Јохан Себастијан Бах

германски композитор и музичар
(Пренасочено од Ј.С. Бах)

Јохан Себастијан Бах (германски: Johann Sebastian Bach; Ајзенах, 31 март 1685Лајпциг. 28 јули 1750) — прочуен германски композитор и оргулар чии духовни и световни дела за хорови, оркестри и соло инструменти ги сплотуваат речиси сите аспекти на стилот на барокната музика доведувајќи ги до врвна точка на зрелост. Иако нема воведено нови музички форми, Бах го има збогатено германскиот музички стил со робусна, но магична контрапунктна техника, навидум лесна контрола на хармонска и мотивска организација од најмал до најголем размер, и адаптација на странски ритми и текстури, особено италијански и француски.

Јохан Себастијан Бах
Johann Sebastian Bach
Портрет на Бах од Е.Г. Хаусман (1748)
Животописни податоци
Родено имеЈохан Себастијан Бах
Познат(а) и какоБах
Роден(а)31 март 1685
Знаме на Тирингија
Знаме на Тирингија
Ајзенах Тирингија
Починал(а)28 јули 1750
Знаме на Изборното кнежевство Саксонија
Знаме на Изборното кнежевство Саксонија
Лајпциг, Саксонија
Жанровибарок
Занимањакомпозитор
оргулар
чембалист

Бах се смета за еден од најголемите композитори во заради неговата моќна измазнетост на стилот и огромниот опус.[1][2] Неговите дела се високо ценети за нивната интелектуална длабочина, техничка заповест и уметничка убавина: Некои од неговите најславни дела се: Бранденбуршки концерти, свитите и партитите за клавијатура, Мисата во ха-мол, Житието на Св. Матеј, Музички дар, Уметноста на фугата и голем број кантати, од кои денес се зачувани 220. Подолу можете да чуете еден пример за неговите стилистички одлики во хорот Ehre sei Gott in der Höhe од Божиќниот ораториум, напишан во 1734 г., во зрелиот период на неговото творештво.

Животопис

уреди

Детство и младост

уреди

Јохан Себастијан Бах бил член на едно од најизвонредните музички семејства во светската историја. Во период од 200 години и повеќе семејството Бах дало дузини вредни музичари и композитори за време на периодот кога црквата, локалната влада и аристократијата му обезбедувала значителна поддршка на музичкото творештво ширум регионите во кои се зборувал германскиот јазик, а особено во источните изборни кнежевства Тирингија и Саксонија. Себастијановиот татко, Јохан Амброзиус Бах, бил талентиран виолинист и трубач во Ајзенах, град со 6.000 жители во Тирингија/Германија кој работел на црковна и световна музика. Сите чичковци на Бах биле професионални музичари од оргулари и дворски камерни музичари до композитори. Тогашни документи укажуваат на фактот дека името Бах било користено како синоним за музичар.

 
Местата кајшто живеел Бах во текот на животот.

Мајка му умрела во 1694, а татко му следната година. Сега десеттогодишен сирак, се преселил кај брат му Јохан Кристоф Бах, оргулар во блискиот град Ордруф. Таму тој препишувал, учел и изведувал музика и добил одлична обука од брат му. Ова му овозможило да ги чуе делата на големите јужно-германски композитори во тоа време како Јохан Пакелбел и Фробергер, но веројатно и делата на северно-германските и француските композитори како Жан-Батист Лили, Луј Маршан и Марен Маре. Момчето веројатно присутствувало и помагало во одржувањето на оргулите, претходник на неговата доживотна активност како како консултант за изработка и реставрација на органи. Баховата посмртница укажува на тоа дека младиот Себастијан копирал партитури од брат му, но бидејќи партотурите во тоа време биле вредни и приватни артикли, Кристоф му забранувал на брата си да го прави тоа.

На возраст од 14 години, Себастијан добил стипендија заедно со неговиот постар соученик, Георг Ердман, за да учи во престижното училиште „Св. Михаил“ во Линебург, недалеку од Хамбург, тогаш најголем град во Германија. Патувањето до таму било долго, веројатно дел пеш и дел со кочија. Овие две години биле од круцијално значење за неговата изложба на една поширока палета на европска култура која би ја ималч видено во Тирингија. Таму Себастијан не само што пеел а капела во хорот, туку веројатно и свирел на училишната три-мануелна оргула и чембало. Тогаш веројатно научил француски и италијански и преку основна теологија, научил латински, историја, географија и физика. Таму исто така имал контакти со синови на благородници од северна Германија кои студирале во ова високоселективно училиште како спрема за нивните подоцнежни кариери во дипломатија, влада или војска. Веројанто е дека имал добри контакти со оргулари во Линебург, особено со Георг Бем, и посетил неколку во Хамбург, како Јохан Адам Рајнкен и Николаус Брунс. Преку овие музичари, тој веројатно имал пристап до најголемите инструменти. Исто така веројатно е дека се запознал со музиката од северногерманската традиција, особено со делата на Дитрих Букстехуде како и со ракокписи од подалечните регионии со трактати на тема музичка теорија кои им припаѓале ним.

Арнштат и Милхаузен (1703–08)

уреди
 
Бах (?) како момче

Во јануари 1703, набргу по неговото дипломирање, Бах се вработил како дворски музичар во капелата на Војводата Јохан Ернст во Вајмар, поголемо населено место во Тирингија. Неговата улога таму не е јасна, но веројатно била од физичка, а не музичка природа. За време на овој седуммесечен преастој во Вајмар, Бах постигнал високо реноме како клавијатурист и станал доста познат. Тој бил поканет да изврши проверки и да даде инаугуративен рецитал на новата оргула во црквата Св. Бонифациј во Арнштат. Семејството на Бах имало блиски врски со најстариот град во Тирингија, околу 30 км југозапдна од Вајмар на границата на една голема шума. Во август 1703, Бах ја прифатил работната понуда за оргулар во истата црква, со лесни задачи, релативно великодушна плата и нова оргула без технички дефекти и наштимана според современ систем на која можело да се свири во голем број тоналитети.

Токму во ова време Бах се заложил во сериозно компнирање на прелудиуми за оргула, меѓу другите, познатата Токата и фуга во де-мол. Овие дела, во северно-германската традиција на виртузони, импроовизаторни прелудиуми, веќе покажуваат цврста контрола на мотивите (каде една, кратка музичка идеја децидно се истражува през ставот). Но во овие дела композиторот сѐ уште се бори со проблемот на структурирање на поголеми дела и има сѐ уште да ги развие своите вештини во контрапункциско компонирање (каде две или повеќе мелодии симултано содејствуваат).

Силните семејни врски и ентузијазмот на неговиот работодавач не можеле да ја спречат тензијата помеѓу своеглавиот, генијален млад огранист и властите по неколку години на работното место. Бах бил незадоволен со стандардот на пејачи во хорот. Посериозно, тој бил отсутен од Арнштат без одобрение неколку месеци (1705–06), кога бил во посета на големиот мајстор Букстехуде во северниот град Либек. Во овој добро познат инцидент во животот на Бах, тој испеѓачил некои 400 км секој правец за да го посети човекот кој го сметал за таткото на сите германски оргулари. Оваа посета го зајакнала стилот на Букстехуде како основа за раните дела на Бах и фактот што таму останал неколку месеци подолго од предвиденото укажува на тоа дека Букстехудевата придружба му била многу значајна за неговата уметничка дејност.

И покрај неговата удобна состојба, во 1706 г. Бах имал потреба да се оттргне од семејното милјеи да продолжи да работи на својата кариера. Тогаш му била понудена поантрактивна работа како оргулар во црквата „Св. Блазиј“ во Милхазуен, голем и важен северен град. Следната година тој ја прифатил оваа сениорска работа со многу подобрена плата и услови, вклучувајќи добар хор. Четири месеца по неговото пристигање во Милхаузен, Бах се оженил со неговата втора братучетка од Арнштат, Марија Барбара. Заедно имале седум деца, од кои четири успеале да достигнат полнолетство. Три од нив — Вилхелм Фридман Бах, Јохан Кристијан Бах и Карл Филип Емануел Бах станале важни композитори во китнестиот стил рококо кој дошол по барокот.

Црквата и градската администрација на Милхаузен мора да биле горди на новиот музички директор. Тие безусловно се согласиле со неговиот скап план за реставрација на оргулата во црквата Св. Блазиус и биле толку восхитени на сложената свечена кантата која ја искомпонирал за инаугурацијата на новиот општински совет во 1708 г. — Господ е мојот крал BWV 71 која очигледно го следела стилот на Букстехуде — што платиле одлични пари за нејзиното издавање. Во подоцнежните години Бах двапати се враќа во градот за да ја диригира ова композиција.

Вајмар (1708–17)

уреди

По неполна година во Милхаузен, Бах заминува да се вработи како дворски оргулар и концертмајстор на војводскиот двор во Вајмар, огромен напредок од последниот пат кога работел таму како „лакеј“. Огромната плата и можноста да работи со голем и добро финансиран контингент од професионални музичари веројатно го привлекле таму. Така тој со своето семејство се преселил во стан раздалечен само пет минути одење пеш од војводскиот дворец. Следната година му се раѓа првото дете и немажената сестра на Марија Барбара се вселува кај нив и таму останува да помага во домаќинството сè до нејзината смрт во 1729 г. Токму тука се раѓаат неговите два музички значајни сина, Вилхелм Фридман и Карл Филип Емануел Бах.

Неговата позиција во Вајмар го означува почетокот на еден долготраен период на композиција на клавијатурни и оркестрални дела за кои тој меѓувремено се здобил со експертиза дотолку што ги проширил големите стурктури и ги синтетизирал влијанијата од странство. Од музиката на италијаните како Вивалди, Корели и Торели научил како да компонира драматични воведи и ги адаптирал нивните весели композиции, динамички мотор-ритми и хармониски шеми. Бах највеќе се упатил во овие стилистички аспекти по пат на изработка на транскрипции на делата за ансамбли на Вивалди за чембало и оргула; овие композиции и денес се омилени концертни дела. Тој најверојатно ја добил идејата за транскрипција на современи италијански дела од принцот Јохан Ернст, еден од неговите работодавачи, кој бил музичар од професионален калибар. Во 1713 г., Војводата се вртатил од турнеја по низоземјето со голема збирка на партотури од кои некои биле трансрипции на нова италијанска музика од слепиот оргулар Јан Јакоб де Грааф. Особено го привлекувала италијанската „solo-tutti“ структура, во која еден или повеќе соло инструменти наизменично се јавуваат дел по дел со полниот оркестар през целиот став. Овие италијански одлики можат да се чујат во музичкиот извадок подолу: Прелудиум од Англиската Свита Бр. 3 за чембало (1714 год). „Solo-tutti“-назименичноста кога изведувачот вешто преоѓа од долната клавијатура (со полн и малку погласен тон) на горната клавијатура (со по нежен тон).

Во Вајмар, тој ја имал можноста да свири и компонира за оргула и да изведува разнообразен репертоар со ансамблот на војводата. Како мајстор на контрапунктната техника, неговата постојана креативност со фугите започнала токму таму. Неговото најголемо фугално дело е Добро темпериран клавир („клавир“ на германски значи било кој клавијатурен инструмент). Тоа се состои од 48 прелудиуми и фуги, по пар за секоја дурска скала и релативна дурска скала. Ова е едно од неговите најмонументални дела заради мајсторската употреба на контрапункт и неговото исползување, за првпат во сите скали. За време на неговиот престој во Вајмар, Бах ја започнал работата на Малата книга за оргула со неговиот најстар син, Вилхелм Фридман; таа содржи традиционални лутерански корали, поставени во рамките на комплексна текстура за да им помага на оргуларите во нивното вежбање. Оваа книга илустрира две главни теми од Баховиот живот: неговата посветеност на учителството и неговата љубов кон коралот како музичка форма.

Кетен (1717–23)

уреди
 
Кетенскиот дворец и градините, гравура од Топографија од Матеус Мериан (1650)
 
Соната за виолина Бр. 1 во ге-мол (BWV 1001) своерачно напишана од Бах

Со политичките тензии на војводскиот двор во Вајмар, Бах почнал да бара нова стабилна работа во интерес на неговото музичко творештво. Принц Лепополд од Анхалт-Кетен го најмил Бах да служи како негов Капелмајстор (музички директор). Принцот и самиот бил музичар и високо ги вреднувал Баховите таленти, го плаќал одлично и му дал голема слобода во компонирањето и изведбата. За жал, принциот бил калвинист и не употребувал богата музика во службите; затоа, најголемиот дел од Баховите дела од тој период се световни. Некои од нив се Оркестралните свити, Шест свити за соло виолончело и Сонати и партити за соло виолина. Оваа слика од воведот во делото го прикажува ракописот на композиторот — брз и ефикасен, но исто толку визуелно орнаментиран колку и самата музика која ја шифрира. Добро познатите Бранденбуршки концерти датираат од овој период. Музичкиот извадок од воведот во Престо-то од четвртиот Бранденбуршки концерт, за соло виолина, две соло флејти, гудачки инструменти and чембалско континуо. Ова ја покажува кумулативната моќ ма фугалното писание на композиторот; со поддршка од чембалото, секој инструмент влегува еденподруг со храбра мелодија, со својот звук наспроти комплексната контрапунктна мрежа на веќе влезените инструменти.

На 7 јули 1720 год. додека Бах бил во странство со Принц Леополд, се случила трагедија: неговата жена, Марија Барбара ненадејно починала. Следната година, вдовецот ја среќава Ана Магдалена Вилке, млад и високоталентиран сопран која изведувала на дворот во Кетен; тие се венчале на 3 декември 1721. И покрај старосната разлика — таа била 17 години помлада од него — тие биле во среќен брак. Имале 13 деца. Нејзе бах ѝ посветил збирка композиции, наречена Тетратка за Ана Магдалена Бах.

Лајпциг (1723–50)

уреди

ВО 1723 г., Бах е назначен за кантор и музички директор на црквата Томаскирхе (Св. Томас) во Лајпциг која била престижна функција во најбогатиот град во Саксонија, соседно изборно кнежевство на Тирингија. Со исклучок на крактиот рок на служба во Арнштат и Михаузен, ова била Баховата прва владина служба во една кариера која главно се состоела во служба на аристократијата. Оваа последна функција, на која бил цели 27 години сè до неговата смрт го довела во контакт со политичките интриги на неговиот работодавач, Советот на Лајпциг. Советот се состоел од две фракции: апсолутисти, лојални на саксонскиот монарх во Дрезден, август Силниот; и фракцијата на Граѓанскиот сталеж која ги штитела интересите на трговците, еснафите и нижите аристократи. Бах бил кандидат за монархистите и за возрврат му биле одредени услови за работа. Иако никој во советот не се сомневал во Баховиот гениј, постоела постојана тензија помеѓу канторот, кој бил главен на црковната музика во градот, и и фракцијата на граѓанскиот сталеж која го гледала како училиштен управник и сакале да го намалат нагласокот на богата музика во училиштата и во Црквата. Советот никогаш не го уважил ветувањето на градоначалникот кон Бах за огромната плата, но сепак Бах бил задоволен со неговите примања.

На професионално ниво Бах ги инструирал учениците во училиштето Св. Томас по пеење на латински и неделно ги снабдувал со музика двете најголеми цркви во градот, Св. Томас и Св. Никола. Во неверојатен творечки порив, Бах искомпонирал пет годишни кантатни циклуси за време на неговите први шест години во Лајпциг (две од кои се изгубени). Многу од овие служеле за црковни служби и се служеле со традиционалните црковни химни како Wachet auf! Ruft uns die Stimme и Nun komm, der Heiden Heiland, за инспирација.

 
Фотографија на екстериерот на Баховиот стан при крајот на училиштето Св. Томас, сликана во 1902 г. пред нејзиното рушење. Видливи се три скалила кои водат кон предната врата.

Музичкиот извадок го прикажува воведот во Singet dem Herrn (Пејте му на Господа), и ја покажува богатата, енергична текстура која Бах ја постигнувал со два хора, со четири дела. Во оваа снимка, има три пејачи за секој дел. Со тоа што го провел големиот дел од 1720-тите во компонирање на кантати, Бах собрал огромен репертоар на црковна музика за двете наголеми цркви во Лајпциг. Сега сакал да ја прошири својата композиција и изведба со световни дела. Во март 1729 г., Бах станува директор на Колегиум Музикум, ансамбл за изведба на световни композиции основан во 1701 од неговиот стар пријател и композитор Георг Филип Телеман. Овој тип на музички друштва биле доста активни во Германија и се состоеле од талентирани студенти и најпроминентните музички експерти кои ги воделе групите. Ова директроство бил мудар потег од страна на Бах заради тоа што му осигурало големо влијание врз главните музички институции во Лајпциг. През годината, Лајпцишкиот Колегиум Музикум изведувал двапати неделно по два часа во Цимермановата кафеџилница на Катерин Штрасе, во непосредна близина на главниот пазарен плоштад. Многу од Баховите дела за време на 1730-тите, 40-тите и 50-тите се веројанто компонирани за и изведувани од страна на тој Колегиум Музикум; меѓу нив биле и делови од Вежбите за клавијатура и многу од концертите за виолина и чембало.

 
Насловната страна на третиот дел од Вежби за клавијатура („Clavier-Übung“), едно од ретките дела издадени за време на Баховиот живот.

За време на овој период ја завршил Мисата во ха-мол, која се состои од нви ставови и стари делови. Во 1735 г., тој му го презентирал ракописот на изборниот кнез на Саксонија и со тоа станал официјален дворски композитор. Овој музички извадок од еден од ставовите кои му биле презентирани на монархот, укажува на употребата на празнични труби и тимпани. Иако мисата не била изведена за време на Баховиот живот, се смета за едно од најголемите хорски дела на сите времиња.

Во 1747 г., Бах оди на дворот на Фридрих Великиот во Поцдам, каде кралот исвирил една кратка композиција и побарал од Бах да напише варијации на таа тема како тест. Бах ја импровизирал фугата од три дела на кралското пијанофорте кое во тоа време било новитет, и подоцна го почестил кралот со Музичкиот дар кој се содржи од фуги, канони и трио засновани на избраната композиција. Како дел од него стои и фуга од шест дела која има малку изменет предмет соодветен за понатамошни елаборации.

 
Воведот во фугата со шест дела од Музички дар, своерачно напишана од Бах

Уметноста на фугата е почната неколку месеци пред Баховата смрт и останува недовршена. Се содржи од 18 комплексни фуги и канони на основа на една едноставна тема. Ова дело е мангум опус на тематската варијација и контрапунктните средства и затоа истото се користи и како резиме за сите полифонски техники.

Последното завршено дело на Бах е коралски прелудиум за оргула, опсветен на неговиот зет, Алтиникол, на неговата смртна постела. Насловен е Vor deinen Thron tret ich hiermit (Пред твојот престол сега се појавувам); ако ги изброиме нотите на последната каденца и ги избориме и мапираме во латиницата, го добиваме зборот БАХ (BACH). Овој корал често се изведува по недовршената 14-та фуга како завршеток на изведбата на Уметноста на фугата.

Бах умрел во Лајпциг во 1750 г. на ворзаст од 65 години. Неговата оставнина брои повеќе од 1000 дела.

Стил

уреди

Баховиот стил на композиција се одликува со контрапунктни текстури, линеарни тонски/доминантни харомснки прогресии и доследни моторни ритми, кои во комбинација создаваат силен моментум кој влече напред. Како и најголемиот дел од другите барокни композитори, Баховата музика е мотивски густа; мелодиските и ритмичките шаблони кои се воведуваат при почетокот на едно дело постојано се трансформираат по пат на контрапунктна и мелодиска инверизја, аугментација, деминутација и стрето.

Неколку значајни композитори како Моцарт, Бетовен, Шуман и Менделсон почнале да пишуваат контрапунктно по нивното запознавање со Баховата музика. Денес Баховиот стил сѐ уште врши влијание врз музичката композиција, од химни и релегиозни дела до поп и рок. Многу од неговите теми — особено темата од Токата и фуга во де-мол — се искористени во рок песни и затоа уживаат голема популарност.

Дела

уреди

Делата на Јохан Себастијан Бах се индексирани со BWV-броеви, иницијализам кој значи Bach Werke Verzeichnis (Каталог на Баховите дела). Каталогот, издаден во 1950 год., бил составен од Волфганг Шмидер. Организиран е тематски, а не хронолошки: BWV 1–224 се кантати, BWV 225–48 се големи хорски дела, BWV 250–524 коралии духовни песни, BWV 525–748 дела за оргула, BWV 772–994 други клавијатурни дела, BWV 995–1000 музика за лејта, BWV 1001–40 камерна музика, BWV 1041–71 оркестрална музика и BWV 1072–1126 канони и фуги. За список на Баховите дела каталогизирани по BWV-броеви, видете: Список на композиции од Јохан Себастијан Бах.

Дела за оргула

уреди

За време на неговиот живот Бах бил највеќе позат како оргулар, консултант за органи и композитор на дела за оргула во традиционалните германски слободни жанрови како прелудиуми, фантазии и токати, и по строгите форми како коралниот прелудиум аи фугите. Уште од својата рана возраст се здобил со реноме за неговата голема креативност и способноста за интеграција на аспекти од разни национални стилови во неговите дела за оргула. Северногерманското влијание врз неговата музика доаѓа од Георг Бем, кого Бах го запознал во Линебург, и Дитрих Букстехуде во Либек, кого како млад оргулар Бах го посетил во 1704 г. во продолженото отсуство од неговата работа во Арнштат. Во овој период Бах компирал дела од бројни француски и италијански композитори за да добие увид во нивниот јазик на композиција, а подоцна дури и аранжирал неколку дела од Вивалди и други композитори за оргула. Неговиот најпродуктивен период (1708–14) се одликува со композиции на прелудиуми, фуги и токати и фуги, како и со делото Orgelbüchlein (Мала книга за оргула), недовршена збирка од 49 кратки корални прелудиуми кои била планирани за демонстрација на разни композициони техники при изработката на корални мелодии. По неговото заминување од Вајмар, Баховата креативност за оргула се намалила, иако неговите најпознати дела (шесте трио-сонати, Clavierübung III (Вежби за клавијатура III) од 1739 г. и „Великите осумнаесет“ корали, ревидирани во неговиот многу подоцнежен живот) се сите компонирани во тоа време. Бах исто така бил ангажиран во неговиот подоцнежен живот со консултација за вградување на органи, нивно тестирање и посветување на органите во пладневни рецитали.

Друга клавијатурна музика

уреди

Бах искомпонирал многу дела за чембало, од кои некои се свиреле и на клавикорд. Многу од овие дела се антологии кои ја покажуват неговата страст за опфаќање на цели теоретски системи на енциклопедиски начин, така што се каже.

  • Добро темпериран клавир, Книга 1 и 2 (BWV 846–893). Секоја книга се состои од прелудиум и фуга во секоја од 24-те дурски и молски скали (така, целата збирка е понекогаш нарекувана „48-те“). Ова дело било доста влијателно кај подоцнежните композитори како Хајдн, Моцарт и Бетовен заради неговиот спектар на контрапунктни техники.
  • Инвенции и синфонии (BWV 772–801). Ова се кратки дводелни и триделни контрапункти дела уредени по високи и ниски скали, со изоставување на оние кои помалку се користат. Овие дела биле наменети за инструктивни цели.
  • Три збирки на танцови свити: Англиски свити (BWV 806–811), Француски свити (BWV 812–817) и Партити за клавијатура (BWV 825–830). Секоја збирка има шест свити изградени врз основа на стандардниот модел (АлемандаКурантаСарабанда–(изборен став)–Жига). Англиските свити го следат традиционалниот модел со додавањето прелудиум пред алемандата и вклучувајќи еден став помеѓу сарабандата и жигата. Француските свити немаат прелудиуми, но имаат многукратни ставови пред сарабандата и жигата. Партитите го прошируваат моделот со сложени воведни ставови и мешовити ставови помеѓу основните елементи на моделот.
  • Голдбергови варијации (BWV 988), една арија и 30 варијации. Збирката се одликува со комплексна и неконвенционална структура: варијациите се градат на врз основа на басовата линија на аријата, наместо нејзината мелодија, и музичките канони се вметнати во согласност со еден велик план.
  • Разни дела како Увертира во француски стил (Француска увертира, BWV 831), Хроматска фантазија и фуга (BWV 903) и Италијански концерт (BWV 971).

Меѓу неговите помалку познати дела за клавијатура се вбројуваат седум токати (BWV 910–916), четири дуета (BWV 802–805), сонати за клавијатура (BWV 963–967), Шест мали прелудиуми (BWV 933–938) и Aria variata alla maniera italiana („Варирана арија во италијански манир“) (BWV989).

Оркестрална и камерна музика

уреди

Бах искомпонирал музика за поединечни инструменти, дуети и мали ансамбли. Неговиоте дела за соло инструменти — 6-те сонати и партити за виолина (BWV1001–1006), шесте свити за виолончело (BWV 1007–1012) и Партита за соло флејта (BWV1013) — се вбројуваат меѓу подлабоките дела од овој репертоар. бах исто така искомпонирал и свита и разни други дела за соло лејта. Искомпонирал и сонати за трио, соло сонати (придружувани од генералбас), за флејта и за виола да гамба, и поголем број на канони and ричеркари, највеќето од нив за неодреден инструмент. Најважни примери за ове дела се Уметноста на фугата и Музички дар.

Најдобро познатите оркестрални дела на Бах се Бранденбуршките концерти. Овие дела се пример за жанрот кончерто гросо. Другите преживеани дела од концерт -форматот вбројуваат: два концерта за виолина, концерт за две виолини (исто така познат како Баховиот „двоен“ концерт) и концерти за едно, два, три, па дури и четири чембала. Овие концерти не се оригинални дела, туку аранжмани на концерти за други инструменти кои денес се изгубени. Експертите имаат реконструирано број концерти за виолина, обоа, и флејта од овие аранжмани. Покрај концерти, Бах исто така пишувал музика за оркестрални свити, ред стилизирани танци за оркестар. Делото денес познато како „Напев на Г-жица“ е аранжман за виолина направен во XIX век од вториот став од Оркестралната свита Бр. 3.

Вокална и хорска музика

уреди

Бах изведувал по една кантата секоја Недела во црквата Томаскирхе, на тема соодветна на проповедните читања за таа недела. Иако тој изведувал и кантати од други композитори, самиот искомпонирал најмалку три збирки на кантати, една за секоја Недела и црковен празник во црковната година во Лајпциг како и оние компонирани во Милхаузен и Вајмар. Бах вкупно искомпонирал 300 духовни кантати, од кои само 195 се преживеани денес.

Баховите кантати доста варираат по нивната форма и инструментација. Некои од нив се компонирани за соло пејач; некои од нив за поединечни хорови; некои се за велики оркестри, додека некои за само малку инструменти. Многу чест формат е голем најавен хор проследен од една или повеќе парови на рецитатив-арии за солисти (или дуети) и завршен корал. Рецитативот е дел од соодветен дел од Билбијата за делниците и аријата е современо размислување на нивна тема. завршниот корал често зазема облик на корален прелудиум во централен став, и од време-на време кантум фирмус во воведниот хор. Најдобро познати вакви кантати се Кантата Бр. 4 (Christ lag in Todesbanden), Кантата Бр. 80 („Ein feste Burg“), Кантата Бр. 140 („Wachet auf“) и Кантата Бр. 147 („Herz und Mund und Tat und Leben“).

Бах искомпонирал и број световни кантати, обично за граќански настани како венчавки. Двете Венчални кантати и Кантатата за кафето, каде се работи за девојка чиј татко не ѝ дава да се омажи ако не ја прекине зависноста од кафето, се меѓу најпознатите.

Меѓу големите корално-оркестрални дела се вбројуваат: Житието на Св. Матеј и Житието на Св. Јован напишани за црковните служби за време на Света Недела во црквата Св. Томас, Божиќниот ораториум (збирка од шест кантати за божиќната литургиска сесија). Делото Магнификат во две верзии (една во {високо} е-дур, со додатни ставови вградени помеѓу ставовите на текстот на Магнификат-от, и подоцнежната и подобро познатата веризија во де-дур) И Велигденскиот ораториум со големи,елаборирани кантати, сепак помали од Пасиите и Божиќниот ораториум.

Друго големо дело е Мисата во ха-мол, е составено од разни кантати кои Бах ги компонирал и изведувал во пораниот период.

Сите овие дела, за разлика од мотетите, имаат значителни соло делови покрај хоровите.

Изведби

уреди

Во времето на Бах музичките ансамбли не биле толку големи колку, да речеме, во времето на Брамс. Само малкуина од неговите дела се компонирани за повеќе од дузина изведувачи. Сѐ уште е тема на расправа дали музичарите треба да се држат до автентична изведба или да користат поголеми и посовременки оркестри. Дел од неговата поважна камерна музика не назначува некои инструменти и со тао остава повеќе простор за аранжмани.

Некои висковлијателни интепретатори на Бах се: Глен Гулд, Едвин Фишер и Розалин Турек (пијано), Ванда Ландовска (чембало), Хелмут Валша и Е. Пауер Бигс (оргула), Пабло Казалас, Јо-Јо Ма и Анер Билзма (виолончело), Нејтан Милштајн (виолина), Карл Рихтер, Хелмут Рилинг и Џон Елиот Гардинер (хор и оркестар), Николаус Харнонкорт и Густав Леонхарт (кантати, автентична изведба), Џошуа Рифкин и Ендрју Перот (хорски дела, едно по дел).

Оставнина

уреди

Во подоцнежните години од животот и по смртта, Баховиот углед како композитор се намалил, а неговите дела се сметале за старомодни во споредба со новиот класицистички стил. Тој воопшто не бил заборавен, но бил запомнет како изведувач и учител, композитор и татко на Карл Филип Емануел Бах. Неговите најценети дела во тоа време биле делата за клавијатура и во тоа поле другите композитори постојано му оддавале признание. Моцарт, Бетовен и Шопен биле едни од неговите најпознати обожаватели. При една посета на Томасшуле во Лајпциг, Моцарт слушнал една изведба на мотети (BWV 225) и извикал: Значи еве нешто од коешто човек може да учи!; кога му биле дадени делови од мотетите, „Моцарт седнал, со деловите насекаде околу него и ги држел во двете раце, на колената и на најблиските столици. Тогаш заборавил на сè друго, и не станал сè додека не ја разгледал целата музика на Себастијан Бах“. Бетовен, исто така, бил негов следбеник, го учел Добро темперираниот клавир како дете и подоцна го нарекол Бах Urvater der Harmonie („Вистинскиот татко на хармонијата“) и nicht Bach, sondern Meer („не поток, туку море“, правејќи игра на зборови со буквалниот превод на презимето на композиторот). Шопен пак, пред своите концерти се заклучувал и го свирел Бах.

Обновата на имиџот на композиторт кај пошироката јавност делумно се должи на Јохан Николаус Форкел со неговата биографија на Бах од 1802 г., чиј читател, меѓу другите, бил и Бетовен. Гете се запознал со делата на Бах релативно доцна во својот живот, преку разни изведби на клавијатурни и хорски дела Бад Берка во 1814 и 1815 год; во едно писмо од 1827 тој го споредува искуството кое се добива при слушање на Баховата музика со „вечна хармонија во дијалог со себеси“. Но Феликс Менделсон бил тој што направил највеќе за Баховото име со неговата изведба на Житието на Св. Матеј во Берлин во 1829 г. Хегел, кој присуствувал на изведбата, подоцна го нарекол Бах: „велик, вистински протестантски, робусен и, така што се каже, навистина ерудитивен гениј кого прилично скоро научивме да го почитуваме во неговата полна вредност“. Менделсовата промоција на Бах, и порастот на неговиот статус, продолжил и во наредните години. Бах Гезелшафт (или Баховото друштво) било основано во 1850 г. за промоција на неговите дела и през наредните педест години издало сеопфатна едиција.

Потоа Баховиот углед останал перманентно висок. За време на XX век продолжил процесот за распознавање на музичките и педагошки вредности на неговата музика, веројатно најзабележливо преку промоцијата на Свитите за виолончело од страна на Пабло Казалс. Друг битен елемент е воздигнувањето на движењето за автентична изведба, кое пробало (и сѐ уште пробува) да го презенира делото како по оригиналната замисла на композиторот. Примери за автентична изедба се изведбата на чембало наместо на пијано, и употреба на мали хорови или единечни гласови наместо поголеми сили популарни кај изведувачите од XIX и раниот XX век.

Баховиот придонес кон музиката е еднаков на придонесот на Шекспир кон драмата или Исак Њутн во физиката. Неговите дела дури се искористени и во вселенскиот програм за пресретнување на интелигенција во космосот, со тоа што Земјата би се претставила со најдоброто што може да го понуди од музиката.

И надвор од музиката постојат бројни почитувачи на творештвото на Бах. На пример, во романот „Демијан“, германскиот писател Херман Хесе го опишува своето воодушевување од две Бахови дела („Страдањата по Матеј“ и „Actus tragicus“) велејќи дека во нив се состои целата суштина на поезијата и на целиот уметнички израз.[3]

Наводи

уреди
  1. Бланинг, Т. К. В (2008). The Triumph of Music: The Rise of Composers, Musicians and Their Art. стр. 272. ISBN 978-0-674-03104-3. And of course the greatest master of harmony and counterpoint of all time was Johann Sebastian Bach, 'the Homer of music'.
  2. „The 50 Greatest Composers of All Time“. www.classical-music.com.
  3. Herman Hese, Demijan. Beograd: Bigz, 1983, стр. 59.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди