грција за време на Првата балканска војна
Окупација на Албанија од Србија, Црна Гора и Грција за време на Првата балканска војна
Карта на предложената албанска држава од страна на привремената влада на Кнежевство Албанија, во споредба со предлогот на Балканскиот сојуз заедно со Франција и Русија.

По воспоставувањето на албанската држава, постоеле планови за понатамошна поделба на Албанија за време на Првата светска војна[4]. Сепак, Албанија не била поделена и го задржала своето независно постоење[5]. Дополнителни планови за поделба биле преговарани за време и по Втората светска војна[6].

За разлика од тоа време, денес сè погласни се дискусиите од различни албански политичари ококу создавање на Голема Албанија, која би опфаќала делови од Грција, Македонија, Косово, Црна Гора и Србија.

Историја

уреди

Заднина

уреди
 
Четирите османлиски вилаети (Скадар, Јанина, Битола и Косово) биле предложени од Призренската лига за територии на Албанија

Руско-турската војна од 1877-1878 година сериозно се справила со османлиските територии на Балканскиот Полуостров, оставајќи го царството со територии во Македонија и западниот Балкан. Албанците биле под власт на Отоманското Царство од 1479 година со падот на Скадар. Регионот што го барал албанскиот национален водач бил етнички хетероген, кој се состоел од големи области населени и од Македонци, Грци, Срби, Турци и Власи[7][8], иако Сами Фрашери тврдел дека Албанците се мнозинско население во четирите вилаети на Скадар, Јанина, Битола и Косово[9]. Првиот повоен договор, потпишаниот спогодбен договор од Сан Стефано од 3 март 1878 година, им доделил земји на албанско население во Србија, Црна Гора и Бугарија. Австроунгарија и Обединетото Кралство го блокирале договорот бидејќи Русија со договорот ќе имала доминантна позиција на Балканот и на тој начин ќе се дестабилизира европскиот баланс на моќта. Мировна конференција за решавање на спорот се одржал кон крајот на годината во Берлин. Берлинскиот конгрес му ги доделил на Црна Гора градовите Бар и Подгорица и областите околу планинските села Гусиње и Плав, кои албанските водачи ја сметале за албанска територија и за поделба на териториите населени со Албанци[10]. Во февруари 1879 година, силите инсистирале Портата да се откаже од подрачјата на Плава, Подгорица, Гусиње и Улцињ од Албанија и да ги повлече сите османлиски трупи од спорните зони.

Берлински конгрес

уреди

Албанците го гледаат Берлинскиот конгрес како поделба на некои од териториите населени со Албанија, за кои Албанците сметаат дека се дел од Албанскиот Вилает. Конгресот во Црна Гора им ги отстапил градовите Бар и Подгорица и областите околу планинските села Гусиње и Плав. Албанците ја создале Призренската лига за да се спротивстават на губењето територии во кои Албанците според нив биле мнозинство и организирале вооружени напори за отпор во Гусиње и Плав, каде што црногорските сили биле пречекани со жесток отпор. По предавањето на Улцињ на Црна Гора, Високата Порта ја ликвидирала Призренската лига на чело со Дервиш Паша[11].

Балкански војни

уреди
 
Декларација за независност на Албанија во Валона 1912.

На 8 октомври 1912 година, црногорските трупи марширале во вилаетот Скадар. Потоа Србија, Бугарија и Грција прогласиле војна за Отоманското Царство, со што ја започнале Првата балканска војна. Црногорските, српските и грчките сили напредувале на териториите кои биле главно населени од Албанци и се обиделе да ја сменат етничката реалност преку истребување на албанското население, со околу 25 000 Албанци убиени до почетокот на 1913 година[12]. Загрижени поради плановите на Црна Гора, Србија и Грција за поделба меѓу нив на териториите на западен Балкан, делегатите на Албанците се состанале на конгресот во Валона, каде што на 28 ноември 1912 година ја прогласиле независноста на Албанија[13].

На 3 декември 1912 година амбасадорите на шестте големи сили од тоа време (Велика Британија, Франција, Германија, Австроунгарија, Русија и Италија) се состанале во Лондон за да одлучат за судбината на териториите на Албанија. По многу дискусии, амбасадорите донеле официјална одлука на 29 јули 1913 година за основање на Кнежевство Албанија која независност би била признаена, но повеќе од половина од територијата на Албанија и околу 30% -40%[14] од етничкото албанско население ќе биде оставено во границите на Србија, Црна Гора и Грција. Иако била лишена од обединување на целиот албански народ, Албанија станала суверена држава и независна од Отоманското Царство[15][16].

Граници

уреди
 
Декларација за независност на Северен Епирот во Ѓирокастро, против анексијата на регионот на новоформираната албанска држава.

Во Албанија биле испратени неколку гранични комисии со цел да се разграничат границите на новата држава, на етнографска основа, според условите на Лондонските мировни конференции. Сепак, комисијата не можела да ја разграничи областа на Јужна Албанија на таква основа. Како резултат на тоа, поголемиот дел од спорната област била оставена во Албанија. Оваа одлука го катализирало востанието меѓу локалното грчко население, но истиот проблем бил привремено решен со Протоколот на Крф[17]

Планови за понатамошна поделба

уреди

По воспоставувањето на албанската држава, во 1912 година имало планови за понатамошна поделба на Албанија за време на Првата светска војна. Во 1915 година, таен договор потпишан во Лондон вклучувал поделба на земјата. Како дел од овој договор, во 1919 година бил потпишан договор меѓу Италија и Грција, во кој биле вклучени плановите за анексирање на Албанија меѓу двете земји[18]. Според овој договор, познат како Договор Венизелос-Титони, потпишан на 20 јули 1919 година, Северен Епир (делови од јужна Албанија) ќе биде инкорпориран во Грција, додека Грција ќе го признае италијанскиот мандат за Централна Албанија[19].

За време на Втората светска војна, кога Кралство Албанија било под окупација на Италија, имало планови за поделба меѓу Југославија и Италија[6]. Од друга страна, во 1944 година, додека Албанија се нашла под контрола на комунистите, резолуцијата на Сенатот на САД ја поддржале иницијативата за приклучување на Северен Епир кон Грција[20].

Последици

уреди

Сите планови за поделба на албанската држава биле неуспешни и Албанија ги задржала териториите од 1913 година.

Границите на Кнежевство Албанија формирани во 1913 година оставиле голем број етнички Албанци надвор од новата држава, а многу од нив избегале или биле насилно водени од признатите граници на Албанија[21]. Во Косово, српските војници се обиделе да ја сменат демографијата преку масовни протерувања. Повеќе од 100 000 Албанци емигрирале од Косово за време на 1918-1941[22][23].

Наводи

уреди
  1. Merrill, Christopher (1999). Only the Nails Remain: Scenes from the Balkan Wars. Rowman & Littlefield. стр. 230. ISBN 9780742516861.
  2. Magocsi, Paul R.; Multicultural History Society of Ontario (1999). Encyclopedia of Canada's peoples. University of Toronto Press. стр. 180. ISBN 9780802029386. Посетено на 1 February 2012.
  3. Schwandner-Sievers, Stephanie; Bernd Jürgen Fischer (2002). Albanian identities: myth and history. Indiana University Press. стр. 44. ISBN 9780253341891. ..events of 1913 when a major part of the Albanian-inhabited territories was partitioned among neighbouring Balkan states.
  4. Staar, Richard F. (1984). Communist regimes in Eastern Europe (4. ed., 3. print.. изд.). Stanford, Calif.: Hoover Inst. Press, Stanford Univ. стр. 3. ISBN 978-0-8179-7692-7.
  5. „U.S.-ALBANIAN RELATIONS AND ALBANIA'S PROGRESS TOWARD EU AND NATO“ (PDF). CENTER FOR STRATEGIC AND INTERNATIONAL STUDIES. Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-03-09. Посетено на 4 February 2012.
  6. 6,0 6,1 Fischer, Bernd J. (1999). Albania at war : 1939-1945. London: Hurst. стр. 15. ISBN 978-1-85065-531-2.
  7. Pavlowitch, Stevan K. (1999). A history of the Balkans, 1804 - 1945. London [u.a.]: Longman. стр. 146. ISBN 978-0-582-04584-2.
  8. Király, Béla K. (1985). Gale Stokes (уред.). Insurrections, wars, and the Eastern crisis in the 1870s. Boulder: Social Science Monographs. стр. 148. ISBN 978-0-88033-090-9.
  9. Gawrych, George Walter (2006). The crescent and the eagle: Ottoman rule, Islam and the Albanians, 1874-1913. I.B.Tauris. стр. 99–101. ISBN 9781845112875. Albanians comprised a majority in all four provionces
  10. Miranda Vickers (1999). The Albanians: a modern history. I.B.Tauris. стр. 35. ISBN 978-1-86064-541-9. Посетено на 1 February 2012.
  11. Warrander, Gail (2011). Kosovo. Bradt Travel Guides. стр. 14. ISBN 9781841623313.
  12. Levene, Mark (2013). Devastation: Volume I: The European Rimlands 1912-1938. Oxford University Press. стр. 106. ISBN 9780199683031. Посетено на 23 December 2013.
  13. „Albania: History“. Encyclopædia Britannica. Архивирано од изворникот на 2014-10-20. Посетено на 31 January 2012.
  14. Elsie, Robert (2010), „Independent Albania (1912—1944)“, Historical dictionary of Albania, Lanham: Scarecrow Press, стр. lix, ISBN 978-0-8108-7380-3, OCLC 454375231, Посетено на 4 February 2012, ... about 30 percent of the Albanian population were excluded from the new state/about 40% ... found themselves excluded from this new country p.243
  15. Elsie, Robert. „The Conference of London“. Архивирано од изворникот на 11 февруари 2011. Посетено на 5 јануари 2012.
  16. Vickers, Miranda (1999). The Albanians: a modern history. I.B.Tauris. стр. 70–80. ISBN 9781860645419.
  17. Draper, Stark. „The conceptualization of an Albanian nation“ (PDF). Ethnic and Racial Studies. Volume 20, Number 1. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-03-20. Посетено на 2 February 2012.
  18. (ed.), Stephanie Schwandner-Sievers ... (2002). Albanian identities : myth and history (1. publ.. изд.). London: Hurst. стр. 135. ISBN 978-1-85065-572-5.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  19. Burgwyn, H. James (1997). Italian foreign policy in the interwar period : 1918 - 1940 (1. publ.. изд.). Westport, Conn. [u.a.]: Praeger. стр. 15. ISBN 978-0-275-94877-1.
  20. RFE/RL research report. Volume 2. weekly analyses from the RFE/RL. 1993. стр. 31.
  21. McCarthy, Justin (2002). Population history of the Middle East and the Balkans. Isis Press. стр. 44. ISBN 9789754282276.
  22. https://books.google.com/books?id=M_0-QfRL8eMC&pg=PA310&lpg=PA310&dq=albanians+fleeing+to+albanian+after+1913&source=bl&ots=eBmYfz7gm_&sig=0ukYlglQB890zT13xCgfATO5-mg&hl=en&sa=X&ved=0CDoQ6AEwBmoVChMIzqT755zhyAIVijsaCh0BOwZn#v=onepage&q=albanians%20fleeing%20to%20albanian%20after%201913&f=false
  23. Bugajski, Janusz (2002). Political parties of Eastern Europe: a guide to politics in the post-Communist era. M.E. Sharpe. ISBN 9781563246760.

Надворешни врски

уреди