Нестрам (општина)
Општина Нестрам Δήμος Νεστορίου | |
---|---|
Нестрам од планината Горуша.
| |
Податоци | |
Област: | Западна Македонија |
Округ: | Костур |
Гео. област: | Нестрамкол |
Население: | 3.899 (2021) |
Седиште: | Нестрам |
Нас. места: | 24 |
Пошт. бр.: | 520 51 |
Пов. бр.: | 24670-31 |
Портал: | nestorio.gr |
Нестрам (грчки: Δήμος Νεστορίου, Димос Несториу) — општина во западниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Општината ги опфаќа селата во областа Нестрамкол, а нејзин административен центар е истоименото село Нестрам.
Населени места
уредиОпштина Нестрам е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“[1] со спојување на четири стари административни единици — општините Нестрам и Акритес, како и општинските целини Аренес и Грамошта.
Напомена: Називот „Акритес“ е произволно даден грчки назив што не се однесуваат на ниедно постоечко место. „Аренес“ е според два планински врва.
Општинска единица Нестрам
уредиОпштинската единица Нестрам ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Нестрам
- Општински оддел Грче
- село Дреничево (Κρανοχώρι, Кранохори)
- село Граче (или Гратче; Πτελέα, Птелеја)
- село Долно Граче (или Долно Гратче; Κάτω Πτελέα, Като Птелеја)
- Општински оддел Котелци
- село Ново Котелци (Νέα Κοτύλη, Неја Котили)
- Општински оддел Селско
- село Селско (Κυψέλη, Кипсели) Селото географски му припаѓа Епир, а не на Егејска Македонија во денешна смисла.
- Напомена: Јановени и Пилкати немаат постојани жители (2011).
Во општинската единица има неколку напуштени места за време на Граѓанската војна кои денес се отпишани:
- Дреново (Γλυκονέρι, Гликонери);
- Загар (Άγιος Ζαχαρίας, Агиос Захаријас);
- Котелци (Κοτύλη, Котили), кое географски припаѓа на Епир;
- Мирославци (Μυροβλήτης, Мировлитис), кое географски припаѓа на Епир;
- Личотер (или Лисотер; Περιστερά, Перистера);
- Чука (Τσούκα или Αρχάγγελος, Цука или Архангелос).
На територијата на општинската единица се наоѓале и атарите на старите и одамна отселени влашки грамоштенски села Линотопи (Λινοτόπι), Ветерник (Βετέρνικ, Βετέρνικο) и Фуша (Φούσια).
Општинска единица Акритес
уредиОпштинската единица Акритес со седиште во Ревани ги опфаќа следниве општински оддели и населени места на источното подножје на планината Грамошта (Грамос):
- Општински оддел Ревани (733)
- Општински оддел Грлени
- село Грлени (Χιονάτο, Хионато)
- Општински оддел Крчишта
- село Крчишта (или Крчишча; Πολυάνεμο, Полианемо)
- Општински оддел Шак
- село Шак (Κομνηνάδες, Комнинадес)
На територијата на општинската единица е и денес напуштеното Ново Село (Κορφούλα, Корфула).
Општинска единица Аренес
уредиОпштинската единица Аренес опфаќа четири села:
- Општински оддел Борботско
- село Борботско (Επταχώρι, Ептахори)
- Општински оддел Жужел
- село Жужел (Ζούζουλη, Зузули)
Општинска единица Грамошта
уредиОпштинската единица Грамошта или Грамошта се состои од само едно населено место — селото Грамошта (или Грамушта).
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.