Фуга (музика)
Фуга (од латински: fuga = „бегство“) е композициски принцип во музиката, што се постигнува со нижење на музички имитации. Фугата може да биде единствен композициски принцип во музичкото дело, но структурите направени во согласност со овој принцип може да бидат вклучени во други музички форми, како што се кантата, миса, концерт или увертира.
Терминот фуга се користел уште во 14 век за да се одбележи музичкиот канон, а подоцна и имитациите. Своето сегашно значење фугата го добила во текот на 17 век. Во ерата на високиот барок, фугата стана посебна музичка форма.
Одлика на фугата е комплексна работа на музичкиот мотив. Таа започнува со експозиција во првиот глас, кој вториот глас го повторува за квинта повисоко или за кварт подолу. Другите гласови се воведуваат на сличен принцип. Најчесто ги има три или четири. Фугите со два музички мотива се наречени „двојни фуги“ (исто така има и тројни, четворни).
Најголемиот мајстор на компонирањето фуги бил Јохан Себастијан Бах.
Во времето по барокот, фугата се сметала за застарена музичка форма. Некои од композитори од поново време кои компонирале фуги, се: Феликс Менделсон (прелудиуми и фуги, опус 37), Жорж Бизе (шест фуги), Дмитриј Шостакович (24 прелудиуми и фуги за клавир, опус 87).
Музички пример
уреди- ⓘ (Јохан Себастијан Бах)
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Фуга (музика)“ на Ризницата ? |