Битка на Грамошта

Битката на Грамошта или попозната како Битка на Грамос ― (14 јуни - 21 август 1948 година), најдолгата и најкрвавата битка во текот на Граѓанската војна во Грција.[1]

Околу 80.000 илјади владини војници, поддржани од 136 топови и 50 борбени авиони, преземале офанзива против 11.000 борци на ДАГ, претежно Македонци, вооружени со лесно оружје и неколку топови. Борците на ДАГ, под притисок на надмоќни вооружени сили, го напуштиле Грамос и се повлекле на Вичо. По битката, левите сили биле поразени и принудени на капитулација.[1]

Се смета дека во оваа битка загинале околу 2.500 македонски борци.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 74. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. kukuriku (2020-06-14). „На 14 јуни 1948 почнала офанзивата на грчката владина војска против ДАГ на Грамос | Загинале 2 500 македонски партизани“. KUKURIKU online news (англиски).

Надворешни врски

уреди