Слободна Држава Олденбург
Слободна Држава Олденбург (германски: Freistaat Oldenburg) — сојузна држава на Вајмарската Република.[1] Основана е во 1918 г. по абдикацијата на големиот војвода Фридрих Август II по Ноемвриската револуција.
Слободна Држава Олденбург Freistaat Oldenburg | ||||||
држава на на Германија | ||||||
| ||||||
| ||||||
Слободната Држава Олденбург (црвено) во рамките на Вајмарската Република | ||||||
Главен град | Олденбург | |||||
Управа | република | |||||
Историја | ||||||
- | Основана | 1918 | ||||
- | Укината | 1946 | ||||
Површина | ||||||
- | 1925 | 6.427 км2 | ||||
Население | ||||||
- | 1925 | 545.172 жит. | ||||
Густина | 84,8 жит/км2 | |||||
Денес во | Германија |
Во 1937 г. државата ги изгубила ексклавните окрузи Ојтин кај балтичкото приморје и Биркенфелд во југозападна Германија, отстапувајќи ѝ ги на Прусија а за возврат го добила градот Вилхелмсхафен; сепак, ова било само формалност, бидејќи сојузните држави биле де факто укинати од националсоцијалистите уште во 1934 г..
На почетокот на Втората светска војна во 1939 г. како последица од територијалните промени Олденбург зафаќал површина од 5.375 км2 и броел 580.000 жители.
По Втората светска војна, Олденбург е споен со новосоздадената покраина Долна Саксонија како управен округ, и обете во 1949 г. станале дел од Западна Германија. Двете енклави влегле во покраините Шлезвиг-Холштајн односно Рајнската област-Пфалц.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Oldenburg: Die Staatsministerien 1918-1933“. www.gonschior.de. Посетено на 26 октомври 2017.