Детмолд (административен округ)

Детмолд (германски: Detmold) — еден од петте административни окрузи во Северна Рајна-Вестфалија, Германија, кој се наоѓа во североисточниот дел на покраината. Тој е поврзан со административната непостоечката територија Источна Вестфалија-Липе (Ostwestfalen-Lippe).

Детмолд
Административен округ
Карта на North Rhine-Westphalia со округот Детмолд
Карта на North Rhine-Westphalia со округот Детмолд
ЗемјаГерманија
Сој. покраинаСеверна Рајна-Вестфалија
Админ. центарДетмолд
Површина
 • Вкупна6.518,14 км2 (251,667 ми2)
Население (31 декември 2023)[1]
 • Вкупно2.087.744
 • Густина3,2/км2 (8,3/ми2)
Мреж. местоwww.brdt.nrw.de
Споменик Херман во близина на Детмолд

Округот е создаден во 1947, кога поранешната покраина Липе бил припоена кон Северна Рајна-Вестфалија со спојување на поранешниот округ Минден со територијата на Липе. Минден како управна единица потекнува од 1815, кога со воспоставувањето на ваквите окрузи.

Местоположба

уреди

Округот Детмолд се наоѓа на североистокот на Северна Рајна-Вестфалија и затоа претставува област каде германските ниски планини се поделени од Северногерманската Низина. Како округ зафаќа површина од околу 6.500 км², тоа е една петтина од површината на Северна Рајна-Вестфалија. На север и исток од округот е германската покраина Долна Саксонија, на југ е покраината Хесен. На западната граница се наоѓаат административните окрузи Арнсберг и Минстер.

Управа

уреди

Управата се наоѓа во Детмолд во округот Липе. Од 21 јули 2005 Мариан Томан-Штал (ФДП) — водачот на администрацијата (Regierungspräsidentin).

Административна поделба

уреди

Округот е составен од сочинуваат шест окрузи со 69 општини и еден слободен град.

Окрузи
Kreise
Слободни градови
Kreisfreie Städte
  1. Гитерсло
  2. Херфорд
  3. Хекстер
  4. Липе
  5. Минден-Либеке
  6. Падерборн
  1. Билефелд

Историја

уреди

Детмолд има два историски корена:

  • источниот вестфалски дел (скоро 80% од површината) припаѓа на поранешната пруска провинција Вестфалија и таму е формирана единицата округ Минден. Во 1946 пруската провинција ја формирала новата покраина Северна Рајна-Вестфалија, заедно со северната Рајнска област.
  • округот околу кого се наоѓа денешниот округ Липе бил наречен Ланд Липе до 1947 и бил одделена германска држава, исто како Прусија. До 1918 тој бил кнежевство (Fürstentum), потоа слободна држава (Freistaat) и поради тоа има различно историско минато отколку Источна Вестфалија.

Надворешни врски

уреди

52°0′N 8°45′E / 52.000° СГШ; 8.750° ИГД / 52.000; 8.750

  1. „Населеност на местата“. Статистичка служба на Северна Рајна-Вестфалија. 20 јуни 2024. (германски)