Арнштат
Арнштат (нарекуван и Бахштат, „град на Бах“; германски: Arnstadt или Bachstadt) — град и административно седиште на округот Илм, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Градот се наоѓа во средишниот дел во Тирингија, сместен на реката Гера, околу 20 километри јужно од покраинскиот главен град Ерфурт.
Арнштат
Arnstadt | ||
Портата Рид (лево) и кулата Јакобс се знаменитости на Арнштат | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Тирингија | |
Округ | Илм | |
Градски единици | Градот и 17 места | |
Градоначалник | Франк Шпилинг (независен) | |
Основни податоци | ||
Површина | 104,99 км2 | |
Надм. височина | 288 м | |
Население | 28.124 (31 декември 2022)[1] | |
- Густина | 268 жит/км2 | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | IK | |
Пошт. бр. | 99301–99310 | |
Повик. бр. | 03628 | |
Портал | www.arnstadt.de | |
Местоположба на градот Арнштат во рамките на округот Илм | ||
Координати | 50°50′3″N 10°56′47″E / 50.83417° СГШ; 10.94639° ИГД |
Првпат градот бил споменат во 704 година со што е еден од најстарите градови во Германија освен римските населби. До XVIII век, Арнштат бил резиденција на грофовите од Шварцбург. Од Арнштат потекнува тириншкиот братвурст (1404) и германското пченично пиво, надвор од Баварија (1617). Арнштат е еден од петте градови на Бах во Тирингија.
Арнштат поседува многу добро обновено историско градско јадро со делумно зачуван градски бедем. Поради својата местоположба на северниот раб од Тириншката Шума градот го има прекарот „Портата на Тириншката Шума“. Помеѓу градот и автопатите 4 и 71 се наоѓа една од најголемите индустриски и стопански зони во Тирингија.
Географија
уредиАрнштат се наоѓа на јужниот раб од Тириншката Котлина на околу 300 метри надморска височина и низ него тече Гера. Реката Випфра поминува низ источните градски единици. Ридското подножје на Тириншката Шума ја обележува јужната граница на Арнштат. Највисока точка во градското подрачје е Халскапе со 605 метри на границата со Илменау, додека најниска точка е околу 250 метри во долината на Гера северно од Рудислебен.
Градски единици
уредиПокрај градското јадро, во градот влегуваат следниве места:
|
|
Соседни општини
уредиГрадот се граничи со следниве општини (почнувајќи од север, надесно): Амт Ваксенбург, Алкерслебен, Дорнхајм, Алкерслебен, Беслебен-Вилерслебен, Штатилм, Илменау, Плауе и Гератал.
Клима
уредиГодишно во просек наврнуваат 487 мм, што е една од помалите вредности во цела Германија. Најсув месец е јануари, додека најмногу врнежи има во јуни.
Историја
уредиВо XIV век, Арнштат бил владеен од грофовите на Шварцбург и подоцна станал главен град на Шварцбург-Зондерсхаузен.
Композиторот Јохан Себастијан Бах, чие семејство со генерации живеало во близина на Арнштат, станал оргулар во црквата Свети Бонифациј во 1703 година. Повеќето ученици на Бах верувале дека добро познатата „Токата и Фуке во Д-мол“ била напишана овде помеѓу 1703 и 1709 година.
Политика
уредиГрадски совет
уредиГрадскиот совет на Арнштат е составен од 34 места. Распределбата на местата според последните општински избори на 26 мај 2019 година е следна:[2]
- Про Арнштат: 24,7% / 8 места (±0)
- AfD: 16,8% / 6 места (+6)
- CDU: 16,4% / 6 места (±1)
- ГраѓаниПроект: 12,8% / 4 места (±0)
- LINKE: 12,3% / 4 места (−3)
- SPD: 9,5% / 3 места (−2)
- Grüne: 4,3% / 2 места (+2)
- FDP: 3,2% / 1 место (±0)
Две места на AfD останале непополнети, бидејќи имало само четири кандидати.
Градоначалник
уредиГрадоначалник од 1 јули 2018 година е Франк Шпилинг (независен, предложен од CDU и Про Арнштат).[3]
- Поранешни градоначалници (од 1990 г.)
- 1990–1994 Хелмут Хитнер (CDU)
- 1994–2012 Ханс-Кристијан Келмер (Про Арнштат)
- 2012–2018 Александер Дил (независен)
Збратимени градови
уредиАрнштат е збратимен со следниве градови:
Знаменитости
уредиАрнштат поседува убаво зачуван стар град, кој е претворен во пешачка зона. Некои од неговите вредни градби се црквата на Богородица од XIII век и дворецот од XVIII век.
Познати луѓе
уредиГалерија
уреди-
Музеј во замокот
-
Црквата „Св. Богородица“
-
Црквата на Бах
-
Зградата на окружната управа и кулата Најдек
-
Главната железничка станица
Наводи
уреди- ↑ „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)
- ↑ „Wahlen in Thüringen“. Посетено на 2019-06-11.
- ↑ Thüringer Landesamt für Statistik. „Wahlen in Thüringen“ (германски). Посетено на 2018-08-03.