Долна Баварија (германски: Niederbayern) — еден од седумте владини окрузи на Баварија, Германија, сместен на истокот на покраината.

Долна Баварија
Niederbayern
Административен округ
Карта на Bavaria со округот Долна Баварија
Карта на Bavaria со округот Долна Баварија
ЗемјаГерманија
Сој. покраинаБаварија
Админ. центарЛандсхут
Површина
 • Вкупна10.329,87 км2 (398,839 ми2)
Население (31 декември 2023)[1]
 • Вкупно1.280.685
 • Густина1,2/км2 (3,2/ми2)
Мреж. местоregierung.niederbayern.bayern.de

Географија

уреди

Долна Баварија е поделена на три региони (Planungsverband)— Ландсхут, Пасау и Донау-Валд. Последните изборни резултати го означија како најконзервативен дел од Германија, општо давајќи им огромна разлика на ЦСУ. Овој дел од Баварија ги вклучува Баварската Шума, многу познато туристичко одредиште во Германија и долните баварски ридови.

Окрузи
Landkreise
Слободни градови
Kreisfreie Städte
  1. Дегендорф
  2. Дилголфинг-Ландау
  3. Фројунг-Графенау
  4. Келхајм
  5. Ландсхут
  6. Пасау
  7. Реген
  8. Ротал-Ин
  9. Штраубинг-Боген
  1. Ландсхут
  2. Пасау
  3. Штраубинг

Население

уреди
Историското население
1900 678.192
1910 724.331
1939 755.980
1950 1.041.333
1961 927.724
1970 977.166
1987 1.027.374
2002 1.191.476
2005 1.196.923
2006 1.193.820
2008 1.193.444
2010 1.189.701

Историја

уреди

Војводството Долна Баварија било создадено за првпат со првата баварска поделба во 1255 под војводата Хајнрих Тринаесетти, но нема точна врска со моменталната територија. По повторното обединување во 1340, Баварија била поделана повторно во 1349, во 1353 Баварија-Штраубинг и Баварија-Ландсхут биле создадени во Долна Баварија. Во 1505 Баварија било конечно обединета. Во 1837 година кралот Лудвиг Први Баварски го создал округот Долна Баварија.

Надворешни врски

уреди
  1. „Преглед на состојбата на населението“. Баварска служба за статистика и обработка на податоци. јуни 2024. (германски)