Милхаузен
Милхаузен (службено Милхаузен/Тирингија; германски: Mühlhausen) или Mühlhausen/Thüringen; од 1975 до 1991 година познат како Милхаузен Томас-Минцер-Штат) — град во округот Унштрут-Хајних, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Претставува административно седиште на округот Унштрут-Хајних и е сместен на реката Унштрут.
Милхаузен
Mühlhausen/Thüringen | |
Стариот град на Милхаузен | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Тирингија |
Округ | Унштрут-Хајних |
Градоначалник | Јоханес Брунс (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 130,7 км2 |
Надм. височина | 216 м |
Население | 37.048 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 283 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | UH |
Пошт. бр. | 99974 |
Повик. бр. | 03601 |
Портал | www.muehlhausen.de |
Местоположба на градот Милхаузен во рамките на округот Унштрут-Хајних | |
Координати | 51°13′N 10°27′E / 51.217° СГШ; 10.450° ИГД |
Географија
уредиМестоположба
уредиМилхаузен се наоѓа во географското средиште на Германија, кое се наоѓа во северозападниот дел на Тириншката Котлина. Градското подрачје се граничи на запад со Хајних и на север со Оберајхсфелд.
Соседни општини
уредиСоседни општини се Ментерода на север, градот Нотертал-Хајлингер Хеен и Кернер на исток, Унштрут-Хајних и Фогтај на југ, Родеберг на запад, како и Анроде и Унштрутал на северозапад.
Градски единици
уредиГрадот се состои од следниве места:[2][3][4]
- Милхаузен/Тирингија
- Болштет, од 1 јануари 2019 г.
- Фелхта, од 30 јуни 1994 г.
- Гермар, од 30 јуни 1994 г.
- Грабе, од 1 јануари 2019 г.
- Хенгеда, од 1 јануари 2019 г.
- Залфелд, од 8 март 1994 г.
- Зебах, од 1 јануари 2019 г.
- Виндеберг, од 1 јуни 1992 г.
Историја
уредиМилхаузен бил утврден во 925, а првпат е документиран во 967 како отонско село. Неговата рана важност се гледа по користите кои ги добил од кралот Хајнрих Птичарот (876–936) и од царското собрание одржано тука во 1135. Неговиот период на слава бил од 13 до 15 век.
Во текот на реформацијата, Милхаузен станал едно од главните седишта на Анабаптистите. Радикалниот реформатор Томас Минцер проповедал во Црквата Света Богородица во 1525, а подоцна бил заробен во близина на градот и погубен во градот.
Јохан Себастијан Бах бил оргулар во црквата Диви Бласи од 1707-1708.[5] Помеѓу делата кои Бах ги компонирал додека живеел во градот е празничната кантата Gott ist mein König за изборот на новиот совет во 1708.
Внатрешните борби и оштетувањата во текот на Триесетгодишната (1618–1648) и Седумгодишната војна (1756–1763) ја намалиле важноста на Милхаузен. Во 1802 ја загубил независноста и преминал во посед на Прусија. Во 1807 бил припоен на Кралството Вестфалија, но во 1815 повторно станал дел од пруската покраина Саксонија.
Од 1944 до март 1945 се наоѓал женски камп за принудна работа надвор од градот (дел од кампот Бухенвалд). Жените биле депортирани во април 1945 во Берген Белзен.
Главни знаменитости
уреди- Историските градски ѕидини
- Градски архив
- 11 цркви
- Национален парк Хајних
Политика
уредиГрадски совет
уредиСоветот на градот Милхаузен се состои од 36 избрани членови и градоначалникот. На локалните избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:[6]
CDU | 7 места (2014: 7) |
Граѓанска листа за Милхаузен | 7 места | (8)
SPD | 6 места (10) |
AfD | 5 места | (−)
Левица | 4 места | (7)
Зелени | 3 места | (2)
FWG | 3 места | (−)
FDP | 1 место | (2)
Градоначалник
уредиГрадоначалникот Јоханес Брунс (SPD) бил избран во првиот круг на 22 април 2012 година со 53,3% од гласовите.[7] Во април 2018 година бил повторно избран со 62,7%.[8]
Збратимени градови
уредиМилхаузен е збратимен со следниве градови:
Познати луѓе
уреди- Јоаким фон Бурк (1546-1610), композитор
- Џон (Јохан) А. Ецлер, автор, социјалистички теоретичар
- Гинтер Фром (1926–1994), автор
- Адолф Метфесел (1807–1878), композитор
- Ернст Метфесел (1811–1886), композитор
- Џон (Јохан) Август Реблинг (1806–1869), градежен инженер
- Фридрих Август Штилер, архитект
Галерија
уреди-
Градските бедеми
-
Холцштрасе
-
Кулата на градската црква
-
Железничката станица
Наводи
уреди- ↑ „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)
- ↑ „Thüringer Landesamt für Statistik“. statistik.thueringen.de. Посетено на 2020-06-26.
- ↑ Eingliederungsvertrag Weinbergen. ID-Nr. 423739. Архивирано на 15 јануари 2019 г. In: muehlhausen.de, 12. März 2018 (PDF; 109 kB).
- ↑ „Pressemitteilung - Aktuelles - Bürger und Stadt - Mühlhausen“. www.muehlhausen.de. Архивирано од изворникот на 2021-04-12. Посетено на 2020-06-26.
- ↑ Christoph Wolff, et al. "Bach." Grove Music Online. Oxford Music Online. 19 мај 2010 <[1]>.
- ↑ Gemeinderatswahl 2019 in Hildburghausen In: wahlen.thueringen.de,
- ↑ „Johannes Bruns (SPD) ist neuer OB in Mühlhausen“. thueringer-allgemeine.de. 2012-04-22. Посетено на 2016-10-21.
- ↑ „Johannes Bruns für weitere sechs Jahre als Mühlhausens Oberbürgermeister gewählt“. thueringer-allgemeine.de. 2018-04-16. Посетено на 2018-06-09.
Надворешни врски
уреди„Милхаузен“ на Ризницата ? |
Википатување има туристички водич за Милхаузен. |
- Официјална страница
- Страница на округот
- Национален парк Хајних
- Туризам Тирингија Архивирано на 7 февруари 2006 г.
- Chisholm, Hugh, уред. (1911). . Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press.
- . Нова Колиерова енциклопедија. 1921. (англиски)