Џамал Мусиала (роден на 26 февруари 2003 година, во Штутгарт) — германски фудбалер, играч од средниот ред на Бајерн Минхен и на германската репрезентација.

Џамал Мусиала
Лични податоци
Роден на 26 февруари 2003(2003-02-26)(21 г.)
Роден во Штутгарт, Германија
Држава Германија Германија
Англија Англија
Висина &100000000000001840000001,84 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Бајерн Минхен Бајерн Минхен
Број 42
Младинска кариера
Лехнерц
Саутхемптон Саутхемптон
Челси Челси
Бајерн Минхен Бајерн Минхен
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2020-2021 Бајерн Минхен II Бајерн Минхен II 10 (2)
2020- Бајерн Минхен Бајерн Минхен 114 (33)
Репрезентација
2016-2017 Англија Англија 15 3 (4)
2018 Германија Германија 16 2 (0)
2018-2019 Англија Англија 16 5 (2)
2019-2020 Англија Англија 17 9 (2)
2020 Англија Англија 21 2 (1)
2021- Германија Германија 27 (2)
* Ажурирано на: 20 јуни 2014
** Ажурирано на: 1 септември 2014

Биографија

уреди

Мусиала е роден во Штутгарт, Германија, од британско-нигериски татко и мајка германка со полски корени.[1][2] Тој живеел во Фулда до седумгодишна возраст, пред да се пресели во Англија со своето семејство, каде што останал до крајот на своето детство.[3][4] Таму, тој започнал посериозно да се занимава со фудбал, играјќи прво во академијата на Саутхемптон, а потоа и на Челси.[3]

Клупска кариера

уреди

Почетоци

уреди

Во јули 2019 година, на 16-годишна возраст, Мусиала го напуштил Челси за да му се приклучи на Бајерн Минхен.[5][6]

На 3 јуни 2020 година, Мусиала го направил своето деби во професионалниот фудбал, влегувајќи како замена за Бајерн Минхен II во победата со 3–2 над Пројсен Мунстер во 3. Лига.[7] Шест дена подоцна, тој постигнал ги постигнал двата гола за Бајерн Минхен II во победата со 2-0 на домашен терен над Цвикау.[8]

Бајерн Минхен

уреди

На 20 јуни 2020 година, Мусиала го направил своето деби за првиот тим на Бајерн, играјќи во натпреварот од Бундеслигата против Фрајбург, со што станал најмладиот играч што одиграл натпревар за Бајерн во Бундеслигата, на возраст од 17 години и 115 дена.[9][10] Исто така, бил дел од тимот што ја освоил Лигата на шампионите, но тој не настапил ниту еднаш за време на турнирот.[11]

Следната сезона, младиот играч добил многу повеќе простор за игра и ја стекнал својата афирмација во баварскиот клуб. На 18 септември 2020 година, Мусиала го постигнал својот прв гол во Бундеслигата во победата со 8-0 над Шалке, со што станал најмладиот стрелец на Баерн, на возраст од 17 години и 205 дена, соборувајќи го претходниот рекорд на Роке Санта Крус, на возраст од 18 години и 12 дена..[3][12] На 30 септември, Бајерн Минхен го освоил Суперкупот на Германија совладувајќи ја Борусија Дортмунд со 3-2, а Мусиала влегол во игра во 84-тата минута на местото на Хави Мартинес. На 3 ноември, Мусиала го направил своето деби во Лигата на шампионите како замена за Томас Милер во победата со 6–2 на гости над Ред Бул Салцбург,[13] додека, на 23 февруари 2021 година, Мусиала го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите во победата со 4–1 на гостински терен над Лацио во првиот натпревар од осминафиналето, станувајќи најмладиот стрелец на натпреварувањето од англиска и германска националност.[14][15] Тој, исто така, станал најмладиот стрелец на Бајерн во европските натпреварувања, со 17 години и 363 дена, соборувајќи го претходниот рекорд на Самуел Куфур.[16] На 5 март, откако веќе наполнил 18 години, тој го потпишал својот прв професионален договор со Бајерн Минхен со важност до 2026 година.[17] На крајот од сезоната освоил уште една титула во Бундеслигата, за која придонесол со 26 настапи и 6 гола.

На 25 август 2021 година, Мусиала ги постигнал своите први два гола за сезоната 2021-2022 во победата со 12–0 во Купот на Германија над Бремер.[18][19] Три дена подоцна, го постигнал својот прв првенствен гол за сезоната во победата со 5-0 на домашен терен над Херта.[20] На 8 декември 2021 година, тој постигнал гол во победата со 3–0 над Барселона во Лигата на шампионите.[21] На 23 април 2022 година, со својот погодок во победата со 3-1 над Борусија Дортмунд во Дер Класикер, Мусиала ја запечатил титулата на Бајерн во Бундеслигата, десетта по ред за баварците во домашното првенство започнувајќи од 2013 година.[22][23][24] Сезоната ја завршил со 40 настапи и 8 гола во сите натпреварувања.

 
Мусиала (десно), во дуел со Лукас Клостерман од РБ Лајпциг во Суперкупот на Германија 2022.

Сезоната 2022-2023 за Мусиала била најдобрата во кариерата на индивидуален план; тој постигнал вкупно 16 голови во сите натпреварувања од кои 12 биле во Бундеслигата каде бил втор стрелец на Бајерн зад Серж Гнабри кој постигнал 14.[25] Сепак, најважниот од нив дошол на 27 мај 2023 година, кога тој го постигнал победничкиот гол во 89-тата минута при успехот со 2-1 на гостувањето кај ФК Келн, гол со кој на Бајерн му ја донел единаесеттата последователна титула во лигата, престигнувајќи ги главните конкуренти Борусија Дортмунд во последното коло благодарение на подобрата гол-разлика.[26]

Репрезентативна кариера

уреди

Откако минал речиси низ сите англиски младински селекции, од под 15 до под 21 година (со исклучок на краткиот период во кој настапувал за германската репрезентација под 16 години во 2018 година), на 24 февруари 2021 година, тој ја објавил својата одлука да ја претставува Германија на сениорско ниво.[27] На 25 март 2021 година, тој го направил своето деби со сениорската репрезентација на Германија, во успехот со 3-0 против Исланд, станувајќи најмладиот дебитант во репрезентацијата со 18 години и 27 дена, уште од Уве Зелер (кој дебитирал со 17 години и 345 дена) во 1954 година.[28]

Селекторот Јоаким Лев, потоа го вклучил Мусиала во тимот на панцирите кој учествувал на Европското првенство 2020. Своето деби на турнирот го имал за време на натпреварот од третото коло на групната фаза против Унгарија, заменувајќи го Робин Госенс во 82-рата минута, и учествувал во акцијата која со гол ја завршил Леон Горецка со што бил поставен конечниот резултат 2-2, исход кој на Германија и овозможил пласман натаму во осминафиналето.[29] На возраст од 18 години и 117 дена, Мусиала станал најмладиот играч што некогаш играл за германската репрезентација на Европско или Светско првенство.[29]

На 11 октомври 2021 година, тој го постигнал својот прв гол за репрезентацијата при успехот во Скопје со 4-0 против Македонија, во натпревар од квалификацискиите за Светското првенство 2022; со 18 години и 227 дена, тој станал најмладиот стрелец во историјата на националниот тим по Мариус Хилер (кој го постигнал својот прв гол на 17 години и 241 дена).[30][31][32][33]

На 10 ноември 2022 година, Мусиала бил повикан за Светското првенство 2022 во Катар.[34] На 23 ноември, тој го направил своето „мундијалско“ деби, започнувајќи во првото коло од групната фаза против Јапонија, со што станал првиот германски тинејџер кој настапил на Светско првенство од 1958 година, и четвртиот најмлад германски играч, на возраст од 19 години и 270 дена, единствено зад: Карл-Хајнц Шнелингер, Леополд Нојмер и Едмунд Конен.[35] Во истиот натпревар, во 90-тата минута во игра влегол и Јусуфа Мукоко, кој станал најмладиот играч на Германија на мундијалите, а Мусиала потоа паднал на петтото место.[36] Тој играл и во другите два натпревари на Германија во групата против Шпанија и Костарика, но репрезентацијата не успеала да ја мине истата завршувајќи на третото место со 4 освоени бода колку и Шпанија, но со полоша гол-разлика.

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Германија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
25-3-2021 Дисбург Германија   3 – 0   Исланд Квал. за СП 2022 -   78'
31-3-2021 Дисбург Германија   1 – 2   Македонија Квал. за СП 2022 -   88'   89'
7-6-2021 Диселдорф Германија   7 – 1   Латвија Пријателска -   76'
23-6-2021 Минхен Германија   2 – 2   Унгарија Евро 2020 - Прва фаза -   82'
29-6-2021 Лондон Англија   2 – 0   Германија Евро 2020 - Осминафинале -   90+2'
2-9-2021 Санкт Гален Лихтенштајн   0 – 2   Германија Квал. за СП 2022 -   60'
5-9-2021 Штутгарт Германија   6 – 0   Ерменија Квал. за СП 2022 -   60'
8-9-2021 Рејкјавик Исланд   0 – 4   Германија Квал. за СП 2022 -   60'
11-10-2021 Скопје Македонија   0 – 4   Германија Квал. за СП 2022 1   74'
26-3-2022 Зинсхајм Германија   2 – 0   Израел Пријателска -
29-3-2022 Амстердам Холандија   1 – 1   Германија Пријателска -   69'
4-6-2022 Болоња Италија   1 – 1   Германија УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза -   59'
7-6-2022 Минхен Германија   1 – 1   Англија УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза -   65'
11-6-2022 Будимпешта Унгарија   1 – 1   Германија УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза -   78'
14-6-2022 Менхенгладбах Германија   5 – 2   Италија УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза -   75'
23-9-2022 Лајпциг Германија   0 – 1   Унгарија УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза -   69'
26-9-2022 Лондон Англија   3 – 3   Германија УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза -   79'
23-11-2022 Ал Рајан Германија   1 – 2   Јапонија СП 2022 - Прва фаза -   79'
27-11-2022 Ал Хор Шпанија   1 – 1   Германија СП 2022 - Прва фаза -
1-12-2022 Ал Хор Костарика   2 – 4   Германија СП 2022 - Прва фаза -
12-6-2023 Бремен Германија   3 – 3   Украина Пријателска -   62'
16-6-2023 Варшава Полска   1 – 0   Германија Пријателска -   68'
20-6-2023 Гелзенкирхен Германија   0 – 2   Колумбија Пријателска -
14-10-2023 Ист Хартфорд САД   1 – 3   Германија Пријателска 1   80'
18-10-2023 Филаделфија Мексико   2 – 2   Германија Пријателска -   87'
23-3-2024 Лион Франција   0 – 2   Германија Пријателска -   80'
26-3-2024 Франкфурт на Мајна Германија   2 – 1   Холандија Пријателска -
Вкупно Настапи 27 Голови 2

Статистика

уреди

Клупска статистика

уреди

Статистиката е ажурирана 8 мај 2024.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2019-2020   Бајерн Минхен II 8 2 - - - - - - - - - 8 2
2020-2021 2 0 - - - - - - - - - 2 0
Вкупно Бајерн Минхен II 10 2 - - - - - - 10 2
2019-2020   Бајерн Минхен 1 0 КГ 0 0 ЛШ 0 0 - - - 1 0
2020-2021 26 6 КГ 2 0 ЛШ 6 1 СГ+СУ+Скп 1+0+2 0 37 7
2021-2022 30 5 КГ 1 2 ЛШ 8 1 СГ 1 0 40 8
2022-2023 33 12 КГ 4 3 ЛШ 9 0 СГ 1 1 47 16
2023-2024 24 10 КГ 2 0 ЛШ 11 2 СГ 1 0 32 12
Вкупно Бајерн Минхен 114 33 9 5 34 4 6 1 163 43
Вкупно во кариера 124 35 9 5 34 4 6 1 173 45

Титули

уреди
Бајерн Минхен
2019-2020, 2020-2021, 2021-2022, 2022-2023
2019-2020, 2020-2021, 2021-2022
2020
2020

Наводи

уреди
  1. „Jamal Musiala: Bayern Munich youngster picks Germany over England at international level“. BBC Sport. 24 February 2021. Посетено на 25 February 2021.
  2. Hau, Kerry. „THE MAKING OF JAMAL MUSIALA“. Goal.com. Посетено на 8 December 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Jamal Musiala: Who is Bayern Munich's half-English, half-German star of the future?“. Bundesliga. Посетено на 19 July 2020.
  4. „Bayern wonderkid Musiala 'sees his future' with England amid international tussle with Germany“. Goal.com. Perform Group. 12 November 2020. Посетено на 25 February 2021.
  5. „Bayern Munich sign 16-year-old Chelsea talents Jamal Musiala and Bright Arrey-Mbi“. Bundesliga. 2 July 2019. Посетено на 5 June 2020.
  6. Kollmann, Steffen (29 February 2020). „Der Ex-Lehnerzer Jamal Musiala startet beim FC Bayern München durch“. Fuldaer Zeitung (германски). Посетено на 13 December 2020.
  7. „Bayern München II vs. Preußen Münster 3–2: Summary“. Soccerway. Perform Group. Посетено на 25 February 2021.
  8. „Joker Musiala löst die Bayern-Blockade vor dem Tor“ (германски). 9 јуни 2020.
  9. „Jamal Musiala: Jüngster Bundesliga-Debütant des FC Bayern“ (германски). FC Bayern Munich. 20 June 2020. Посетено на 8 August 2020.
  10. „Fünf Bayern-Talente feierten diese Saison ihr Bundesliga-Debüt“ (германски). FC Bayern Munich. 21 June 2020. Посетено на 8 August 2020.
  11. „Paris St-Germain 0-1 Bayern Munich: German Side win Champions League“. BBC Sport. Посетено на 13 September 2022.
  12. „Bayern Munich 8–0 FC Schalke 04“. BBC Sport. 18 September 2020. Посетено на 18 September 2020.
  13. „Resolute Reds down battling Salzburg“. FC Bayern Munich. 3 November 2020.
  14. „Lazio 1-4 Bayern Munich: Jamal Musiala becomes youngest English scorer“. BBC Sport. 23 February 2021. Посетено на 23 February 2021.
  15. „Musiala toppt alle: Die jüngsten deutschen CL-Torschützen“. kicker. Olympia-Verlag. 24 February 2021. Посетено на 24 February 2021.
  16. „Jamal Musiala becomes Bayern Munich's youngest UEFA Champions League goalscorer“. Bundesliga. February 2021.
  17. „Musiala signs until 2026“. Bayern Munich. 5 March 2021.
  18. „Choupo-Moting nets four as Bayern Munich score 12 against Bremer SV“. Bundesliga. Посетено на 24 April 2022.
  19. „Bayern put 12 past Bremer SV in cup win“. BBC Sport. Посетено на 24 April 2022.
  20. „Lewandowski grabs hat-trick as records tumble“. BBC Sport. Посетено на 24 April 2022.
  21. „Barcelona out of Champions League“. BBC Sport. Посетено на 24 April 2022.
  22. Bosher, Luke. „Bayern Munich win 10th consecutive Bundesliga title after victory over Borussia Dortmund“. The Athletic. Посетено на 24 April 2022.
  23. „Bayern seal 10th straight Bundesliga title“. BBC Sport. Посетено на 24 April 2022.
  24. „Unstoppable Bayern Munich make it 10 Bundesliga titles on the bounce with Klassiker win over Borussia Dortmund“. Bundesliga. Посетено на 24 April 2022.
  25. „Jamal Musiala: "I didn't think about it, I just celebrated.". OneFootball. 27 May 2023.
  26. „Bayern Munich champions again after Dortmund meltdown“. DW. 27 May 2023.
  27. „Musiala ha scelto: giocherà per la nazionale tedesca“. 24 февруари 2021.
  28. „Jamal Musiala debütiert für deutsche Nationalmannschaft: Jüngster Spieler seit Uwe Seeler“ (германски). Посетено на 2021-03-26. Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help)
  29. 29,0 29,1 „Jamal Musiala è diventato il giocatore più giovane a giocare una gara con la Germania in un torneo importante“. 23 јуни 2021.
  30. (англиски) https://www.bundesliga.com/en/bundesliga/news/jamal-musiala-crazy-rise-with-bayern-munich-germany-chelsea-17562. Посетено на 2021-10-12. Занемарен непознатиот параметар |titolo= (се препорачува |title=) (help); Отсутно или празно |title= (help)
  31. „Jamal Musiala among the goals in North Macedonia as Germany qualify for Qatar 2022“ (англиски). Посетено на 2021-10-12.
  32. „Der Fünf-Wochen-Rekord – Jamal Musiala jüngster WM-Quali-Torschütze für Deutschland“ (германски). Посетено на 2021-10-12. Занемарен непознатиот параметар |sito= (се препорачува |website=) (help); Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help)
  33. „Nationalmannschaft - Nationalmannschaft: Jamal Musiala ist zweijüngste Torschütze in der DFB-Geschichte“ (германски). 2021-10-11. Посетено на 2021-10-12.
  34. „Flick beruft Moukoko, Füllkrug und Götze in WM-Kader“ [Flick names Moukoko, Füllkrug and Götze to World Cup squad] (германски). German Football Association. 10 November 2022. Посетено на 10 November 2022.
  35. „Historischer Einsatz von Musiala“. sport1.de (германски). 23 November 2022.
  36. „Moukoko knackt 64 Jahre alten Rekord - Musiala Fünfter“. kicker.de (германски). 23 November 2022.

Надворешни врски

уреди