Дитрих Букстехуде

данско-германско композитор и оргулист

Дитрих Букстехуде или Дитерих Букстехуде (германски: Dieterich Buxtehude; дански: Diderich Buxtehude; најверојатно во 1637 г. во Хелсингборг9 мај 1707 во Либек) — данскогермански оргулар и композитор во барокниот период. Неговите дела за оргули се вбројуваат во стандардниот репертоар на оргулари и често се изведувани на рецитали и црковни служби. Неговиот стил извршил силно влијание на многу композитори, вклучувајќи го Јохан Себастијан Бах. Денес, Букстехуде е сметан за еден од најважните композитори во Германија во средниот барок.[1]

Дитрих Букстехуде
Dieterich Buxtehude
Букстехуде како свири виол на сликата Музичко друштво од Јоханес Форхаут (1674)
Роден(а)Дидерик Хансен Букстехуде
Хелсингборг, Сканија, Данска-Норвешка
Покрстен(а)1637
Починал(а)9 мај 1707(1707-05-09) (возр. 69–70)
Слободен Град Либек, Свето Римско Царство
Занимање
ДелаСписок на композиции
Потпис
Куќата во која израснал Букстехуде во Хелсингер, Данска.

Живот

уреди

Младост во Данска

уреди

Се верува дека е роден под името Дидерик Букстехуде (Diderich Buxtehude).[2] Научниците не се согласни за годината и државата на неговото раѓање, иако најголем дел прифаќаат дека е роден во 1637 година во Хелсингборг, Сканија, во тоа време дел од Данска (денес во Шведска).[3] Неговата посмртница велела дека „ја признава Данска како негова родна земја, од каде дошол; живеел околу 70 години“.[4] Меѓутоа, други, тврдат дека е роден во Олдесло во Војводството Холштајн, кој во тоа време бил дел од Кралството Данска (но сега е во Германија). Подоцна во неговиот живот тој го германизирал името и започнал да се потпишува како Дитерих Букстехуде.[2]

Букстехуде се запознал со оргулите на млада возраст, бидејќи неговиот татко Јоханес Букстехуде, бил оргулар во црквата Св. Олаф во Хелсингер. Дитрих бил вработен како оргулар, првин во Хелсингборг (1657–1658), а потоа во Хелсингер (1660–1668). Црквата Св. Богородица во Хелсингер е единствената црква каде Букстехуде бил вработен, каде сè уште се зачувани оргулите од тоа време.

Либек

уреди

Последното вработување на Букстехуде од 1668 година било во црквата Св. Богородица во Либек, која имала две оргули, голема за големите служби и мала за погреби. Тука го наследил Франц Тундер и во многу ги следил чекорите на неговиот претходник. Се оженил со ќерката на Тунде, Ана Маргарете во 1668 година — била невообичаена практика човек да се ожени со ќерката на неговиот претходник. Букстехуде и Ана Маргарете имале седум ќерки, кои биле крстени во црквата Св. Богородица; меѓутоа, неговата прва ќерка умрела како новороденче. По неговото повлекување како оргулар во црквата Св. Олаф, неговиот татко се приклучил на семејството во Либек во 1673 година. Јоханес умрел една година подоцна, а Дитрих ја компонирал неговата погребна музика. Братот на Дитрих, Петер, бербер, дошол во Либек во 1677 година.[2]

Неговото место во Слободниот царски град Либек му овозможило слободно дејствување во неговата музичка кариера, а неговата автономија била модел за други мајстори како Георг Фридрих Хендл, Јохан Матезон, Георг Филип Телеман и Јохан Себастијан Бах. Во 1673 година преправил низа вечерни музички дела, започнати од Тундер, познати како „Вечерна музика“ (Abendmusik), која привлекла музичари од различни места и останала да се свири во црквата до 1810 година. ВО 1703 година, Хендл и Матезон допатувале да се сретнат со Букстехуде, кој тогаш бил остарен и спремен да се повлече. Им го понудил неговото место во Либек на Хендл и Матезон, но навел дека оргуларот кој ќе го наследи мора да се ожени со неговат најстара ќерка, Ана Маргарета. Обајцата, Хендл и Матезон, ја одбиле понудата и заминале еден ден по нивното пристигнување.[2] Во 1705 година, Ј.С. Бах, тогаш млад човек со 20 години, дошол од Арнштат до Либек (околу 400 километри) и останал скоро три месеци да ја слуша Вечерната музика, да го слушне оргуларот во Либек и како што објаснил Бах „да разбере некои работи за неговата уметност“.[5] Покрај неговите музички должности, Букстехуде, како неговиот претходник Тунде, служел како книговодител на црквата.

Влијание и наследство

уреди

Иако преживеале повеќе од 100 вокални композиции на Букстехуде, малку од нив биле вклучени во важни германски збирки од тој период и до почетокот на XX век, Букстехуде бил главно сметан за композитор на клавијатура. Неговата црковна музика е воспевана за неговите високи музички квалитети.[6]

Дела

уреди
„Wo ist doch mein Freund geblieben?“ (BuxWV 111)

Вокални дела на Букстехуде (BuxWV 1–135):

  • над 100 кантати
  • Пасија „Membra Jesu nostri“ (BuxWV 75)
  • Миса бревис (BuxWV 114)
  • еден ораториум (недостасуваат големи делови)

Дела за оргули (BuxWV 136–225):

  • 42 слободни (токати, прелудиуми, фуги, канцони)
  • 47 хорали

Дела за чембало (BuxWV 226–251):

  • 20 свита
  • 6 варијации

Дела за континуо (BuxWV 252–275)

  • 14 триосонати
  • 10 сонати

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Snyder, Grove.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Snyder, Kerala J. Dieterich Buxtehude: Organist in Lübeck. New York: Schirmer Books, 1987.
  3. Една причина поради која неговиот датум и место на раѓање не се познати е тоа дека записите за раѓање на трите можни места не биле водени во 1630-тите. Dieterich Buxtehude: Organist in Lübeck при Гугл книги. page 3. Boydell & Brewer. ISBN 1-58046-253-7.
  4. Nova literaria Maris Balthici, 1707.
  5. Christoph Wolff, Johann Sebastian Bach: The Learned Musician (New York: W.W. Norton and Company, Inc., 2000), 96.
  6. Webber, Geoffrey. North German Church Music in the Age of Buxtehude. New York: Oxford University Press, 1996.

Надворешни врски

уреди

Партитури

уреди