Серж Давид Гнабри (роден на 14 јули 1995) — германски фудбалер, крило на Бајерн Минхен и на германската репрезентација.

Серж Гнабри
Лични податоци
Полно име Серж Давид Гнабри
Роден на 14 јули 1995(1995-07-14)(29 г.)
Роден во Штутгарт, Германија
Држава Германија Германија
Висина &100000000000001730000001,73 м
Позиција крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Бајерн Минхен Бајерн Минхен
Број 7
Младинска кариера
Вајсбах
Хеминген
Дицинген Дицинген
Фјуербах
Штутгарт Кикерс Штутгарт Кикерс
Штутгарт Штутгарт
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2012-2016 Арсенал Арсенал 10 (1)
2015-2016Вест Бромвич Албион Вест Бромвич Албион 1 (0)
2016-2017 Вердер Бремен Вердер Бремен 27 (11)
2017- Бајерн Минхен Бајерн Минхен 22 (7)
2017-2018Хофенхајм Хофенхајм 22 (10)
Репрезентација
2010-2011 Германија Германија 16 5 (1)
2011-2012 Германија Германија 17 12 (3)
2013 Германија Германија 18 2 (3)
2013 Германија Германија 19 5 (3)
2015- Германија Германија 21 15 (4)
2016 Германија Германија олимп. 6 (6)
2016- Германија Германија 5 (4)
* Ажурирано на: 21 септември 2011
** Ажурирано на: 6 септември 2011

Животопис

уреди

Серж е роден во Штутгарт, Германија, од татко од Брегот на Слоновата Коска и мајка германка. Како дете тој бил талентиран спринтер, но сепак го избрал фудбалот, пред атлетиката.

Технички одлики

уреди

Најчесто игра како лево крило, но исто така, може да дејствува и како втор напаѓач. Се работи за физички цврст и силен фудбалер кој има добра основна техника. Меѓу најголемите квалитети во играта му се дриблингот и брзината што му овозможува често да пробива по страничните позиции и да асистира за својте соиграчи но и сам да ги завршува акциите.

Клупска кариера

уреди

Арсенал

уреди

Откако во младоста Гнабри сменил повеќе екипи во кој тренирал и растел, во 2010 година екипата на Штутгарт се согласила да го продаде тогаш 15-годишниот Гнабри на Арсенал за 100.000 фунти.[1] Сепак, тој морал да почека сè до летото 2011 за да се пресели во лондонскиот клуб затоа што сè уште немал 16 години.[2] Тој официјално му се приклучил на Арсенал за сезоната 2011-2012 и најпрво бил регистриран со право за настап за екипата под 18 години, но подоцна бил промовиран во резервниот тим на топџиите после серијата на импресивни перформанси.[3]

 
Гнабри во дресот на Арсенал во 2012

Пред почетокот на сезоната 2012-2013 Гнабри бил повикан од менаџерот на првиот тим на Арсенал Арсен Венгер за претсезонските подготовки. Своето деби во официјален натпревар за клубот го направил на 26 септември 2012 против Ковентри Сити во победата со 6-1 во Лига купот, заменувајќи го Алекс Окслејд-Чемберлејн во 72-рата минута од натпреварот.[4] На 20 октомври 2012, го направил своето деби во Премиер лигата во поразот со 1-0 од Норич Сити на Кероу Роуд. На возраст од 17 години и 98 дена, тој станал вториот најмлад дебитант на Арсенал во лигата во историјата на клубот зад Џек Вилшер.[5] Четири дена подоцна тој дебитирал и во Лигата на шампионите, влегувајќи како замена во поразот на Арсенал со 2-0 од Шалке 04.[6] Својата прва сезона во Арсенал ја завршил со вкупно 4 настапи (1 во Премиер лигата, 2 во Лига купот и 1 во Лигата на шампионите).

Следната сезона Гнабри бил вклучен во составот на Арсенал за првиот сезонски натпревар против Астон Вила, започнувајќи го натпреварот на клупата за резерви. На 22 септември 2013 тој го направил својот прв старт за Арсенал во натпреварот од Премиер лигата против Стоук Сити, откако Тио Волкот се повредил непосредно пред почетокот на натпреварот. Тој одиграл 73 минути пред да биде заменет од Рио Мијаичи во победата на Арсенал со 3-1.[7] Тој го постигнал својот прв професионален гол во следниот лигашки натпревар против Свонзи Сити со кој го предводи Арсенал до победа од 2-1 и ги оставил на врвот на табелата во Премиер лигата. На 26 октомври тој изборил пенал за Арсенал во победата со 2-0 над Кристал Палас. Добрите перформанси на почетокот од сезоната му донеле на Гнабри номинација за наградата Golden Boy, но и нов петгодишен договор со Арсенал.[8]

Поради тешка повреда Гнабри го пропуштил поголемиот дел од сезоната 2014-2015 и не одиграл ниту еден натпревар за првиот тим на Арсенал во ниту едно натпреварување.[9] На 7 август 2015, Гнабри бил позајмен на Вест Бромвич Албион до крајот на сезоната. Своето деби за Вест Бром го направил на 23 август 2015 во поразот со 3-2 од Челси.[10] Во јануари тој се вратил во Арсенал поради тоа што немал многу шанси за настап во првиот тим во клубот од Бирмингем.[11]

Вердер Бремен

уреди

На 31 август 2016 година, Гнабри потпишал за екипата од Бундеслига, Вердер Бремен, за пријавена трансфер сума од 5 милиони фунти.[12][13] Менаџерот на Арсенал Арсен Венгер сакал да го продолжи договорот со Гнабри во Арсенал пред неговото заминување, но недостатокот на можности за играње во првиот тим било пресудно играчот од средниот ред да побара трансфер во друг клуб.[14][15]

Својот прв гол за Вердер го постигнал на 17 септември 2016 во поразот на гости со 4–1 од Борусија Менхенгладбах.[16] На 8 јуни 2017 година, од Вердер Бремен објавиле дека Гнабри ја активирал клаузулата за ослободување од неговиот договор и дека ќе замине на крајот од месецот. Во својата единствена сезона во клубот, тој направил 27 настапи во лигата, постигнувајќи 8 гола, додека Вердер Бремен го освоил 8-мото место во Бундеслигата.

Бајерн Минхен

уреди

На 11 јуни 2017, Бајерн Минхен го купува Гнабри потпишувајќи тригодишен договор со играчот откако ја активирале клаузулата во неговиот договор со Вердер Бремен.

Репрезентативна кариера

уреди

Гнабри ја претставувал Германија во разни младински нивоа, вклучувајќи ги и оние под 16 години, под 17 години и под 18 години. Во летото 2017 година тој бил дел од германскате репрезентација под 21 година кој го освоила Европското првенство за играчи под 21 година во Полска, постигнувајќи еден гол на турнирот во 5 натпревари.

Клупска статистика

уреди

Статистиката е ажурирана на 20 мај 2017.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2012-2013   Арсенал ПЛ 1 0 ФАКуп+ЛК 0+2 0 ЛШ 1 0 - - - 4 0
2013-2014 ПЛ 9 1 ФАКуп+ЛК 2+1 0 ЛШ 2 0 - - - 14 1
2014-2015 ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0 ЛШ 0 0 - - - 0 0
2015-2016   Вест Бромвич ПЛ 1 0 ФАКуп+ЛК 0+2 0 - - - - - - 3 0
Вкупно Арсенал 10 1 5 0 3 0 - - 18 1
2016-2017   Вердер Бремен 27 11 КГ 0 0 - - - - - - 27 11
2017-2018   Хофенхајм 22 10 КГ 1 0 ЛШ+ЛЕ 2+1 0+0 - - - 26 10
Вкупно во кариерата 60 22 8 0 6 0 - - 74 22

Титули

уреди

  Арсенал

уреди

  Германија

уреди

Наводи

уреди
  1. Olley, James (26 September 2012). „Serge Gnabry the latest Arsenal young gun who has a chance to fire“. London Evening Standard. Посетено на 28 September 2012.
  2. Sanderson, Jamie. „Arsenal Agree Deal With Stuttgart For Gnabry“. Young Guns Blog. Архивирано од изворникот на 2013-04-10. Посетено на 26 September 2012.
  3. „2011/12 Player Review: Serge Gnabry“. Arsenal F.C. Архивирано од изворникот на 2013-04-10. Посетено на 26 September 2012.
  4. Clarke, Richard. „Arsenal 6–1 Coventry City“. Arsenal F.C. Посетено на 26 September 2012.
  5. Sanghera, Mandeep (20 October 2012). „Norwich 1–0 Arsenal“. BBC Sport. Посетено на 12 November 2016.
  6. „Man of the Match v Schalke - Coquelin“. Arsenal F.C. 25 October 2012. Архивирано од изворникот на 2013-01-26. Посетено на 12 November 2016.
  7. Magowan, Alistair (22 September 2013). „Arsenal 3–1 Stoke City“. BBC Sport. Посетено на 28 September 2013.
  8. „Gnabry agrees new long-term contract“. Arsenal F.C. 28 October 2013. Посетено на 28 October 2013.
  9. „Albion seal Gnabry loan deal“. West Bromwich Albion F.C. 7 August 2015. Архивирано од изворникот на 2017-05-28. Посетено на 7 August 2015.
  10. Magowan, Alistair (23 August 2015). „West Bromwich Albion 2–3 Chelsea“. BBC Sport. Посетено на 9 November 2015.
  11. O'Callaghan, Rory (31 January 2016). „Arsenal to recall Serge Gnabry from West Brom loan spell“. Sky Sports. Посетено на 12 November 2016.
  12. „Gnabry-Wechsel perfekt!“. Kreiszeitung (германски). 31 August 2016. Посетено на 31 August 2016.
  13. Uersfeld, Stephan (31 August 2016). „Werder Bremen sign Arsenal winger Serge Gnabry on permanent deal“. ESPN FC. Посетено на 31 August 2016.
  14. „Arsenal to offer Gnabry new contract“. FourFourTwo. 18 August 2016. Посетено на 31 August 2016.
  15. „@SergeGnabry: "I've come to Bremen to get playing time, to develop further and to help the team." #werder“. SV Werder Bremen English Twitter Account. 31 August 2016. Посетено на 12 November 2016.
  16. „Clinical Gladbach crush Bremen“. Bundesliga. 17 September 2016. Посетено на 12 November 2016.

Надворешни врски

уреди