Напев на Г-жица
Напев на Г-жица (гер. Air auf der G-Saite) е адаптација од германскиот виолинист Август Вилхелми на оркастрално дело од Јохан Себастијан Бах насловено како „Ер“. Делото се свири бавно и слободно, и се одликува со испреплетена хармонија и мелодија.
Историја
уредиИзворното дело е споменатот „Ер“ од Оркестралната свита Бр. 3 во Д-дур, BWV 1068, компонирана за неговиот покровител, Леополд, Принц на Анхалт-Кетен некаде помеѓу 1717 и 1723 г.
Насловот доаѓа од Вилхемиевиот аранжман на делото за виолина и пијано. Со транспозиција на тоналитетот на делото од изворниот Д-дур во Ц-дур и снижување на мелодијата за една октава, Вилхеми можел да го свири ова дело на само една жица од виолината - Г-жицата.
Надворешни врски
уреди- Оркестрални свити: Слободни извори на проектот „Меѓународна музичка библиотека на партитури“ (англиски) (најдолу)
- Панев на Г-жица: Слободни извори на проектот „Меѓународна музичка библиотека на партитури“ (англиски)
- Free typeset Партитура за тромбонски квартет од Cantorion.org
Аудиоснимка
уредиАудиоснимка од 1920 г., во изведба на Џоел Белов (виолина) и Роберт Гејлер (пијано) | |
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Видеоснимка
уреди- Изведба на „Напев на Г-жица“ од виолончелистот Џулијан Лојд Вебер