Горна Баварија
Горна Баварија (германски: Oberbayern) — еден од седумте владини окрузи на Баварија, Германија.
Горна Баварија Oberbayern | |
---|---|
Административен округ | |
Карта на Bavaria со округот Горна Баварија | |
Земја | Германија |
Сој. покраина | Баварија |
Админ. центар | Минхен |
Површина | |
• Вкупна | 17.529,41 км2 (676,814 ми2) |
Население (31 декември 2023)[1] | |
• Вкупно | 4.820.938 |
• Густина | 2,8/км2 (7,1/ми2) |
Мреж. место | regierung.oberbayern.bayern.de |
Географија
уредиГорна Баварија се наоѓа во јужниот дел на Баварија и е распослана околу градот Минхен. Таа понатаму е поделена на четири региони (Planungsverband): Илголштат, Минхен, Бајеришес Оберланд и Зидостобербајерн. Таа е наречена „Upper Bavaria“, бидејќи земјата е повисока од нивото на морето, отколку што е тоа случај со останатиот дел на Баварија, но бидејќи е посеверно, како што многу мислат.
Окрузи Landkreise |
Слободни градови Kreisfreie Städte |
---|---|
Население
уредиИсториски, населението во Горна Баварија:
Година | Население |
---|---|
1840 | 711.861 |
1871 | 865.178 |
1900 | 1.351.086 |
1925 | 1.727.483 |
1939 | 1.999.048 |
1950 | 2.541.896 |
1961 | 2.831.744 |
1970 | 3.324.104 |
1987 | 3.598.126 |
2002 | 4.169.657 |
2005 | 4.238.195 |
2006 | 4.279.112 |
2008 | 4.320.934 |
2010 | 4.373.588 |
Историја
уредиВојводството Горна Баварија било создадено за првпат со Првата баварска поделба во 1255 под војводата Лудвиг Втори Силниот, но нема точна врска меѓу ова војводство и моменталната територија. По повторното обединување во 1340 година Баварија била поделена повторно во 1349 и во 1392 на војводствата Баварија-Минхен и Баварија-Инголштат биле создадени во Горна Баварија. Во 1505 Баварија била конечно обединета. Во 1837 кралот Лудвиг Први Баварски го создал округот Горна Баварија.
Надворешни врски
уреди- Службена страна на окружната влада (англиски) (германски)
- Службена страна на округот (германски)
- Туристичко биро (англиски) (германски)
- ↑ „Преглед на состојбата на населението“. Баварска служба за статистика и обработка на податоци. јуни 2024. (германски)