Горен Пфалц
Горен Пфалц (германски: Oberpfalz) — еден од седумте владини окрузи на Баварија, Германија, кој се наоѓа на истокот на Баварија.
Горен Пфалц Oberpfalz | |
---|---|
Административен округ | |
Карта на Bavaria со округот Горен Пфалц | |
Земја | Германија |
Сој. покраина | Баварија |
Админ. центар | Регенсбург |
Површина | |
• Вкупна | 9.692,23 км2 (374,219 ми2) |
Население (31 декември 2023)[1] | |
• Вкупно | 1.141.561 |
• Густина | 1,2/км2 (3,1/ми2) |
Мреж. место | http://www.regierung.oberpfalz.bayern.de/ |
Историја
уредиРегионот го земал неговото име најпрвин во раниот 16 век, затоа што со Договорот од Павија бил еден од главните делови на територијата на Вителсбах изборниот кнез на Пфалц, кој исто така владеел со Долен Пфалц во Рајнската област, сега обично наречена само Пфалц. Главниот град на Горен Пфалц бил Амберг. Помладите гранки на Вителсбах исто така владееле над помалите територии во Нојбург и Зулцбах. Како последица на неуспешното положување право на изборниот кнез на Пфалц Фридрих V врз бохемискиот престол во 1619-1620, Горен Пфалц, заедно со остатокот на неговите земји, прогласиле откажување од царот и заедно со кнежевската титула, му биле дадени на војводата од Баварија. Иако Долен Пфалц бил вратен на синот на Фридрих со Вестфалскиот мир во 1648, Горен Пфалц останал под изборниот кнез на Баварија и оттогаш е дел на Баварија. Помалите територии на Зулцбах и Нојбург станале дел од Баварија во 1742, додека градот Регенсбург, Слободен царски град, не се приклучил на регионот сè до крајот на Светото Римско Царство во 1806.
Поделба
уреди Окрузи Landkreise |
Слободни градови Kreisfreie Städte |
---|---|
Население
уредиИсториско население на Горен Пфалц:
- 1900: 553.841
- 1910: 600.284
- 1939: 694.742
- 1950: 906.822
- 1961: 898.580
- 1970: 963.833
- 1987: 969.868
- 2002: 1.088.929
- 2005: 1.089.543
- 2006: 1.087.939
- 2008: 1.085.216
- 2010: 1.081.206
Надворешни врски
уреди- Службена страна (германски)
- Службена страна на окружната влада (германски) (англиски) (чешки)
- wiki-en.genealogy.net Архивирано на 24 мај 2008 г.
49°18′N 12°12′E / 49.3° СГШ; 12.2° ИГД
- ↑ „Преглед на состојбата на населението“. Баварска служба за статистика и обработка на податоци. јуни 2024. (германски)