Љубиша Трајковски
Љубиша Трајковски (роден во Скопје, на 29 ноември 1927 – починат во Битола, во 1995)[1] – македонски филмски и театарски глумец, член на Битолскиот народен театар од 1960 година.[2]
Љубиша Трајковски | ||
Роден | 29 ноември 1927 Скопје | |
---|---|---|
Починал | 1995 Битола | |
Националност | Македонец | |
Познат | по улогата во: Мирно лето Републиката во пламен Македонски дел од пеколот Простодушна љубов Наши години | |
Занимање | глумец |
Глумец, кој претставувал еден од најраскошните таленти на македонското глумиште и бил столб на битолскиот ансамбл. Неговата природност во откривањето на драмските судбини посебно ја карактеризирала неговата уметничка игра.
ЖивотописУреди
Љубиша Трајковски е роден во Скопје во 1930 година. Во 1960 година доаѓа во градот под Пелистер, се вработува во Народниот театар – Битола и станува дел од член на драмскиот ансамбл. Заради болест бил оттргнат од театарот, но со подобрувањето на здравјето се вратил на сцената играјќи помали улоги со исто мајсторство како што ги остварувал своите насловни и водечки улоги.
ТворештвоУреди
Во својот глумечки живот остварил бројни и забележителни театарски и филмски улоги.
Поважни театарски улоги[2]Уреди
Година | Улога | Претстава | Автор |
1963 | Дамата со камелии | Александар Дима Синот | |
1964 | Франц | Заточениците од Алтона | Жан-Пол Сартр |
1967 | Карл Мор | Разбојници | Фридрих Шилер |
1968 | Џорџ | Кој се плаши од Вирџинија Вулф? | Едвард Олби |
1969 | Драшко Каровски | Чекор до есента | Томе Арсовски |
1970 | Отело | Отело | Вилијам Шекспир |
1972 | Астров | Вујко Вања | Антон Павлович Чехов |
1976 | Алија | Елена Ќетковиќ | Александар Поповиќ |
1977 | Крсте | Време за пеење | Петре М. Андреевски |
1979 | Новак | Камен за под глава | Милица Новковиќ |
1980 | Мурина | Свечена вечера во погребното претпријатие | Иво Брешан |
ФилмографијаУреди
Година | Филм | Улога |
1961 | Мирно лето ТВ-филм | / |
1968 | Волтер Мити од Лисиче ТВ-филм | / |
1969 | Републиката во пламен ТВ-филм | / |
1970 | Цената на градот ТВ-филм | Џовани |
1971 | Македонски дел од пеколот ТВ-филм | / |
1971 | Понижени и навредени ТВ-филм | / |
1971 | Мува ТВ-филм | / |
1972 | Табакерата ТВ-филм | / |
1973 | Смилевскиот конгрес ТВ-филм | Ѓорѓи Чуран |
1974 | Брачна понуда ТВ-филм | / |
1975 | Простодушна љубов ТВ-филм | Јане |
1979 | Курирот на Гоце ТВ-серија | Таушан |
1979 | Наши години ТВ-серија | / |
1980 | Учителот ТВ-филм | |
1981 | Булки крај шините ТВ-серија | |
1981 | Црвениот коњ ТВ-филм | |
1982 | Илинден ТВ-серија | |
1984 | Другарувања ТВ-серија | |
1985 | Трговецот од Солун ТВ-филм | |
1987 | Ѕвездите од 42-та ТВ-филм | |
1991 | Тетовирање ТВ-филм |
Награди и признанија[2]Уреди
- Повеќе признанија на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
- Награда за животно дело на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во 1986 година.
НаводиУреди
- ↑ Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1503. ISBN 978-608-203-024-1.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Значајни личности за Битола, 2007
Надворешни врскиУреди
- Љубиша Трајковски на Семрежната филмска база на податоци (англиски)