Виол
(Пренасочено од Виола да гамба)
Виол или виола да гамба — шестжичен музички инструмент кој бил популарен сè до XVIII век кога го потиснала виолината. Не треба да го мешаме со виолата.
Особености
уредиСите инструменти се свиреле со гудало, иако имале прагови како гитарата. Три најголеми виоли, требл, тенор и бас, се држеле меѓу колена (т.н. „виоли за нозе“, од италијански јазик viola da gamba.[1]). Некои делови на виол-бас биле исти како кај виолончелото, на пример, звучни отвори на телото од инструментот во вид на мала латинична буква „-{f}-“, но отворите кај другите виола биле и во форма на латинската буква „с“.[2]
Наводи
уреди- ↑ -{stringed instrument. (2009). In Encyclopædia Britannica, from Encyclopædia Britannica Online}-: -{Encyclopædia Britannica. 2009}-
- ↑ Ардли Нил. 2005. Енциклопедија свезнање: „Музика“. Књига-комерц: Београд. ISBN 86-7712-126-9