Хави Мартинес

шпански фудбалер

Хавиер „Хави“ Мартинес Агинага (шпански изговор: [ˈxaβi marˈtineθ aɣiˈnaɣa]; роден во Естела, на 2 септември 1988 година) — шпански фудбалер кој игра за Баерн Минхен во германската Бундеслига, како дефанзивец или дефанзивен играч за врска. Во Билбао во тимот на Атлетик Билбао пристигнал во 2006 година пред својот 18-ти роденден, и бргу се наметнал како стартер.

Хави Мартинес
Мартинес пред натпреварот за Шпанија 21 во 2012
Лични податоци
Полно име Хавиер Мартинес Агинага[1]
Роден на 2 септември 1988(1988-09-02)(36 г.)
Роден во Естела, Шпанија
Држава Шпанија Шпанија
Висина 1.90 м (6 ст 3 ин)[2]
Позиција среден ред, одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Бајерн Минхен Бајерн Минхен
Број 8
Младинска кариера
1993–1995 Берцео
1995–1997 Логроњес
1997–2000 Аренас
2000 Изара
2001–2005 Осасуна
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005–2006 Осасуна Осасуна 32 (3)
2006–2012 Атлетик Билбао Атлетик Билбао 201 (22)
2012– Бајерн Минхен Бајерн Минхен 85 (5)
Репрезентација
2005 Шпанија Шпанија 17 5 (0)
2006–2007 Шпанија Шпанија 19 5 (0)
2007–2011 Шпанија Шпанија 21 24 (1)
2012 Шпанија Шпанија 23 4 (1)
2010– Шпанија Шпанија 18 (0)

Мартинес го освоил Светското првенство во фудбал во 2010 година и ЕУРО 2012 со репрезентацијата на Шпанија.

Клупска кариера

уреди

Мартинес е роден во Естела-Лизара, Навара. Првиот професионален договор го потпишал со Атлетик како 17-годишник за шест милиони евра во летото 2006 година.[3] Мартинес набргу станал незаменлив во својата прва сезона, каде што забележал значајни резултати. Сезоната ја завршил со 35 одиграни натпревари, на кои постигнал 3 голови.

На 29 август 2012 година, Баерн Минхен ја платил откупната клаузула од 40 милиони во неговиот договор, а Мартинес потпишал петогодишен договор со германскиот клуб. Тој така поставил рекорд во 50-годишната историја на Бундеслигата. Мартинес дебитирал на 2 септември - на својот 24-ти роденден - влегувајќи во 77-та минута како замена за Бастијан Швајнштајгер, на натпреварот против ФК Штутгарт. Тој го постигнал својот прв гол за новиот клуб против Хановер 96, на 24 ноември.

Трофеи и награди

уреди

Атлетик Билбао

уреди

Баерн Минхен

уреди

Наводи

уреди
  1. „FIFA World Cup South Africa 2010: List of players“ (PDF). FIFA. 4 June 2010. стр. 29. Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-06-16. Посетено на 13 September 2013.
  2. „Javier Martínez“. FC Bayern Munich. Архивирано од изворникот на 2016-07-27. Посетено на 20 September 2014.
  3. „Athletic spend big on starlet“. Sky Sports. 2 јули 2006. Посетено на 16 февруари 2010.

Надворешни врски

уреди