Ангела Меркел
Ангела Доротеја Меркел (германски: Angela Dorothea Merkel;[1] родена Каснер; р. 17 јули 1954) — германска политичарка и поранешен научник, која е канцелар на Германија од 2005 и водач на Демохристијанскиот сојуз (ДХС) од 2000. Таа е прва жена која е избрана на таа функција.[2]
Ангела Меркел | |
---|---|
Канцелар на Германија | |
На должноста 22 ноември 2005 – 8 декември 2021 | |
Претседател | Хорст Келер Кристијан Вулф Јоахим Гаук Франк-Валтер Штајнмаер |
Заменик | Франц Минтеферинг Франк-Валтер Штајнмаер Гвидо Вестервеле Филип Реслер |
Претходник | Герхард Шредер |
Министер за животна средина | |
На должноста 17 ноември 1994 – 26 октомври 1998 | |
Канцелар | Хелмут Кол |
Претходник | Клаус Тепфер |
Наследник | Јирген Тритин |
Министер за жени и млади | |
На должноста 18 јануари 1991 – 17 ноември 1994 | |
Канцелар | Хелмут Кол |
Претходник | Урсула Лер |
Наследник | Клаудија Нолте |
Член на Бундестагот за Штралзунд-Северна Западна Померанија-Риген | |
На должноста | |
Стапил 2 декември 1990 | |
Претходник | тогаш создаден округ |
Лични податоци | |
Роден(а) | Ангела Доротеја Каснер 17 јули 1954 Хамбург, Западна Германија |
Партија | Демократско будење (1989-1990) Демохристијански сојуз (1990-денес) |
Сопружник | Јоахим Зауер (1998–денес) Улрих Меркел (1977–1982) |
Установа | Универзитет Лајпциг |
Вероисповед | Лутеранка |
Потпис |
Образувана во насоката физичка хемија, Меркел влегла во политиката во бранот на револуциите од 1989, кратко служејќи како гласноговорник за источногерманската влада. По повторното обединување во 1990, била избрана во Бундестагот за изборниот округ Штралзунд-Северна Западна Померанија-Риген во покраината Мекленбург-Западна Померанија, која и денес претставува нејзина изборна единица. Подоцна била назначена за сојузна министерка за жени и млади во 1991 под водство на канцеларот Хелмут Кол, по што била унапредена во сојузна министерка за животна средина, заштита на природата и јадрена заштита во 1994. Откако коалицијата ЦДУ/ЦСУ била поразена во 1998 била избрана за генерален секретар на ЦДУ, пред да биде избрана за прв женски водач на партијата во 2000.
По сојузните општи избори во 2005 била назначена за прва жена канцелар на чело на големата коалиција, која се состоела од нејзината партија ЦДУ, нејзината сестринска партија од Баварија, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) и Социјалдемократската партија на Германија (СПД). На сојузните општи избори во 2009, ЦДУ добила најголем број од гласовите и Меркел можела да создаде коалициска влада со поддршка на ЦСУ и Слободната демократска партија (ФДП).[3] На сојузните општи избори во 2013, Меркел ги повела ЦДУ/ЦСУ на уште една победа, освојувајќи скоро мнозинство во Бундестагот, со освоени 41,5% од гласовите; разговорите за составување коалиција сè уште траат откако ФДП не успеа да влезе со свои претставници во Бундестагот.[4]
Во 2007, Меркел била претседател на Европскиот Совет и го водела Г8, втора жена (по Маргарет Тачер) која го направила тоа. Играла средишна улога во преговорите за Лисабонскиот договор и Берлинската декларација. Еден од нејзините приоритети бил исто така да ги зајакне трансатлантските економски врски преку потпишување на договорот за Трансатлантскиот економски совет на 30 април 2007. Меркел одигра исклучителна улога во управувањето со финансиската криза на европско и светско ниво и била нарекувана како „одлучувач“.[5] Дома, реформата на здравствената заштита и проблемите во врски со изворите на енергија биле главни проблеми за време на нејзиниот мандат.
Ангела Меркел била опишувана како де факто водач на Европската Унија,[6][7][8][9] и рангирана за втора највлијателна личност во светот од страна на списанието Forbes во 2012, највисок пласман некогаш постигнат од страна на некоја жена, додека според најновите рангирање е сместена на петтото место.[10][11]
Ран живот
уредиМеркел е родена како Ангела Доротеја Каснер во Хамбург, Западна Германија, ќерка на Хорст Каснер (1926–2011),[12][13] родум од Берлин, и неговата жена Херлинд, родена во 1928 во Данциг (сега Гдањск, Полска) како Херлинд Јенч, настаничка по англиски и латински јазик. Нејзината мајка била член на Социјалдемократската партија на Германија.[14] Меркел има полско потекло, бидејќи нејзиниот дедо по мајка, Лудвиг Казмјерчак, бил Германец[15] со полско потекло.[16]
Таткото на Меркел студирал теологија во Хајделберг и потоа во Хамбург. Во 1954 нејзиниот татко добил своја парохија во црква во Квицов (близу Перлеберг во Бранденбург), кој тогаш бил во Источна Германија и семејството се преселило во Темплин. Така, Меркел пораснала на село, 80 километри северно од Источен Берлин. Герд Лангут, поранешен висок член на Демохристијанскиот сојуз на Меркел, навел во својата книга[17] дека можноста на семејството слободно да патува од Источна кон Западна Германија во текот на следните години, како и поседувањето на два автомобили, водел до заклучокот дека таткото на Меркел имал „благонаклонет“ однос со комунистичкиот режим, бидејќи таква слобода и поволности за свештеник би биле невозможни во Источна Германија.
Како и повеќето ученици, Меркел била член на Слободната германска младина (ФДЈ), службено младинско движење предводено од владејачката партија за социјалистичко единство. Иако членството било главно доброволно, оние кои немало да се приклучат, немале скоро никакви шанси за запишување на некој универзитет. Меѓутоа, таа не учествувала во секуларната церемонија за полнолетство (Jugendweihe), која била вообичаена во Источна Германија и наместо тоа учествувала во црковна церемонија. Подоцна, на Академијата на науките, станала член на окружниот одбор на ФДЈ и секретарка на „Агитпроп“ (Агитација и пропаганда). Самата Меркел тврдела дека таа била секретарка за култура. Кога некогашниот окружен претседавач на ФДЈ на Меркел ѝ противречил, таа инсистирала дека: „Според мојата меморија, јас бев секретарка за култура. Но, што јас знам? Јас верувам дека нема ништо да знам кога ќе имам 80“.[18] Оценката на Меркел на задолжителниот предмет марксизам-ленинизам била оценета само со „задоволителна“ (genügend) во 1983 и 1986.[19]
На училиште, таа научила течно да говори руски и ила добивала награди за нејзините вештини во руски јазик и математика.[20] Меркел се образувала во Темплин и на Универзитетот во Лајпциг, каде студирала физика од 1973 до 1978. Додека била студент, учествувала во обновата на урнатите на Морицбастај, проект на студентите со цел да создадат сопствен клуб и објект за рекреација на кампусот. Таква иницијатива била без преседан во ГДР во тој период и првично наишла на отпор од самиот универзитет. Меѓутоа, со поддршка на локалното раководство на владејачката партија, било дозволено проектот да продолжи.[21] Меркел работела и студирала во Централниот институт за физичка хемија на Академијата на науките во Берлин-Адлерсхоф од 1978 до 1990. Откако добила докторат за нејзината теза за квантна хемија,[22] таа работела како истражувач и издала неколку трудови.
Во 1989, Меркел била вклучена во растечкото демократско движење по падот на Берлинскиот ѕид, приклучувајќи ѝ се на новата партија Демократско будење. По првите (и единствени) демократски избори во Источна Германија станала заменик гласноговорник на новата привремена влада пред обебединувањето под водство на Лотар де Мезиер.[23] Во април 1990, Демократското будење се споила со источногерманскиот ДХС, која подоцна се споила со нејзината западна копија по повторното обединување.
Член на Бундестагот и на Кабинетот на министри
уредиНа првите општи избори по повторното обединување во декември 1990, таа била избрана во Бундестагот од изборната единица Штралзунд-Северна Западна Померанија-Риген, која се поклопува со округот Западна Померанија-Риген. Оттогаш била повторно избирана од истата единица на секои избори.[24] Станала министерка за жени и млади во третиот кабинет на Хелмут Кол. Во 1994 станала министерка за животна средина и јадрена безбедност, што ја направило политички повидлива и ѝ дало подлога да ја изгради нејзината политичка кариера. Како една од штитениците на Кол и негов најмлад министер во кабинетот, често била нарекува „мојата девојка“ (mein Mädchen) од страна на Кол.[25]
Водач на опозицијата
уредиКога владата на Кол беше поразена на општитени избори во 1998, Меркел била именувана за генерален секретар на ЦДУ. Од ова место, Меркел ги надгледувала низата на изборни победи на нејзината партија во шест од седум покраински избори во 1999, уривајќи ја коалицијата на СПД и Зелените во Бундесратот, законодавно тело кое ги претставува покраините. По партискиот финансиски скандал, кој загрозил многу водечки личности во ЦДУ (најмногу самиот Кол, кој одбил да го открие дарителот на 2 милиони германски марки, тврдејќи дека дал чесен збор и партискиот водач Волфганг Шојбле, наследникот избран лично од Кол, кој исто така не сакал да соработува), Меркел го критикувала нејзиниот поранешен ментор Кол и се залагала за свеж почеток на партијата без него. Била избрана да го замени Шојбле, станувајќи прва жена претседател на нејзината партија, на 10 април 2000. Нејзиниот избор изненадил многу набљудувачи, бидејќи нејзината личност претставувала спротивност на партијата за која била избрана да ја води; Меркел е протестант, со потекло од главно протестантската северна Германија, а во ЦДУ преовладуваат мажи, општествено конзервативна партија со упоришта во западна и јужна Германија, а баварската сестринска партија, ЦСУ, има длабоки католички корени.
По изборот на Меркел како водач на ЦДУ, таа имала значителна популарност помеѓу германското население и голем дел од Германците ја поддржувале да стане соперник на канцеларот Герхард Шредер на изборите во 2002 година. Меѓутоа, таа не добила доволно поддршка од нејзината сопствена партија и особено од нејзината сестринска партија (баварската Христијанско-социјална унија, или ЦСУ), и била заменета од водачот на ЦСУ Едмунд Штојбер, на кого му ја препуштила привилегијата да го предизвика Шредер; меѓутоа, го пропуштил големото водство на анкетите и изгубил на изборите со минимална разлика. По поразот на Штојбер во 2002, како и нејзината улога како претседател на ЦДУ, Меркел станале водач на конзервативната опозиција во долниот дом на германскиот парламент, Бундестагот. Нејзиниот соперник, Фридрих Мерц, кој ја вршел функцијата на парламентарен водач пред изборите во 2002, бил отстранет за да ѝ се даде шанса на Меркел.
Меркел ја поддржала значителната реформска агенда која се однесувала на економскиот и социјален систем на Германија и била сметана за попазарна отколку нејзината сопствена партија (ЦДУ); таа се залагала за промени во германскиот закон за труд, особено за отстранување на пречките за отпуштање вработени и зголемување на дозволениот број на работни часови во неделата, тврдејќи дека постоечките закони ја прават земјата помалку конкурентна, бидејќи компаниите не можат лесно да ги контролираат трошоците за трудот во време кога компаниите имаат тешки времиња.[26]
Меркел тврдела дека атомската енергија во Германија треба етапни и побавно да биде намалувана отколку што предвидувала администрацијата на Шредер.[27]
Меркел за залагала за силно трансатлантско партнерство и германско-американско пријателство. Во пролетта 2003, пркосејќи му на силното јавно противење, Меркел застанала во корист на американската инвазија на Ирак, опишувајќи ја како „неизбежна“ и обвинувајќи го канцеларот Герхард Шредер за антиамериканизам. Ја критикувала поддршката на владата за приклучувањето на Турција кон Европската Унија и наместо тоа нудела „привилегирано партнерство“. Овој став го претставувал растечкото јавно мислење за одбивање на членството на Турција во Европската Унија.[28]
Пат до избори
уредиНа 30 мај 2005, Меркел победила на номинацијата на ЦДУ/ЦСУ како соперник на канцеларот Герхард Шредер од СПД на сојузните избори во 2005. Нејзината партија ја започнала кампањата со 21 процентен бод предност пред СПД на анкетите, иако нејзината лична популарност била помала. Меѓутоа, кампањата на ЦДУ/ЦСУ влегла во проблеми кога Меркел двапати го помешала бруто и нето приход во текот на една телевизиска дебата, а самата кампања на партијата се потпирала на економијата. Ја поправила грешката со тоа што објавила дека Паул Кирхоф, поранешен судија во германскиот уставен суд и водечки стручњак за фискална политика, ќе го назначи за министер за финансии.
Меркел и ЦДУ претрпеле силен удар кога Кирхоф предложил воведување рамен данок во Германија, повторно поткопувајќи го партискиот проглас за економските прашања, при што биле убедувани многу гласачи дека програмата на ЦДУ за дерегулација била наменета единствено за богатите. На ова му бил приклучен предлогот на Меркел за зголемување на ДДВ-то за намалување на дефицитот на Германија и пополнување на приходите од воведувањето на рамниот данок. СПД успеале да ја зголемат нивната поддршка преку едноставно одбивање да воведат рамен данок или да го зголемат данокот за додадена вредност. Иако омиленоста на Меркел се поправила откако се оддалечила од идеите на Кирхоф, останала значајно помалку популарна отколку Шредер и водството на ЦДУ изнесувало само 9% пред изборите.
На 18 септември 2005, ЦДУ/ЦСУ на Меркел и СПД на Шредер се соочиле едни против други на националните избори, на кои ЦДУ/ЦСУ победиле со 35,3% (ЦДУ 27,8%/ЦСУ 7,5%) наспроти гласовите на СПД од 34,2%. Ниту коалицијата СПД-Зелени ниту ЦДУ/ЦСУ и нејзините коалициски партнери, Слободната демократска партија, имале доволно места за создавање мнозинство во Бундестагот, при што обајцата, Шредер и Меркел, прогласиле победа. Големата коалиција помеѓу ЦДУ/ЦСУ и СПД се соочила со предизвикот дека обете партии ќе го посакуваат местото канцелар. Меѓутоа, по три недели на преговори, двете партии постигнале договор со кој Меркел станала канцелар, а СПД ќе добијат 8 од 16 места во кабинетот.[29] Договорот за коалиција бил одобрен од двете партии на партиски конференции на 14 ноември 2005.[30] Меркел била избрана за канцелар од мнозинството делегати (397 наспроти 217) во новиот состав на Бундестагот на 22 ноември 2005, но 51 член на владејачката коалиција гласал против нејзе.[31]
Извештаите покажувале дека големата коалиција настојувала да има мешавина од политики, а некои од нив се разликувале од политичката програма на Меркел како водач на опозицијата и кандидат за канцелар. Намерата на коалицијата била да ги намали јавните трошоци при што го зголемила данокот на додадена вредност (од 16 на 19%), придонесите за социјално осигурување и горната стапка на данокот на добивка.[32]
Меркел изјавила дека главен цел на нејзината влада ќе биде намалување на стапката на невработеност и дека тоа е прашање по кое нејзината влада ќе може да се оцени.[33]
Канцелар на Германија
уредиНа 22 ноември 2005, Меркел ја презела функцијата канцелар на Германија по изборите истата година, кои довеле до создавање на голема коалиција со СПД. Таа била повторно избрана во 2009 со поголемо мнозинство и била во можност да создаде коалиција со ФДП. На изборите во септември 2013 година, партиите ЦДУ/ЦСУ биле прогласени за победници, но им бил потребен коалициски партнер за создавање влада.[4]
Надворешна Политика
уредиНа 25 септември 2007, Меркел се сретнала со XIV далај-лама на „приватни и неформални разговори“ во Берлин во службата на германскиот канцелар и покрај протестот од страна на Кина. Потоа, Кина ги откажала одвоените разговори со германските власти, вклучувајќи ги разговорите со министерот за правда Бригите Циприс.[34]
Еден од приоритетите на Меркел вклучувал засилувања на трансатлантските економски врски, го потпишала договорот за Трансатлантски економски совет на 30 април 2007 во Белата куќа. Советот, заеднички воден од претставници на ЕУ и САД, целел кон отстранување на пречките во трговијата за понатамошна интегрирана трансатлантска слободна трговија.[35] Овој проект бил опишан како премногу либерален од францускиот политичар од левицата Жан-Лик Меланшон, стравувајќи од префрлање на суверенитетот од граѓаните на мултинационалните и израмнување на надворешната политика и институции на Европска Унија и Америка.[36][37]
Der Spiegel („Дер Шпигел“) објавил дека тензиите помеѓу канцеларката Меркел и американскиот претседател Барак Обама[38] биле намалени по состанокот помеѓу двајцата водачи во јуни 2009. Коментирајќи на конференцијата за печат во Белата куќа одржана по состанокот, Spiegel навел, „Секоја дека претежно воздржаната канцеларка не можела да остане во чекор со офанзивата на шарм (на Обама)“, туку возвратила на дипломатијата на „добар карактер“, „преку споменување на искуствата на сестрата на Обама во Хајделберг, со што му ставила до знење дека ја прочитала неговата автобиографија“.[39]
Во 2006, Меркел изразила загриженост за преголемата зависност од руската енергија, но имала слаба поддршка од останатите во Берлин.[40]
Меркел го посакувала договорот за придружување помеѓу Украина и Европската Унија; но во декември 2012 изјавила дека неговото спроведување ќе зависи од реформите во Украина.[41]
Израел
уредиМеркел го посетила Израел четири пати. На 16 март 2008, Меркел пристигнала во Израел на одбележувањето на 60-годишнината на Израел. Таа била пречекана на самиот аеродром од премиерот Ехуд Олмерт, почесна стража и многу политички и религиозни водачи во земјата, вклучувајќи поголем дел од израелскиот кабинет.[42] Дотогаш, само на американскиот претседател Џорџ В. Буш му била укажана чест со пречекување на аеродромот.[43][44] Меркел одржала говор пред Кнесетот, единствен странец кој не е шеф на државата како што била вообичаената пракса,[45] иако ова ги испровоцирало опозициските партии од крајната десница.[46] Во тоа време, Меркел била исто така претседател на Европскиот Совет и претседавач на Г8. Меркел ги поддржала израелските дипломатски иницијативи, спротивставувајќи му се на палестинското барање за членство во ОН. Меѓутоа, Меркел побарала изградбата на населби зад Зелената линија да запре,[47] и не се сложила со однесувањето на израелската влада.[48]
Ликвидносна криза
уредиПо големиот пад на светските берзи во септември 2008, германската влада се вклучила да ѝ помогне на хипотекарната компанија Hypo Real Estate со помош, која била договорена на 6 октомври 2006, во која германските баки учествувале со 30 милијарди евра, а Бундесбанката со 20 милијарди евра со кредитна линија.[49]
На 4 октомври 2008, сабота, по одлуката на ирската влада да ги осигури сите депозити на личните штедни сметки, Меркел силно ја критикувала оваа одлука,[50] Меркел изјавила дека нема планови истото да го направи и германската влада. Но, сепак, следниот ден, Меркел изјавила дека владата ќе ги осигури депозитите на сите приватни штедни сметки.[51] Меѓутоа, два дена подоцна, на 6 октомври 2008, се покажало дека ветувањето било само политички потег кој не бил законодавно поткрепен.[52] На крајот и други европски влади ги покачиле границите или ветиле осигурување на заштедите во целост.[52]
Индија
уредиМеркел и индискиот премиер Манмохан Синг направиле „заедничка декларација“ нагласувајќи го индиско-германското стратешко партнерство во 2006.[53] Идната соработка се насочила кон полињата на енергијата, науката и технологијата и одбраната. Слична декларација, потпишана во текот на посетата на Меркел на Индија во 2007, го забележала значајниот напредок во индиско-германските односи и поставила амбициозни цели за нивен развој во иднина.[53] Односите со Индија на основа на соработка и партнерство биле дополнително зајакнати со посетата на Меркел на Индија во 2011. На покана на индиската влада, двете земји ја одржала првата меѓувладина седница во Њу Делхи. Овие консултации поставиле нови стандарди во исполнувањето на стратешкото партнерство, бидејќи Индија станала третата неевропска земја со која Германија воспоставила ваква соработка.[53] Индина станала првата азиска земја која одржала заедничка владина седница со Германија во текот на посетата на Меркел.[54]
Индиската влада ѝ ја доделила на Меркел наградата „Џавахарлал Нехру“ за меѓународно разбирање за 2009. Изјавата објавена од Владата на Индија велела дека наградата „ја препознава нејзината лична посветеност и енормни напори за одржлив и подеднаков развој, за добро владеење и разбирање и за создавање подобар свет за соочување со предизвиците во 21 век."[53]
Неуспех со мултукултурализмот
уредиВо октомври 2010, Меркел на состанок со младите членови на нејзината конзервативна партија Демохристијанскиот сојуз (ДХС) во Потсдам изјавила дека обидот за изградба на мултикултурно општество во Германија „потполно пропаднала“,[55] изјавувајќи: „Концептот во кој сега живееме рамо до рамо и сме среќни поради тоа не функционира“ и „ние сме приврзани на христијанскиот концепт на човештвото, кој нè дефинирал нас. Секој кој не може да го прифати тоа, се наоѓа на погрешно место“.[56] Таа продолжила да вели дека имигрантите треба да се интегрираат и да ги прифатат германските култура и вредност. Ова било само продолжение на растечката дебата во рамките на Германија[57] за имиграцијата, нејзиниот ефект на Германија и степенот до кој муслиманските имигранти се интегрирани во германското општество.
Поддршка
уредиВо текот на нејзиниот втор мандат, поддршката на Меркел ненајдено и брзо опаднала во Германија, поради што се случиле големи загуби на покраинските избори за нејзината партија.[58] Анкета во август 2011 покажала дека нејзината коалиција имала 36% поддршка споредено со нејзината соперничка коалиција која имала 51%.[59] Меѓутоа, таа го подобрила резултатот при справувањето со неодамнешната евро-криза (69% го оцениле нејзиниот резултат како добар наспроти недоволен) и нејзината поддршка го достигнала највисокото ниво во цело време од 77% во февруари 2012.[60]
Кабинети
уредиПрвиот кабинет на Ангела Меркел положил свечена заклетна на 22 ноември 2005.
На 31 октомври 2005, по поразот на неговиот посакуван кандидат за местото генерален секретар на СПД, Франц Минтеферинг укажал дека ќе поднесе оставка од местото претседател на партијата во ноември, како што и направил. Навидум како одговор на ова, Едмунд Штојбер (ЦСУ), кој првично бил предложен за функцијата за економија и технологија, го објавил своето повлекување на 1 ноември 2005. Иако ова било гледано како удар на обидот на Меркел да создаде остварлива коалиција и кабинет, начинот на кој Штојбер се повлекол предизвикал исмевање и сериозно поткопување на неговата позиција како соперник на Меркел. Одделни конгреси на ЦДУ, ЦСУ и СПД го одобриле предложениот состав на кабинетот на 14 ноември 2005.
Вториот кабинет на Ангела Меркел положил свечена заклетва на 28 октомври 2009.[61]
Во 2013, Меркел освоила една од најодлучувачките победи во германската историја. Меѓутоа, бидејќи на ЦДУ/ЦСУ им недостигале пет места за да можат да владеат сами, третиот кабинет на Меркел ќе биде коалиција помеѓу ЦДУ/ЦСУ и СПД.[62] Бидејќи ФДП, посакуваниот коалициски партнер на ЦДУ/ЦСУ, не успеал да го надмине цензусот, Меркел започнала разговори со СПД и Зелените за коалициска влада.
Личен живот
уредиВо 1977, Ангела Каснер се омажила за студентот по физика Улрих Меркел и го зела неговото презиме. Бракот завршил со развод во 1982.[63] Нејзиниот втор и денешен сопруг е квантен хемичар и професор Јоахим Зауер, кој во голема мерка останал надвор од медиумите. Првпат се сретнале во 1981,[64] подоцна станала двојка и се венчале на приватна церемонија на 30 декември 1998.[65] Таа нема деца, но Зауер има два возрасни сина од претходниот брак.[66] Меркел е позната по несакањето кучиња.[67] Таа е страстен фудбалски обожавател и била позната по тоа дека ги слушала натпреварите додека била во Бундестагот и е чест гостин на официјалните натпревари на националната репрезенција.[68][69]
Почести и награди
уреди- Национални почести и медали
- Италија: Голем крст за големи заслуги на Италијанската Република (21 март 2006).[70]
- Германија: Голем крст за големи заслуги на Сојузната Република Германија (јануари 2008).[71]
- САД: Претседателски медал за слобода (15 февруари 2011), доделен од американскиот претседател Барак Обама.[72] Медалот е доделуван на луѓе кои направиле особено важни придонеси во безбедноста или националните интереси на САД, светскиот мир, или културни или други значајни јавни или приватни напоро.[73]
- Норвешка: Голем крст на за големи заслуги на Кралството Норвешка (15 октомври 2007).[74]
- Почесни награди
- Во 2007, Меркел станала почесен доктор на науки на Еврејскиот универзитет во Ерусалим.[75]
- Таа исто така добила почесен докторат од Лајпцишкиот универзитет во јуни 2008,[76]
- Универзитетот за технологија во Вроцлав (Полска) во септември 2008[77] и Универзитетот Бабеш-Болјаи од Клуж-Напока, Романија, на 12 октомври 2010 за нејзиниот историски придонес во обединувањето на Европа и за нејзината глобална улога во обновувањето на меѓународната соработка.[78][79][80]
- На 23 мај 2013 добила почесен докторат од Радбуд Универзитет Најмеген.
- Други награди
- ВО 2006, Ангела Меркел ја добила наградата Визија за Европа за нејзиниот придонес кон интеграција на Европа.
- Таа ја добила наградата Карло Велики (Karlspreis) за 2008 за истакнати придонеси кон обединување на Европа.[81][82]
- Во март 2008 ја добила наградата Б’наи Б’рит за заслуги кон Европа.[83]
- Меркел се искачила на списокот на Форбс на највлијателни 100 жени во светот во 2006, 2007, 2008, 2009, 2011, 2012 и 2013.[84]
- New Statesman ја именувал Ангела Меркел во списокот на 50 највлијателни личности во светот во 2010.[85]
- На 16 јуни 2010, Американскиот институт за современи германски студии на Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон ја наградил канцеларката Меркел со нивната награда за глобално водство (AICGS) како признание за нејзината извонредна посветеност на зајакнување на американско-германските односи.[86]
- На 21 септември 2010, Институтот Лео Бек, истражувачка институција во Њујорк посветена на историјата на Евреите кои говорат германски јазик, ја наградил Ангела Меркел со нивниот медал Лео Бек. Медалот ѝ бил доделен од поранешниот американски министер за финансии и моментален директор на Еврејскиот музеј во Берлин, Мајкл Блументал, кој ја цитирал поддршката на Меркел за еврејскиот културен живот и интеграцијата на малцинствата во Германија.[87]
- На 31 мај 2011 ја добила наградата Џавахарлал Нехру во 2009 од индиската влада. Ја добила наградата за меѓународно разбирање.[88]
- На 28 ноември 2012 ја добила наградата Хајнц Галински во Берлин, Германија.
Споредби
уредиКако жена политичар од партија од десниот центар, која е исто така и научник, Меркел била споредувана од многу медиуми на англиски јазик со поранешната британска премиерка Маргарет Тачер. Некои ја нарекуваат и како „Железна дама“, „Железна девојка“ и дури „Железна Фрау“ (сите прекари поврзани со Тачер, која исто така имала универзитетска диплома во областа на хемијата). Политичките коментатори дебатирале за нивните слични агенди.[89] Подоцна во нејзиниот мандат, Меркел го добила прекарот „Мути“ (Mutti; германска изведена форма за мајка)), од весникот Der Spiegel што се однесувало на нејзината идеализирана мајчинска фигура од 1950-тите и 1960-тите.[90] Исто така била нарекувала „Железниот канцелар“, според Ото фон Бизмарк.[91]
Покрај тоа што е првата жена германски канцелар, прва што израснала во поранешната Источна Германија (иако е родена во Западна Германија[92]) и најмлад германски канцелар по Втората светска војна, Меркел е исто така прва која е родена по Втората светска војна и прв канцелар на Сојузната Република Германија која има образование во природните науки. Таа студирала физика; нејзините претходници студирале право, економија или историја или биле воени офицери, помеѓу другото.
Форбс ја именувал за втора највлијателна личност во светот во 2012.[93]
Контроверзи
уреди- Меркел била критикувани поради тоа што била лично присутна и вклучена во предавањето на наградата М100[94] на данскиот карикатурист Курт Вестергард. Ова се случило во време на жестока емоционална дебата во Германија за омаловажувачките коментари за муслиманските имигранти направено од поранешниот извршен директор на Бундесбанката Тило Сарацин.[95] Централниот совет на муслиманите во Германија[96] и партијата од левицата[97] (Линке) како и германската зелена партија[98] ја критикувале постапката на канцеларката. Весникот Frankfurter Allgemeine Zeitung напишал: „Ова веројатно е најексплозивниот момент во нејзиниот мандат досега“.[99] Други, пак, ја пофалиле Меркел и ја нарекле храбра и смел потег за каузата за слободата на говорот.
- Мислењето на Меркел кон контроверзните изјави на Тило Сарацин кон Арапите и Турците било критичко. Според нејзините лични изјави, пристапот на Сарацин е „целосно неприфатлив“ и контрапродуктивен кон постоечките проблеми на интеграцијата.[100]
- Членови на нејзиниот кабинет и самата Меркел го поддржала зголемувањето на часовите за религија во јавните училишта и вклучување часови за Исламот.[101][102][103][104]
- Терминот alternativlos (германски за „без алтернатива“), кој бил често користен од Ангела Меркел при опишување на нејзините мерки за европската должничка криза, бил прогласен за најлош збор на годината во 2010 од жири на јазичари. Зборот бил прогласен за недемократски.[105]
- Нејзината особеност Merkel-Raute („Ромб на Меркел“) била опишувана како „веројатно еден од најпознатите гестови на раката во светот“. Нејзиниот политички симбол имал измешани мислења, тргнувајќи од тоа дека бил користен најмногу во текот на изборите во 2013, до обвинувања за култ на личност од нејзините соперници.[106]
- Во текот на посетата на американскиот претседател Барак Обама во Берлин, Меркел изјавила на 19 јуни 2013 за шпионската афера во 2013 дека „Интернетот е нова земја („Neuland“) за сите нас“. Користејќи го терминот за нешто ново откриено или непознато довело до различни интернет феномени и исмејување на Меркел.[107][108]
Наводи
уреди- ↑ Лангут, Герд (2005). Ангела Меркел (германски). Минхен: dtv. стр. 50. ISBN 3-423-24485-2.
Merkel wollte immer mit der Betonung auf dem 'e' Angela genannt werden. (Меркел секогаш сакала нејзиното име да биде изговорено со нагласок на „е“.)
- ↑ „Curriculum vitae: Angela Merkel“. German Federal Press and Information Office. Архивирано од изворникот на 2012-05-10. Посетено на 21 февруари 2012.
Од 2000 претседател на Демохристијанскиот сојуз . . .
- ↑ „Меркел го започна новиот мандат“. BBC. 28 октомври 2009. Архивирано од изворникот на 31 октомври 2009. Посетено на 1 ноември 2009.
- ↑ 4,0 4,1 „German Chancellor Angela Merkel makes a hat-trick win in 2013 Elections“. Архивирано од изворникот 2017-03-18. Посетено на 23 септември 2013.
- ↑ „Can Angela Merkel Fix Europe's Economic Crisis?“. NPR. Посетено на 15 мај 2012.
- ↑ Balasubramanyam, Ranjitha (16 септември 2013). „All Eyes on Berlin“. Foreign Policy. Посетено на 23 септември 2013.
- ↑ Gayle, Damien (18 јули 2012). „50 Shades of Angela Merkel: German Chancellor's outfits recreated as Pantone colour chart (but none of them are very sexy)“. Daily Mail. Посетено на 23 септември 2013.
- ↑ Francis, David (22 септември 2013). „"Mama" Merkel May Win Germany, But Not the Euro Zone“. The Fiscal Times. Посетено на 22 септември 2013.
- ↑ Wagele, Elizabeth (16 јули 2012). „What Personality Type is Angela Merkel?“. Psychology Today. Посетено на 23 септември 2013.
- ↑ „Angela Merkel 'world's most powerful woman'“. The Daily Telegraph. London. 24 август 2011.
- ↑ „Profile Angela Merkel“. Forbes. 18 април 2012. Посетено на 11 септември 2012.
- ↑ Лангут, Герд (август 2005). Ангела Меркел. DTV (германски). стр. 10. ISBN 3-423-24485-2.
- ↑ „Merkels Vater gestorben - Termine abgesagt“ (германски). newsecho. 3 септември 2011. Архивирано од изворникот на 2011-12-14. Посетено на 8 септември 2011.
- ↑ „Was an Angela Merkels Mutter vorbildlich ist“. Welt Online (германски). 26 септември 2008. Посетено на 31 јули 2010.
'Nein, in der SPD bin ich nicht mehr.'
- ↑ Корнелиус, Штефан (2013). Angela Merkel: Die Kanzlerin und ihre Welt (германски). Hoffmann und Campe. стр. 7. ISBN 978-3455502916.
- ↑ Шест работи што не ги знаете за Ангела Меркел. The Guardian 10 септември 2013. 29 октомври 2013.
- ↑ Лангут, Герд (август 2005) [2005]. Ангела Меркел. dtv (германски). Минхен. ISBN 3-423-24485-2.
- ↑ „Die Schläferin“ (германски). Der Spiegel. 9 ноември 2009. Посетено на 19 август 2011.
- ↑ „Glänzend in Physik, mäßig in der Ideologie“ (германски). Der Spiegel. 31 јануари 2010. Посетено на 7 јуни 2010.
"Nach meiner Erinnerung war ich Kultursekretärin. Aber was weiß ich denn? Ich glaube, wenn ich 80 bin, weiß ich gar nichts mehr", sagt sie
- ↑ Лангут, Герд (2005). Ангела Меркел (германски). DTV. стр. 50. ISBN 3-423-24485-2.
- ↑ „Drogenwahn auf der Dauerbaustelle“. Spiegel (германски). 27 март 2009. Посетено на 19 август 2011.
- ↑ Меркел, Ангела (1986). Untersuchung des Mechanismus von Zerfallsreaktionen mit einfachem Bindungsbruch und Berechnung ihrer Geschwindigkeitskonstanten auf der Grundlage quantenchemischer und statistischer Methoden (германски). Берлин: Академија на науките на ГДР. наведена во Лангут, Герд (август 2005). Ангела Меркел (германски). Минхен: DTV. стр. 109. ISBN 3-423-24485-2. и запишана во Катологот на Германската национална библиотека под предмет број 30 (хемија)
- ↑ Лангут, Герд (август 2005) [2005]. Ангела Меркел (германски). Минхен: dtv. стр. 112–137. ISBN 3-423-24485-2.
- ↑ „Des Altkanzlers mahnende Worte“ (германски). Zeit Online. 1 октомври 2010. Посетено на 19 август 2011.
- ↑ „Kohls unterschätztes Mädchen“ (германски). Spiegel Online. 30 мај 2005. Посетено на 19 август 2011.
- ↑ „Merkel fordert längere Arbeitszeit“. Der Spiegel (германски). 18 мај 2003. Посетено на 27 август 2011.
- ↑ „Merkel: Nuclear phase-out is wrong“. World Nuclear News. 10 јуни 2008. Архивирано од изворникот на 14 јули 2011. Посетено на 27 август 2011.
- ↑ Марлис Казир и Јост Јонгерден. Национализам и политика во Турција (2010) стр. 110
- ↑ „Меркел именувана за германски канцелар“. BBC News. 10 октомври 2005. Посетено на 27 август 2011.
- ↑ „German parties back new coalition“. BBC News. 14 ноември 2005.
- ↑ „Меркел стана германски канцелар“. BBC. 22 ноември 2005.
- ↑ „German coalition poised for power“. BBC. 11 ноември 2005.
- ↑ „Меркел го брани реформскиот план во Германија“. BBC. 12 ноември 2005.
- ↑ „Меркел се сретна со далај-ламата“. Euronews. Посетено на 2 март 2010.
- ↑ „Enterprise policies“ (PDF). Европски Совет. Посетено на 11 септември 2012.
- ↑ „Jean-Luc Mélenchon: "Le futur grand Marché transatlantique"“. Dailymotion. 21 април 2009. Посетено на 11 септември 2012.
- ↑ „Intervention de Jean-Luc Mélenchon sur la Défense“. Dailymotion. 4 април 2012. Посетено на 11 септември 2012.
- ↑ „'They're Not Getting any Warmer': Merkel Faces Difficult Talks in Washington“. Spiegel. Посетено на 2 март 2010.
- ↑ „A Trans-Atlantic Show of Friendship: Obama Praises His 'Friend Chancellor Merkel'“. Spiegel. Посетено на 2 март 2010.
- ↑ „Dependence on Russian gas worries some – but not all – European countries“. The Christian Science Monitor. 6 март 2008. Посетено на 23 август 2011.
- ↑ Klitschko, Merkel discuss prospects for signing EU-Ukraine association agreement, Kyiv Post (5 декември 2012)
- ↑ „Канцеларот на Германија оди во Израел“. The New York Times. 16 март 2008. Архивирано од изворникот 2011-10-11. Посетено на 3 септември 2011.
- ↑ Роџер Бојс, Берлин (18 март 2008). „Германската канцеларка Ангела Меркел ги зајакнува врските за израелската 60-годишнина“. The Australian. Архивирано од изворникот на 2008-12-22. Посетено на 2 март 2010.
- ↑ „Friends in high places“. Economist. 19 март 2008. Посетено на 3 септември 2011.
- ↑ „Photo Gallery: Merkel Wishes Israel Happy 60th“. Spiegel. 17 март 2008. Посетено на 3 септември 2011.
- ↑ Мекинтајр, Доналд (13 март 2008). „Israeli hardliners 'will walk out' when Merkel addresses Knesset in German“. Independent. Лондон. Посетено на 3 септември 2011.
- ↑ „Меркел: Израел мора да ја запре изградбата на населби“. Jewish Federations. Архивирано од изворникот на 2012-05-29. Посетено на 15 мај 2012.
- ↑ Кеинон, Херб (31 јануари 2011). „PM, Merkel disagree openly on settlements“. JPost. Посетено на 15 мај 2012.
- ↑ Паркин, Брајан; Сус, Оливер (6 октомври 2008). „Hypo Real Gets EU50 Billion Government-Led Bailout“. Bloomberg. Посетено на 6 октомври 2008.
- ↑ „Germany guarantees all private bank accounts“. Forbes. Архивирано од изворникот на 6 октомври 2008. Посетено на 6 октомври 2008.
- ↑ Витлок, Крег (6 октомври 2008). „Germany to guarantee Private Bank Accounts“. Washington Post. Посетено на 6 октомври 2008.
- ↑ 52,0 52,1 „Bank uncertainty hits UK shares“. BBC. 6 октомври 2008. Архивирано од изворникот на 7 октомври 2008. Посетено на 6 октомври 2008.
- ↑ 53,0 53,1 53,2 53,3 „Германија и Индија - Прослава за 60 години дипломатски односи“. Индија. Архивирано од изворникот на 2008-10-06. Посетено на 17 септември 2012.
- ↑ „Angela Merkel in India for joint cabinet meet“. The Times of India. 31 мај 2011. Посетено на 8 септември 2011.
- ↑ „Меркел вели дека германското мултикултурно општество не успеало“. BBC. 17 октомври 2010.
- ↑ „Zentralrat der Juden kritisiert Seehofer: Debatte ist scheinheilig und hysterisch“. Südwestrundfunk (германски). Посетено на 21 октомври 2010.
Wir fühlen uns dem christlichen Menschenbild verbunden, das ist das, was uns ausmacht. Wer das nicht akzeptiert, der ist bei uns fehl am Platz
[мртва врска] - ↑ „Germany's charged immigration debate“. BBC. 17 октомври 2010. Посетено на 17 октомври 2011.
- ↑ Пид, Хелен (21 февруари 2011). „Angela Merkel's party crushed in Hamburg poll“. The Guardian. Лондон. Посетено на 23 август 2011.
- ↑ „German opposition hits 11-year high in polls“. France24. 5 август 2011. Посетено на 23 август 2011.
- ↑ „Union dank Merkel im Umfrage-Aufwind“. Stern. 10 февруари 2012. Посетено на 12 февруари 2012.
- ↑ Пенфолд, Чак DW-world.de Merkel's new cabinet sworn in Deutsche Welle, 30 октомври 2009. 1 ноември 2009
- ↑ „Договорена новата германска владина коалиција“. DW на македонски. 27 ноември 2013. Посетено на 7 декември 2012.
- ↑ „Биографија: Ангела Меркел, р. 1954“. DHM. Посетено на 2 март 2010.
- ↑ „Joachim Sauer, das Phantom an Merkels Seite“. Die Zeit (германски). 14 август 2009. Посетено на 11 јуни 2010.
- ↑ „Das diskrete Glück“. Bild (германски). 28 декември 2008. Архивирано од изворникот на 2009-05-22. Посетено на 11 јуни 2010.
- ↑ Џејмс М. Клател (9 август 2006). „Germany's First Fella, Angela Merkel Is Germany's Chancellor; But Her Husband Stays Out Of The Spotlight“. CBS News. Посетено на 2 март 2010.
- ↑ „The shocking Mr Schockenhoff“. Economist. 10 ноември 2012. Посетено на 21 септември 2013.
- ↑ „Angela Merkel im Fußballfieber“. Focus (германски). 15 март 2013. Посетено на 24 март 2013.
- ↑ „Kanzlerin Merkel kommt erst wieder zum Finale“. Handelsblatt (германски). 23 јуни 2012. Архивирано од изворникот на 2012-06-27. Посетено на 24 март 2013.
- ↑ Quirinale
- ↑ „Bundesverdienstkreuz für Merkel“. tagesschau. Посетено на 2 март 2010.
- ↑ Russell among 15 Presidential Medal of Freedom honorees. NBA (18 ноември 2010). 18 април 2011.
- ↑ „Executive Order 11085“. Wikisource. Посетено на 1 април 2011.
- ↑ Kongehuset
- ↑ „Почесни докторати“. Еврејски универзитет во Ерусалим. Посетено на 2 март 2010.
- ↑ „Pressemitteilung 2008/106 der Universität Leipzig“ (германски). Universität Leipzig. 20 мај 2008. Архивирано од изворникот на 2008-12-20. Посетено на 2 март 2010.
- ↑ „Doktorat honoris causa dla Merkel,Rzeczpospolita“ (полски). RP. 24 септември 2008. Архивирано од изворникот на 2012-05-13. Посетено на 2 март 2010.
- ↑ Universitatea Babes-Bolyai Архивирано на 2 септември 2011 г.. Web.ubbcluj.ro. 18 април 2011.
- ↑ Angela Merkel a primit titlul de Doctor Honoris Causa al Universităţii Babeş-Bolyai. Realitatea .Net (12 октомври 2010). 18 април 2011.
- ↑ Cancelarul Germaniei, Angela Merkel, a primit titlul de Doctor Honoris Causa al UBB Cluj|Romania Libera 18 април 2011.
- ↑ „Награда Карло Велики 2008: Ангела Меркел“. Ахен. Архивирано од изворникот на 2012-03-06. Посетено на 2 март 2010.
- ↑ Karlspreis.de Архивирано на 18 декември 2008 г.(германски)
- ↑ John P. Reeves. „B'nai B'rith Europe grants Award of Merit to DR. Angela MERKEL“. B'nai B'rith Europe. Архивирано од изворникот на 2011-07-20. Посетено на 2013-12-12.
- ↑ Серафин, Татјана (31 август 2006). „100 највлијателни жени: #1 Ангела Меркел“. Форбс. Архивирано од изворникот на 19 април 2009. Посетено на 1 мај 2009.
Серафин, Татјана (30 август 2007). „100 највлијателни жени: #1 Ангела Меркел“. Форбс. Архивирано од изворникот на 30 април 2009. Посетено на 17 мај 2009.
Серафин, Татјана (27 август 2008). „100 највлијателни жени: #1 Ангела Меркел“. Форбс. Архивирано од изворникот на 19 април 2009. Посетено на 17 мај 2009.
Серафин, Татјана (19 август 2009). „100 највлијателни жени: #1 Ангела Меркел“. Форбс. Посетено на 20 август 2009.
„Merkel most powerful woman in world: Forbes“. Euronews. 26 август 2011. Посетено на 19 декември 2011. - ↑ „Angela Merkel – 50 People Who Matter 2010“. Архивирано од изворникот на 2 октомври 2010. Посетено на 29 септември 2010.
- ↑ „"Chancellor Angela Merkel Receives Global Leadership Award"“. Архивирано од изворникот на 2011-07-21. Посетено на 2013-12-12.
- ↑ Baeck, Leo. (22 август 2010) LBI Presents Leo Baeck Medal to Chancellor Angela Merkel | Leo Baeck Institute, New York. Leobaeck Institute Retrieved 18 април 2011.
- ↑ „Angela Merkel Receives Jawaharlal Nehru Award for International Understanding“. ABC. 1 јуни 2011. Посетено на 16 ноември 2011.
- ↑ Рајзен, Клеј (5 јули 2005). „Is Angela Merkel the next Maggie Thatcher?“. Slate.
- ↑ Kurbjuweit, Dirk (11 март 2009). „Merkel's Dream of a Place in the History Books“. Spiegel.
- ↑ „Новиот железен канцелар“. The Economist. 26 ноември 2009.
- ↑ Лангут, Герд (август 2005). Ангела Меркел (германски). Минхен: DTV. стр. 10. ISBN 3-423-24485-2.
- ↑ „Највлијателни луѓе во светот“. Форбс. Посетено на 4 јануари 2012.
- ↑ „Merkel honours Mohammad cartoonist at press award“. Reuters. 8 септември 2010. Архивирано од изворникот на 2012-10-02. Посетено на 2013-12-13.
- ↑ Дебата Сарацин: Дали Германија станува исламофобна. Spiegel. 18 април 2011.
- ↑ „Merkel honours Danish Muhammad cartoonist Westergaard“. BBC News. 8 септември 2010.
- ↑ DIE LINKE: Merkels Affront gegen Muslime Архивирано на 18 јули 2011 г.. Die-linke.de. 18 април 2011.
- ↑ Award for Danish Muhammad Cartoonist: Merkel Defends Press Freedom, Condemns Koran-Burning. Spiegel. 18 април 2011.
- ↑ Ehrung des Mohammed-Karikaturisten: Angela Merkels Risiko – Integration – Feuilleton. Faz.Net (8 септември 2010). 18 април 2011.
- ↑ (германски) Merkel: Sarrazin spaltet Gesellschaft N24 News. 14 јануари 2013.
- ↑ REGIERUNGonline – Islamunterricht an Schulen Архивирано на 3 јуни 2013 г.. Bundesregierung (17 мај 2009). 18 април 2011.
- ↑ (германски) Islam-Unterricht|Aktuelle News, Hintergründe und Bilder auf. Stern. 18 април 2011.
- ↑ (германски) Bundesregierung: De Maizière dringt auf Islam-Unterricht an Schulen – Nachrichten Politik – Deutschland – WELT ONLINE. 18 април 2011.
- ↑ Integration: Schäuble und Muslime planen Islam-Unterricht an deutschen Schulen. Spiegel. 18 април 2011.
- ↑ „Sprachkritik: "Alternativlos" ist das Unwort des Jahres“. Spiegel Online. 18 јануари 2011. Посетено на 2 јули 2013.
- ↑ „'Merkel diamond' takes centre stage in German election campaign“. The Guardian. 3 септември 2013. Посетено на 8 септември 2013.
- ↑ Strange, Hannah (20 јуни 2013). „Angela Merkel refers to internet as 'virgin territory'“. The Daily Telegraph. Посетено на 25 октомври 2013.
- ↑ Frickel, Claudia (20 јуни 2013). „Merkel beim Besuch von Obama: Das Netz lacht über Merkels "Internet-Neuland"“. Der Focus (германски). Посетено на 25 октомври 2013.
Надворешни врски
уреди„Ангела Меркел“ на Ризницата ? |
- Официјална страница на канцеларот на СР Германија[мртва врска] (германски) (англиски)
- Официјална лична страница Архивирано на 23 февруари 2011 г. (германски)
- Меркел на страница на нејзината партија (германски) (англиски)
- Ангела Меркел на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Дела од или за Ангела Меркел во разни библиотеки (каталог WorldCat) (англиски)
- Ангела Меркел собрани вести и коментари на The New York Times
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Урсула Лер |
Министер за жени и млади 1991–1994 |
Наследник Клаудија Нолте |
Претходник Клаус Тепфер |
Министер за животна средина 1994–1998 |
Наследник Јирген Тритин |
Претходник Герхард Шредер |
Канцелар на Германија 2005–денес |
На должноста |
Партиски функции | ||
Претходник Петер Хинце |
Генерален секретар на Демохристијанскиот сојуз 1998–2000 |
Наследник Рупрехт Поленц |
Претходник Волфганг Шојбле |
Водач на Демохристијанскиот сојуз 2000–денес |
На должноста |
Дипломатски функции | ||
Претходник Владимир Путин |
Претседавач на Г8 2007 |
Наследник Јасуо Фукуда |