Фојник (Албанија)
Фојник (албански: Finiq, грчки: Φοινίκη, Финики) — село и општина во јужна Албанија, 8 км од брегот на Јонското Море и 20 км северно од границата со Грција. Административно претставува дел од Валонската област, а се наоѓа во историската област Северен Епир. Општината е создадена во 2015 г. со реформа на месната управа, спојувајќи ги дотогашните општини Алико, Дебар, Фојник, Ливаѓе и Месопотам, кои сега се општински единици. Административен центар е селото Дермиш.[1] Во 2011 г. општината имала 11.862 жители и зафаќала 441 км2.[2] Општинската единица Фојник (поранешната општина) по истите податоци има 1.333 жители.[3]
Фојник Finiq | |
---|---|
општина | |
Возвишенијата на Делвина и ридот на Фојник во средината, зад рамницата | |
Координати: 39°54′N 20°3′E / 39.900° СГШ; 20.050° ИГД | |
Земја | Албанија |
Област | Валона |
Површина | |
• општина | 441,20 км2 (17,030 ми2) |
Население (2011) | |
• општина | 11.862 |
• општина густина | 0,27/км2 (0,70/ми2) |
• општинска единица | 1.333 |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Пошт. бр. | 9716 |
Повик. бр. | 0895 |
Рег. таб. | DL |
Мајчин јазик на жителите е грчкиот[4]. Општинската единица Фојник се состои од селата Фојник, Буроња, Члирим, Вриони, Караџа, Брегас (Вромеро) и Сајани (Блеримас).[5]
На подрачјето на општината се наоѓа античкиот град Фојника — центар на епирското племе Хаонци.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Law nr. 115/2014
- ↑ „Интерактивна карта на управната територијална реформа“. Архивирано од изворникот на 2017-01-12. Посетено на 2015-08-05.
- ↑ „Резултати од пописот во 2011 г.“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 2015-08-05.
- ↑ Badlands-Borderland: A History of Southern Albania/Northern Epirus by T.J. Winnifrith,ISBN 0-7156-3201-9,2003,Page 69,"... 16. Greek-speaking children in modern Finiq ..."
- ↑ „Greece – Albania Neighbourhood Programme“. Архивирано од изворникот на 2012-03-27. Посетено на 2015-08-05.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Општински портал на Фојник Архивирано на 28 октомври 2008 г.