Александар Дима (син)

Александар Дима (син) (француски: Alexandre Dumas, fils, (Париз, 27 јули 1824Марли-ле-Роа, 27 ноември 1895) – француски романописец и драматург, најпознат по романот „Дамата со камелии“. Син е Александар Дима, исто така романописец и драматург.

Александар Дима
Alexandre Dumas fils
Александар Дима
Роден/а27 јули 1824(1824-07-27)
Париз, Франција
Починат/а27 ноември 1895(1895-11-27) (возр. 71)
Марли-ле-Роа, Франција
Занимањероманописец, драматург
Националностфранцуска
ПериодXIX век
Жанрроман, театар
Значајни делаДамата со камелии (1848)
Потпис
Биста на Александар Дима синот од вајарот Жан-Батист Карпо во Музејот Орсе
Надежда де Кноринг, сопруга на Дима синот
Колет, ќерка на Александар Дима синот
Жанин Д’Отрив (родена Дима) ќерка на Александар Дима синот

Животопис

уреди
 
Александар Дима (син) на младост

Дима е роден во Париз како незаконито дете на Мари-Лор-Катрин Лабеј, кројачка, и романописецот Александар Дима. Во 1831 година татко му го признал и му овозможил да стекне најдобро образование во училиштето Губе и на колежот Бурбон. Во согласност со тогашните закони неговиот татко можел да го земе детето од мајката. Нејзиниот очај го инспирирал Дима да пишува за трагичните женски ликови. Во скоро сите свои дела ја нагласувал моралната цел на книжевноста, а во „Незаконскиот син“ од 1858 година изнел став дека во случај мажот да добие вонбрачно дете, обврзан е да го признае и да се ожени со неговата мајка. Заради семејната ситуација, во текот на интернатските денови, школските другари му се смееле на Дима помладиот. Овие случување имале големо влијание на неговите ставови, однесување и пишување.

Во 1844 година Дима се преселил кај татко му во Сен Жермен ан Ле. Таму ја запознал Мари Диплеси, млада куртизана која му била вдахновение за романот „Дамата со камелии“, во кој таа се вика Маргерит Готје. Овој роман е адаптиран за театар, а по него Џузепе Верди ја напишал операта „Травијата“.

Театарската претстава имала голем успех под името „Камил“. Така почнала кариерата на Дима помладиот како драматург, кој не само што станал пославен од татка си, туку во текот на втората половина на XIX век имал доминантно влијание на францускиот театар.

На 31 декември 1864 година, Дима помладиот во Москва се оженил со Надежда фон Кноринг, ќерка на Јохан Рајнхолд и вдовица на Александар Григориевич Наришкин. Имале две ќерки: Мари-Александрин-Анриет и Жанин. По смртта на Надежда, во јуни 1895 година, Дима се оженил со Анриет Рењер де ла Бриер, со која немал деца.

Во 1874 година, Дима е избран во Француската академија, а во 1894 година одликуван е со орден на Легија на честа[1].

Александар Дима синот починал на 27 ноември 1895 година во Марли-ле-Роа, а погребан е на гробиштата Монмартр во Париз.

Дела

уреди

Романи

уреди
  • „Авантурите на четири жени и еден папагал“ (Aventures de quatre femmes et d’un perroquet, 1847)
  • „Сезарин“ (Césarine, 1848)
  • *„Дамата со камелии“ (La Dame aux camélias, 1848) (Онлајн текст (Gallica)
  • „Докторот Серван“ (Le Docteur Servan, 1849)
  • „Антонин“ (Antonine, 1849)
  • „Роман за една жена“ (Le Roman d’une femme, 1849)
  • „Тристан ле Ру“ (Tristan le Roux, 1850)
  • „Тројца снажни мажи“ (Trois Hommes forts, 1850)
  • „Дијан де Лис“ (Diane de Lys, 1851)
  • „Раскази и новели“ (Contes et Nouvelles, 1853)
  • „Дамата со бисери“ (La Dame aux perles, 1854)
  • „Аферата Клемансо, мемоари на обвинетиот“ (L'Affaire Clemenceau, Mémoire de l'accusé, 1866)

Опера

уреди

„Травијата“, операта од Верди е напишана според „Дамата со камелии“

Пиеси и театарски адаптации

уреди
  • „Накитот на кралицата“ (Le Bijou de la reine, 1848)
  • „Резето на кралицата“ (Le Verrou de la reine, 1848)
  • „Атала“ (Atala, 1848)
  • „Дамата со камелии“ (La Dame aux camélias, 1848)
  • „Дијан де Лис“Diane de Lys (1853)
  • „Полусветот“ (Le Demi-monde, 1855)
  • „Прашањето на пари“ (La Question d'argent, 1857)
  • „Незаконскиот син“ (Le Fils naturel, 1858)
  • „Татко расипник“ (Un Père prodigue, 1859)
  • „Свадба во шапка“ (Un Mariage dans un chapeau, 1859)
  • „Пријателот на жените“ (L'Ami des femmes, 1864)
  • „Маката на една жена“ (Le Supplice d'une femme, 1865)
  • „Елоиз Паранке“ (Heloise Paranquet, 1866)
  • „Идеите на госпоѓа Обре“ (Les Idees de Madame Aubray, 1867)
  • „Внукот на Помпињак“ (Le Filleul de Pompignac, 1869)
  • „Свадбена посета“ (Une Visite de noces, 1871)
  • „Принцезата Жорж“ (La Princesse Georges, 1871)
  • „Жената на Клод“ (La Femme de Claude, 1873)
  • „Господинот Алфонс“ (Monsieur Alphonse, 1873)
  • „Туѓинката“ (L'Étrangère, 1876)
  • „Данишефови“ (Les Danicheff, 1876)
  • „Грофицата Романи“ (La Comtesse Romani, 1876)
  • „Багдадската принцеза“ (La Princesse de Bagdad, 1881)
  • „Дениз“ (Denise, 1885)
  • Francillon (1887)
  • „Патот за Теба“ (La Route de Thebes, недовршено)

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: